ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w97 15/2 стр. 3-4
  • Толку многу страдање

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Толку многу страдање
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Исполнети со ‚неволја и штетни работи‘
  • Дел од Божјата намера?
  • Кога повеќе нема да има страдање
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Што вели Библијата?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2017
  • Трето прашање: Зошто Бог дозволува да страдам?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Ако Творецот се грижи, зошто тогаш толку многу страдања?
    Постои ли Творец кој се грижи за тебе?
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
w97 15/2 стр. 3-4

Толку многу страдање

„ЗОШТО сево ова ужасно поединечно и колективно страдање? . . Се верува дека Бог е отелотворение на сета смисла, а сепак постојат толку многу работи кои се бесмислени во овој свет, толку многу бесмислено страдање и неразумни гревови. Дали овој Бог можеби е онаков каков што Ниче го обвинил дека е: деспот, лажго, измамник, џелат?“ (On Being a Christian [За битието на христијанинот] од Ханс Кинг).

Можеш да видиш дека католичкиот теолог Ханс Кинг едноставно изнесува еден проблем што збунува мнозина — зошто еден семоќен Бог полн со љубов дозволува толку многу страдање? Зарем не си ги чул луѓето да поставуваат такво прашање? Секој кој има сочувство жали поради она што Кинг го опишува како „бескраен поток од крв, пот и солзи, болка, тага и страв, осаменост и смрт“. Всушност, тоа е повеќе од поток — поплава од ужас и мака кои го упропастиле животот на милиони луѓе низ историјата (Јов 14:1).

Исполнети со ‚неволја и штетни работи‘

Помисли на страдањето кое доаѓа од војната, болката што ја чувствуваат не само непосредните жртви туку и оние кои се оставени да тажат, како што се родителите и роднините на децата—жртви, вклучувајќи ги и другите со кои брутално се постапувало. „За последниве 10 години“ — неодамна рече Црвениот крст — „во оружените конфликти беа убиени 1,5 милиони деца.“ Црвениот крст известува дека во 1994 година, во Руанда „на брутален и систематски начин беа исклани стотици илјади мажи, жени и деца“.

Исто така, не треба да ја превидиме и болката предизвикана од педофилни изопачени лица. Една ужалена мајка, која рекла дека нејзиниот син извршил самоубиство откако бил злоупотребуван од еден социјален работник за детска грижа, навела: „Човекот кој го злоупотреби син ми . . . на најсистематски, најизопачен начин што воопшто може да се замисли, го уништи и него и извесен број други момчиња“. А како е со ноќните мори поради болката што ја чувствувале жртвите на бездушни убијци или сериски убијци, како оние кои беа фатени во Британија, кои „25 години неказнето киднапирале, силувале, измачувале и убивале“? Се чини дека низ историјата немало граници за тоа што сѐ си нанесувале мажи и жени едни на други во поглед на болката и страдањето (Проповедник 4:1—3).

Кон ова треба да се додаде и страдањето предизвикано од емоционални и телесни болести, како и ужасната болка од тагата што ги пустоши семејствата кога некој сакан предвреме ќе умре. Исто така, тука е и маката што ја чувствуваат жртвите на гладот или на други таканаречени природни катастрофи. Малкумина ќе ја оспорат Мојсеевата изјава дека нашите 70 или 80 години се исполнети со ‚неволја и штетни работи‘ (Псалм 90:10, НС).

Дел од Божјата намера?

Можно ли е, како што тврделе некои, ова непрестајно страдање да е дел од некоја несфатлива Божја намера? Мораме ли да страдаме сега за да го цениме животот ‚во идниот свет‘? Точно ли е дека, како што верувал францускиот филозоф Тајар де Шардан, „страдањето кое убива и предизвикува пропаст е неопходно за едно суштество, за да живее и да стане дух“? (The Religion of Teilhard de Chardin [Религијата на Тајар де Шардан]; нагласено од нас). Секако дека не!

Дали еден обѕирен конструктор намерно би создал една смртоносна околина, а потоа да тврди дека е сочувствителен кога ќе ги избави луѓето од нејзините последици? Тешко! Зошто еден Бог полн со љубов би сторил такво нешто? И зошто Бог допушта страдање? Дали страдањето некогаш ќе заврши? За овие прашање ќе дискутира следнава статија.

[Извор на слика на страница 3]

Фотографија на СЗО од П. Алмаси

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели