ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w95 1/2 стр. 26-29
  • Кој е виновен?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Кој е виновен?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Финансиски тешкотии
  • Разочарување со децата
  • Пропуст да се расте духовно
  • Последното оправдување
  • Соочување со реалноста
  • Како можам да спречам секогаш да бидам обвинуван?
    Разбудете се! 1997
  • Јехова не е виновен
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • „Јас не сум виновен“
    Разбудете се! 1997
  • Зошто секогаш јас сум крив?
    Разбудете се! 1997
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
w95 1/2 стр. 26-29

Кој е виновен?

ПРВИОТ човек, Адам, го вовел трендот. Откако згрешил, му рекол на Бог: „Жената, која ми ја даде Ти, таа ми даде од дрвото, и јас јадев“. Всушност, со други зборови тој велел: „Јас не сум виновен!“ Првата жена, Ева, го сторила истото кога рекла: „Змијата ме измами, и јас јадев“ (1. Мојсеева 3:12, 13).

Така, во градината Едем бил поставен преседанот за човечкото одбивање да ја прифати одговорноста за своите постапки. Дали некогаш си бил виновен за вакво нешто? Кога ќе се појават проблеми, дали веднаш обвинуваш други? Или ја анализираш ситуацијата за да видиш кој е навистина виновен? Во секојдневниот живот е толку лесно да се падне во замката да се обвинуваат други за нашите грешки и да се каже: „Јас не сум виновен!“ Да разгледаме некои вообичаени ситуации и да видиме кон што тежнеат некои луѓе. Што е уште поважно, размисли за тоа, што би сторил ти под истите услови.

Финансиски тешкотии

„Јас не сум виновен. Тоа е поради економијата, нечесните бизнисмени, високите животни трошоци“ — некои можеби ќе кажат кога ќе се најдат во длабоки финансиски проблеми. Но, дали овие фактори се навистина виновни за тоа? Веројатно неизвесни услови ги вовлекле во сомнителни или шпекулативни деловни ризици. Понекогаш лакомоста ја засенува објективноста и луѓето се фаќаат себеси како пливаат во непознати води, станувајќи лесен плен за економските грабливки. Ја забораваат старата изрека која вели: „Ако изгледа премногу добро за да биде вистинито, обично и не е баш толку добро како што изгледа“. Тие се во потрага по совет каков што сакаат да чујат, но кога економските тешкотии ќе станат сурова реалност, тогаш бараат некого да обвинат. За жал, ова понекогаш се случува дури и во христијанското собрание.

Некои биле фатени во замката на немудри, па дури и лажни инвестициони трикови, како што се купување на дијаманти кои не постојат, финансирање на хит телевизиски програми кои брзо се изјаловуваат, или поддржување на изградба на неподвижни имоти кои банкротирале. Претераната желба за богатство може да го ослаби нивното сеќавање на библискиот совет: „А оние, што сакаат да се збогатуваат, паѓаат во искушение, во примки . . . и си навлекоа многу маки“ (1. Тимотеј 6:9, 10).

Недисциплинираното трошење пари може исто така да доведе до финансиска пропаст. Некои мислат дека треба да изгледаат како луѓето од последните модни списанија, да одат на скапи одмори, да јадат во екстравагантни ресторани и да ги купуваат најмодерните „играчки“ за возрасни — спортски коли, чамци, камери, стерео опрема. Секако, со текот на времето некои веројатно ќе бидат во можност да ги поседуваат овие работи преку остроумно планирање и штедење. Сепак, оние кои сакаат да ги стекнат набрзина, можат да се најдат во огромен долг. Ако им се случи тоа, тогаш кој е виновен? Очигледно го игнорирале здравиот совет од Изреки 13:18 (НС): „Оној кој го отфрла воспитувањето, запаѓа во сиромаштија и срам“.

Разочарување со децата

„Старешините се виновни што моето дете ја напушти вистината“, можеби ќе речат некои родители. „Тие не му посветија доволно внимание на моето дете“.

Старешините навистина ја имаат одговорноста да го пасат и да се грижат за стадото, но што е со самите родители? Дали се примерни во покажувањето на плодовите на Божјиот дух во сите свои постапки? Дали семејната студија на Библијата била водена редовно? Дали родителите покажувале ревност во Јеховината служба и им помагале на своите деца да се подготвуваат за тоа? Дали биле внимателни во поглед на друштвото на своите деца?

Исто така, лесно е еден родител да каже за училишната работа: „Наставниците се виновни што мојот син не беше добар во училиштето. Тие не го сакаа мојот син. А и без тоа, училиштето има многу низок стандард“. Но, дали родителот тесно соработувал со училиштето? Дали бил заинтересиран за наставниот план и за предметите на детето? Дали неговите домашни задачи биле плански и дали му била понудена помош кога било потребно? Дали суштинскиот проблем би можел да биде во нечиј став или мрзливост од страна на детето или родителот?

Наместо родителите да го обвинуваат школскиот систем, многу попродуктивно ќе биде ако самите преземат позитивна иницијатива за да се уверат дека нивните деца го имаат исправниот став и дека извлекуваат корист од можностите за учење што им се достапни на училиште.

Пропуст да се расте духовно

Повремено ќе слушнеме како некој вели: „Ќе бев духовно појак, но јас не сум виновен за тоа. Старешините не ми посветуваат доволно внимание. Немам никакви пријатели. Јеховиниот дух не е над ова собрание“. Истовремено, другите во собранието имаат пријатели, среќни се и добро напредуваат духовно; а собранието е благословено со пораст и духовна благосостојба. Па, зошто тогаш некои имаат проблеми?

Малкумина сакаат да бидат блиски пријатели со оние кои покажуваат негативен став и став на приговарање. Остриот, саркастичен јазик и постојаното противење може да биде многу обесхрабрувачко. Бидејќи не сакаат да бидат духовно ослабени, некои можеби ќе го ограничат своето дружење со таквите лица. Сфаќајќи го ова како ладнокрвност од страна на собранието, некој може да започне да мигрира, селејќи се прво во едно, па во друго, па во трето собрание. Како номадските стада од африканските рамници, кои се во постојана потрага по позелени пасишта, така и овие „номадски“ христијани се во постојана потрага по вистинското собрание. Колку порадосни би биле кога, наместо тоа, би гледале на добрите особини кај другите луѓе и кога би се труделе во својот живот попотполно да ги покажуваат плодовите на Божјиот дух! (Галатјаните 5:22, 23).

Некои го прават тоа така што на секој состанок во Салата на Царството вложуваат посебен напор да разговараат со некое друго лице и се трудат искрено да го пофалат за некоја добра работа. Тоа може да биде за примерното однесување на неговите деца, за редовноста на христијанските состаноци, за добро подготвените коментари на студијата на Стражарска кула, за гостољубивоста што својот дом го става на располагање за Собраниската студија на книга и за Состаноците за служба на проповедање, итн. Со тоа што ќе си поставиш за цел да загледуваш под маската на несовршеноста, сигурно ќе откриеш благородни особини кај твоите христијански браќа и сестри. Ова ќе те привлече кон нив и ќе откриеш дека нема да останеш без лојални пријатели.

Последното оправдување

„Тоа е Божја волја“, „Ѓаволот е виновен за тоа“. Веројатно последното оправдување за нашите сопствени грешки е да се обвинува или Бог или Ѓаволот. Вистина е дека Бог или Сатаната можат да влијаат на некои настани во нашиот живот. Меѓутоа, некои веруваат дека скоро сѐ во нивните животи, било добро или лошо, е резултат на интервенција од Бог или од Сатана. Тоа е како ништо од она што им се случило да не е резултат на нивните сопствени постапки. „Ако Бог сака да ја имам таа нова кола, тогаш тој и ќе се погрижи да ја добијам.“

Ваквите луѓе честопати водат неодговорен живот, донесувајќи финансиски и други одлуки врз основа на претпоставката дека Бог ќе ги спаси. Ако нивните немудри постапки резултираат со некоја катастрофа, било економска или некаква друга, тогаш го обвинуваат Ѓаволот. Да се направи нешто набрзина без претходно да се ‚пресмета колку ќе чини‘, а потоа да се обвинува Сатана за грешката или, уште полошо, да се очекува Јехова да интервенира, ќе биде не само дрско туку и спротивно на Писмото (Лука 14:28, 29).

Сатана настојувал да го натера Исус да размислува на тој начин и да не презема одговорност за своите постапки. Во врска со второто искушение, Матеј 4:5-7 известува: „Ѓаволот Го одведе во Светиот град и Го постави на храмовата стреа, и Му рече: ‚Ако си син Божји, скокни долу, зашто во Писмото стои: „На ангелите свои ќе заповеда за Тебе да Те запазат и на раце ќе Те земат за да не Си ја сопнеш некако ногата од камен“‘“. Исус сфатил дека не може да очекува Јехова да интервенира ако тој заземе некој будалест, или самоубиствен начин на постапување. Затоа, тој одговорил: „Напишано е исто така — ‚Не искушувај Го Господа, Твојот Бог‘“.

Оние кои се склони да го обвинуваат Ѓаволот или Бог за своите сомнителни постапки, имаат многу заедничко со оние кои ја следат астрологијата, а кои едноставно ги заменуваат ѕвездите со Бог или со Ѓаволот. Наполно уверени дека скоро сѐ што се случува е вон нивна контрола, тие го превидуваат едноставното начело наведено во Галатјаните 6:7: „Што ќе си посее човекот, тоа и ќе си жнее“.

Соочување со реалноста

Никој нема да оспори дека живееме во еден несовршен свет. Проблемите што ги разгледавме овде се реалност. Луѓето ќе нѐ искористат финансиски. Некои работодавци ќе бидат неправедни. Некои познајници може негативно да влијаат врз нашите деца. На некои учители и училишта им треба подобрување. Понекогаш старешините треба да бидат посрдечни и позаинтересирани. Но, мора да го признаеме и влијанието на несовршеноста, а и тоа дека, како што нагласува Библијата, „целиот свет лежи во зло“. Затоа, не е реално да се очекува дека нашиот пат низ животот секогаш ќе биде рамен (1. Јованово 5:19).

Освен тоа, мора да ја согледаме нашата несовршеност и ограничувањата и да сфатиме дека многупати проблемите се резултат на нашата сопствена неразумност. Павле ги советувал христијаните во Рим: „Му велам на секого од вас да не мисли за себе повеќе отколку што треба да мисли“ (Римјаните 12:3, НС). Овој совет подеднакво се однесува и на нас денес. Кога нешто во животот ќе ни тргне наопаку, нема веднаш да постапиме како нашите претци Адам и Ева и да кажеме: „Јас не сум виновен!“ Наместо тоа, ќе се запрашаме: ‚Што сум можел да сторам поинаку за да го избегнам овој несреќен исход? Дали користев здраво расудување во проблемот и дали барав совет од мудар извор? Дали им дадов до знаење на другиот или на другите кои беа вклучени дека не се виновни, почитувајќи го на тој начин нивното достоинство?‘

Ако ги следиме христијанските начела и ако користиме здраво расудување, ќе имаме повеќе пријатели а помалку проблеми. Многу од непотребно грубите места во нашиот секојдневен живот ќе бидат израмнети. Ќе најдеме радост во нашите односи со другите и нема да се измачуваме со прашањето: „Кој е виновен?“

[Слики на страница 28]

Родителите можат да сторат многу за да им помогнат на своите деца да растат духовно

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели