ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w97 15/8 стр. 30
  • Прашања од читателите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Прашања од читателите
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Сличен материјал
  • Исусово доаѓање или Исусова присутност — што?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • Божјето име и „Новиот завет“
    Божественото име кое ќе остане засекогаш
  • Што е Масоретскиот текст?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
w97 15/8 стр. 30

Прашања од читателите

Дали еврејскиот лекар од XIV век, Шем-Тоб бен Исак Ибн Шапрут, го препишал тетраграматонот (четирите хебрејски букви на Божјето име) што се наоѓа во хебрејскиот текст на Матеј?

Не, не го препишал. Меѓутоа, овој текст на Матеј 19 пати го употребува хашШе́м (испишано или скратено), како што е истакнато на страница 13 во Стражарска кула од 15 август 1996.

Хебрејското хашШе́м значи „Името“, кое секако се однесува на божественото име. На пример, во Шем-Тобовиот текст во Матеј 3:3 се појавува скратен облик на хашШе́м во еден дел каде што Матеј го цитира Исаија 40:3. Разумно е да се заклучи дека, кога Матеј цитирал некој стих од Хебрејските списи каде што се наоѓа тетраграматонот, тој го вклучил божественото име во своето евангелие. Така, иако Хебрејскиот текст што го изнел Шем-Тоб не го користи тетраграматонот, неговата употреба на „Името“, како во Матеј 3:3, ја поддржува употребата на „Јехова“ во Христијанските грчки списи.

Шем-Тоб го препишал хебрејскиот текст на Матеј во своето полемичко дело Е́вен бо́хан. Но, што било изворот на тој хебрејски текст? Професор Џорџ Хауард, кој обемно ја истражувал оваа работа, сугерира дека „Шем-Тобовиот хебрејски Матеј датира некаде од првите четири века од христијанската ера“.a Други може да не се сложуваат со него околу ова.

Хауард забележува: „Хебрејскиот Матеј што е вклучен во овој текст, се карактеризира особено по своите бројни разлики од канонскиот грчки Матеј“. На пример, според Шем-Тобовиот текст, во врска со Јован, Исус рекол: „Вистина ви велам: меѓу родените од жена не се јавил поголем од Јована Крстител“. Тој ги испушта следните Исусови зборови: „Но најмалиот во царството небесно е поголем од него“ (Матеј 11:11). На еден доста сличен начин, постојат многу разлики меѓу постојниот хебрејски текст на Хебрејските списи и формулацијата на соодветниот текст на грчката верзија Септуагинта. Иако ги признаваме нивните разлики, таквите древни текстови имаат некакво место во компаративната студија.

Како што беше споменато, Шем-Тобовиот текст на Матеј го вклучува „Името“ таму каде што постои добра причина да се верува дека Матеј навистина го користел тетраграматонот. Затоа, од 1950 наваму, Шем-Тобовиот текст беше користен како поддршка за користење на божественото име во Христијанските грчки списи, и тоа сѐ уште се наведува во The New World Translation of the Holy Scriptures​—With References.b

[Фусноти]

a Види и New Testament Studies, том 43, број 1, јануари 1997, страници 58—71.

b Издаден 1984 од Watchtower Bible and Tract Society of New York, Inc.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели