ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w94 15/12 стр. 19-22
  • Тест за вашето здравје?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Тест за вашето здравје?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Здравје — по која цена?
  • Какви сили се вклучени?
  • Бидете внимателни!
  • Мускулите — ремек-дело на дизајн
    Разбудете се! 1999
  • Задржи библиско гледиште за здравјето и лекувањето
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Дали христијаните смеат да бараат медицинска помош?
    Одговор на библиски прашања
  • „Проверувајте се самите себе“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
w94 15/12 стр. 19-22

Тест за вашето здравје?

Watch Tower Society не дава препораки ниту, пак, одлучува за поединци во врска со медицински или дијагностички постапки. Меѓутоа, ако некои постапки имаат сомнителни аспекти од гледиште на библиските начела, треба да им се обрне внимание. Тогаш секој може да одмери што е сѐ вклучено и да одлучи како да постапи.

Драги браќа: Би сакала да го знам вашето мислење. Една [општа лекарка] се чини дека има добар успех, но еден нејзин метод ме наведува да се сомневам. . . . Со преглед утврдува во што е проблемот. Потоа, за да види каков лек или колкава количина од него е потребно, става шише со лекови до кожата, во близина на жлездата или органот. Тогаш се обидува да ја спушти подигнатата рака на пациентот. Видот и количината на лекот ги одредува според силата што ѝ е потребна за да ја спушти неговата рака. Објаснувањето е дека електроните се движат како струја преку металниот затворач на шишето со лек што е до делот на телото, и го зајакнуваат. Зарем тоа не е исто како барање на подземни води со рашла?

ОВА писмо од Орегон (САД) се однесува на постапката што некои ја употребуваат за да ги одредат потребите за исхрана, да ги проценат емоционалните проблеми, да ги одредат сеќавањата и да ги решат проблемите од секојдневниот живот. Колку и да е вообичаена оваа постапка, дали сомневањата на жената што го напишала писмото се оправдани?

Здравје — по која цена?

Уште од старо време луѓето се обидувале да сфатат зошто се разболуваат и како да оздрават. Израелците имале предност затоа што знаеле дека се грешници, и имале закони од Бог кои им помагале да избегнат добивање или ширење на разни болести (3. Мојсеева 5:2; 11:39, 40; 13:1-4; 15:4-12; 5. Мојсеева 23:12-14). И покрај тоа, Божјиот народ барал помош и од оспособени лекари во нивното време (Исаија 1:6; 38:21; Марко 2:17; 5:25, 26; Лука 10:34; Колосјаните 4:14).

Каква спротивност во однос на луѓето од древниот Вавилон и Египет! Нивните „лекари“ имале некои лекови што се базирале на природни состојки, но сепак, повеќето од нивните „лекувања“ денес би се нарекле бапско лекување. Еден египетски хиероглифски текст зборува за еден лекар кој лечел слепило со блуткав напиток составен од око на свиња, антимон, пигмент од црвена земја и мед. Оваа смеса се ставала во увото на болниот! Еден древен документ тврди дека ваквото лекување било „навистина извонредно“. Неговата необичност или мистериозност можеби дури и ја зголемувале неговата привлечност.

Вавилонците и Египќаните често повикувале окултни сили.a Свештеникот-лекар можел да побара од пациентот да дише во носниците на овца, верувајќи дека одредена сила, или енергија, може да проструи од пациентот во некое друго суштество и да предизвика некакво дејство. Овцата била убивана и нејзиниот црн дроб наводно можел да ја покаже болеста на пациентот или, пак, да ја претскаже неговата иднина (Исаија 47:1, 9-13; Језекиил 21:21).

Секако, еден богобојазлив лекар во стариот Израел не би користел спиритистички методи. Бог мудро заповедал: „Да не се најде пред тебе човек . . . да претскажува, да гата, или како маѓепсник . . . зашто, секој, што го прави тоа, е гнасен пред Господа“ (5. Мојсеева 18:10-12; 3. Мојсеева 19:26; 20:27). Истото важи и за Божјите христијански слуги денес. Потребно е да се биде претпазлив.

Во последниве години многу луѓе се свртеле кон „алтернативни“ методи за поставување на дијагноза и за спроведување на третмани. Во основа, тоа е област за лична одлука (Матеј 7:1; спореди Римјаните 14:3, 4). Се разбира, би било жално ако некој христијанин стане преокупиран со полемични теми во врска со здравјето до таа мера што тие би ја засениле неговата служба, која е единствен сигурен начин да се спасат животи (1. Тимотеј 4:16). Библијата не вели дека во новиот свет болестите ќе се лечат или, пак, дека совршеното здравје ќе се постигне со медицински третмани, тревки, диети, или со холистичка исхрана. Всушност, потполно оздравување ќе биде постигнато само со простување на гревовите на темел на Исусовата откупна жртва (Исаија 33:24; Откровение 22:1, 2).

Какви сили се вклучени?

За што би можел да размислува еден христијанин кога донесува лична одлука во врска со постапката на тестирање на мускулите што е спомената во уводното писмо?

Некои начини за тестирање на силата или на реакцијата на мускулот се дел од утврдената медицина и затоа малкумина би се сомневале во нивната полноважност. На пример, полиомиелитот може да ги ослаби мускулите, а терапијата за него може да вклучува таканаречена кинезиологија — „проучување на мускулите и на мускулните движења“. Таква кинезиологија се користи и во терапиите за рехабилитација на лица што преживеале мозочен удар. Многу луѓе би го одобриле таквото лекување.

Но, што е со тестирањето на мускулите опишано во писмото на почетокот од оваа статија? Овој вид „кинезиологија“ бил употребен како обид да се дознае дали одредена храна, тревки или витамини, можат да му помогнат или да му наштетат некому. Како што често се практикува, поединецот ја испружува раката, а лекарот ја спушта за да ја испита силата на мускулот. Потоа испитаникот става некоја хранлива состојка или друга материја во устата, на стомакот или во раката. Тогаш мускулите на раката повторно се тестираат. Се тврди дека ако му е потребна таа хранлива состојка, неговата рака ќе биде појака; но ако таа е штетна, мускулите ќе бидат послаби.b

Некои кои го испробале ова, веруваат дека е делотворно и дека дејството се базира на сили коишто се во телото. Расудуваат дека има многу работи кои модерната наука не може да ги објасни, но се случуваат или можат да се набљудуваат. Поради тоа, тврдат дека постојат врски на енергија, или взаемно дејство помеѓу силите и супстанцијата дури и ако лекарот сѐ уште не го открил или, пак, не го прифатил тоа.

Од друга страна, книгата Applied Kinesiology (Применета кинезиологија) наведува: „Понекогаш [книгите] научуваат дека хемиските супстанции, како што е храната, се проценуваат со држење на супстанцијата во рака и со тестирање на мускулите. Но, не постои доказ кој ја покажува веродостојноста на овој вид тестирање. . . . Филозофското гледиште би можело да биде толку силно што предрасудата на лекарот може да спречи да се добие точна информација во процесот на тестирање“. „Испитувачот кој е искусен во рачното тестирање на мускулите може лесно да направи мускулот на испитаникот да изгледа слаб или јак според неговото просудување, со едноставно менување на . . . тестот, и тоа сосема малку.“

Бидете внимателни!

Меѓутоа, некои тестирања на мускулите вклучуваат многу повеќе. Размисли за таканареченото „тестирање со посредник“. Тоа може да се примени во случаи на стари луѓе или бебиња, кои се премногу слаби за да бидат тестирани. Додека посредникот го допира бебето, лекарот ја тестира раката на посредникот. Ова може да се примени дури и на домашни љубимчиња; раката на посредникот се тестира додека неговата шака е положена на шкотски овчар, германски овчар или друго болно љубимче.

Не е наша задача да даваме суд за ваквите постапки, но може да се запрашате: ‚Дали зад овие ефекти стојат сили на телото?‘ Научниците го докажале постоењето на космички зраци, микробранови и различни видови на електромагнетна радијација. Сепак, дали сите суштества, дури и децата и домашните љубимчиња, поседуваат сили што можат да излезат од нив и да предизвикаат некакво дејство при тестирање на некоја друга личност? Вавилонците мислеле дека можат да излезат сили и да делуваат на овца. Може да се запрашате: ‚Верувам ли дека и денес може да се случи нешто слично со луѓето или со животните? Или, пак, дејството може да има некое друго објаснување?‘

Некои лекувачи тврдат дека ги мерат „силите“ на поединецот со такви направи какви што се металните спирали или нишала. Наводно, тие се движат сѐ додека „енергетското поле“ на лекувачот взаемно дејствува со полето на пациентот. Една лекарка и писателка од оваа област, некогашен истражувач, понекогаш поставува дијагноза со употреба на нишало. Таа изјавува дека може да си го претстави и „енергетското поле на човекот“, или разнобојното зрачење за кое се вели дека го опкружува. Тврди дека користи „внатрешна визија“ за да погледне во телото и да види тумори, крвни клетки или микроби, и за да го види минатото.c

Како што беше претходно забележано, мерењето на силите со помош на јачината на раката, се употребувало за тестирање на емоциите. Во една широко распространета книга било речено: „Ако сакате во исто време да изведете и еден мал емоционален тест, гласно запрашајте: ‚Дали имате проблем?‘, и повторно тестирајте. Тоа повремено ќе ја ослаби раката доколу хранливата состојка е штетна“. Некои користат ваков тест „за да ја откријат возраста на која се случила одредена физичка, емоционална или душевна траума“. Исто така се користи и за донесување на ‚да — не‘ одлуки во секојдневниот живот.

Веројатно многумина кои изведуваат вакво тестирање на мускулите (кинезиологија) ќе речат дека нивната постапка се разликува од она што беше опишано досега и дека не е вклучена никаква спиритистичка постапка, или дека не прават емоционални тестирања. Меѓутоа, дали она што го прават сѐ уште се базира на верувањето дека во секое човечко тело има сили кои можат да ги испитаат или да ги видат само одредени луѓе кои тврдат дека имаат посебна моќ?

Христијаните не ги сфаќаат лекомислено ваквите прашања. Бог го советувал Израел: „Нова месечина и сабат, повикување на собир — не можам да поднесам употреба на таинствена сила заедно со величествениот собор“ (Исаија 1:13, НС). Кога нацијата станала отпадничка, тие ‚гатале и правеле магии‘ (4. Царства 17:17; 2. Летописи 33:1-6). Очигледно е дека барале информации преку посебни церемонии, а потоа зборувале нешто „што е таинствено“ (Захарија 10:2, НС).

Некои тестирања на мускулите можат да бидат безопасни, изведени без да му наштетат на пациентот или на лекарот. Сепак, јасно е дека некои можат да имаат таинствени или натприродни аспекти, како што се внатрешни визии, мистериозни зрачења и употреба на нишало. Христијаните не смеат да применуваат таинствени сили. Тие не треба дури ни да експериментираат со нив, затоа што не се љубопитни за длабоките работи на Сатана (Откровение 2:24). Напротив, постои добра причина да бидат претпазливи за сѐ она што се чини дека би можело да биде поврзано со спиритизам, кого Божјата Реч го осудува (Галатјаните 5:19-21).

Самиот лекар е одговорен за она што го прави, и ние немаме намера да прегледуваме и да даваме суд за нечии тврдења или постапки. Дури и да мислиш дека некои од овие постапки навистина вклучуваат таинствена моќ, јасно е дека многумина кои ги испробале, го сториле тоа сосема наивно, со никаква помисла за мешање во спиритизам. Можеби тоа било само одраз на нивната очајничка желба за добро здравје. Сепак, некои кои биле вклучени во вакви постапки, подоцна заклучиле дека било каква можна физичка корист не е вредна за духовниот ризик.

Сепак, секој поединец мора да одлучи што ќе стори во однос на овие лични работи. Меѓутоа, христијаните треба да го запомнат Божјиот совет: „Неразумниот верува на секој збор, а благоразумниот е внимателен на своите чекори“ (Изреки 14:15). Тоа важи и за тврдењата во врска со здравјето.

Сатана е желен да ги одвлече Божјите слуги од вистинското обожавање. Ѓаволот би се радувал кога би можел да го стори тоа така што би ги освоил христијаните, наметнувајќи им други интереси. Тој би бил уште порадосен кога тие би станале воодушевени од работи што се, или се чини дека се таинствени постапки кои би можеле да ги вовлечат во спиритизам (1. Петрово 5:8).

Иако христијаните не се под Мојсеевиот Закон, гледиштето на Јехова Бог кон окултните постапки не е променето. Како што беше забележано претходно, Бог им заповедал на Израелците да не се најде меѓу нив некој „да претскажува, да гата, или како маѓепсник, чародеец, ни гледач на утробата, ниту, пак, што гледа по знаци . . . секој, што го прави тоа, е гнасен пред Господа . . . Биди непорочен пред Господа“ (5. Мојсеева 18:10-13).

Според тоа, колку е мудро за христијаните денес да го имаат на себе „сето оружје Божјо . . . оти нашата борба [е] . . . против поднебесните духови на злобата“! (Ефесјаните 6:11, 12).

[Фусноти]

a Многу луѓе сѐ уште се обраќаат до шамани, врачеви или слични лекувачи. Шаман е „свештеник кој употребува магија за да лечи болести, да го претскаже непознатото и да управува со настаните“. Врачот, односно шаманот, можел да комбинира разни тревки со спиритистички постапки (привикувајќи мистериозни сили). Еден претпазлив, лојален христијанин треба да одбегнува вмешаност во спиритизам, дури и тогаш кога се чини дека тоа овозможува некакво лекување (2. Коринтјаните 2:11; Откровение 2:24; 21:8; 22:15).

b Ова е еден општ опис, но постапката на тестирање може да биде различна. На пример, од испитаникот може да се бара да ги спои палецот и показалецот, а лекарот да се обидува да ги раздвои.

c Таа пишува: „Како се случуваат овие навидум чудотворни настани? . . . Постапката што ја користам се вика полагање на раце, лекување со вера или духовно лекување. Тоа воопшто не е мистериозна постапка, туку е сосема јасна . . . Секој поседува енергетско поле или зрачење што го опкружува и што продира во физичкото тело. Ова енергетско поле е тесно поврзано со здравјето. . . . Високосензитивната перцепција е еден вид на ‚гледање‘ со кој добиваш слика во своите мисли без да ја користиш својата нормална способност на гледање. Тоа не е имагинација. Понекогаш се нарекува видовитост“.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели