ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w04 15/1 стр. 4-7
  • Ветувања во кои можеш да имаш доверба

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Ветувања во кои можеш да имаш доверба
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ,Ниедно ветување . . . не остана неисполнето‘
  • Гради доверба во Божјите ветувања
  • Сигурни ветувања за Рајот
  • Ние ќе одиме во името на Јехова засекогаш!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
  • Јеховините слуги имаат вистинска надеж
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
  • Што очекува Јехова од нас?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
  • Зошто да ги одржуваш своите ветувања?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
w04 15/1 стр. 4-7

Ветувања во кои можеш да имаш доверба

БОЖЈИОТ пророк Михеј знаел дека ветувањата честопати можат да се покажат како недостојни за доверба. Во негово време, дури и на најблиските пријатели не можело секогаш да им се верува дека ќе си го одржат зборот. Затоа Михеј предупредил: „Немајте надеж на ближниот, не верувајте во пријателот; пред онаа која со тебе ја дели постелата, внимавај да не ја отвориш устата“ (Михеј 7:5).

Дали Михеј дозволил поради оваа жалосна ситуација да стане сомничав во врска со сите ветувања? Не! Тој покажал потполна доверба во ветувањата што ги дал неговиот Бог, Јехова. „А јас“, напишал Михеј, „јас сум загледан кон Господа, чекам на Бог Кој спасува“ (Михеј 7:7).

Зошто Михеј имал таква доверба? Затоа што знаел дека Јехова секогаш си го одржува зборот. Сѐ за што Бог им се заколнал на прататковците на Михеј непогрешливо се исполнило (Михеј 7:20). Тоа што Јехова бил верен во минатото му дало вистинска причина да верува дека Тој ќе го одржи Својот збор во иднина.

,Ниедно ветување . . . не остана неисполнето‘

На пример, Михеј знаел дека Јехова ги избавил Израелците од ропството во Египет (Михеј 7:15). Исус Навин, кој го доживеал тоа избавување, ги охрабрил другите Израелци да имаат вера во сите Божји ветувања. На основа на што? „Знајте и признајте со сето свое срце и со сета своја душа“, ги потсетил Исус Навин, „ниедно од овие ветувања, кои ви ги даде Господ, вашиот Бог, нема да остане [не остана, NW] неисполнето“ (Исус Навин 23:14).

Израелците добро знаеле дека Јехова направил чудесни дела за нив. Го исполнил своето ветување што му го дал на нивниот богобојазлив прататко Авраам дека тој и неговото потомство ќе станат многубројни како ѕвездите и дека ќе ја освојат хананската земја. Јехова, исто така, му рекол на Авраам дека неговите потомци ќе трпат маки 400 години, но дека ќе се вратат во Ханаан „во четвртото поколение“. Сето ова се случило (Битие 15:5—16; Излез 3:6—8).

Израелците биле добредојдени во Египет во деновите на синот на Јаков, Јосиф. Подоцна, Египќаните им наметнале сурова ропска работа, но верно на Божјето ветување, по четири поколенија по влегувањето во Египет, овие потомци на Авраам биле ослободени од египетското ропство.a

Во текот на следните 40 години, Израелците добиле и други докази дека Јехова секогаш ги исполнува своите ветувања. Кога Амаликијците презеле еден напад против Израелците без да бидат предизвикани од нив, Бог се борел за својот народ и го заштитил. Ги задоволил сите нивни материјални потреби во текот на 40-те години патување низ пустелијата и на крај ги населил во Ветената земја. Кога Исус Навин се навратил на тоа како Јехова постапувал во минатото со овие потомци на Авраам, можел со сигурност да каже: „Од сите ветувања што Господ му ги даде на Израелевиот дом ниедно не остана неисполнето. Сѐ се исполни“ (Исус Навин 21:45).

Гради доверба во Божјите ветувања

Како можеш да градиш вера во Јеховините ветувања, како што направиле Михеј и Исус Навин? Па, како стекнуваш доверба во другите? Гледаш да дознаеш колку што можеш повеќе за нив. На пример, можеби ќе видиш колку се доверливи ако ги набљудуваш дали искрено се трудат да си ги исполнат ветувањата. Како што растат твоите сознанија за тие луѓе, постепено стекнуваш доверба во нив. Истото можеш да го направиш и кога станува збор за градењето вера во Божјите ветувања.

Еден начин на кој можеш да го направиш тоа е така што ќе размислуваш за творештвото и за законите што управуваат со него. Научниците ја полагаат својата доверба во ваквите закони, како, на пример, законите што го управуваат начинот на кој една единствена човечка клетка се дели и се множи за да создаде билиони клетки од кои е составено твоето тело. Всушност, законите што управуваат со функционирањето на материјата и енергијата во целиот универзум мора да биле воспоставени од еден апсолутно доверлив Законодавец. Можеш со сигурност да имаш доверба во неговите ветувања, исто како што имаш доверба во законите што управуваат со неговото творештво (Псалм 139:14—16; Исаија 40:26; Евреите 3:4).

За да илустрира колку е доверлив неговиот збор, преку пророкот Исаија, современик на Михеј, Јехова ја употребил точноста на годишните времиња и чудесниот кружен тек на водата. Дождовите доаѓале секоја година. Ја натопувале почвата со што таа станувала погодна за луѓето да сеат семе и да жнеат плодови. Во врска со тоа Јехова рекол: „Како што паѓа дожд и снег од небото непрекинато додека земјата не се напои, не се оплоди и не се зазеленее, за да му даде семе на сејачот и леб за јадење, така Словото што излегува од Мојата уста не се враќа при Мене без плод, туку го прави она што го сакав и ќе го изврши она заради кое го испратив“ (Исаија 55:10, 11).

Сигурни ветувања за Рајот

Со тоа што ќе го испитуваш творештвото можеш да изградиш доверба во Творецот, но потребно е нешто повеќе ако сакаш да дознаеш за ветувањата што се дел од „Словото што излегува од [неговата] уста“. За да ги дознаеш овие ветувања и да можеш да ја положиш својата доверба во нив, треба да ги испиташ божествено инспирираните библиски извештаи во врска со Божјата намера за земјата и со неговите постапки со луѓето (2. Тимотеј 3:14—17).

Пророкот Михеј имал доверба во Јеховините ветувања. Ти имаш на располагање многу повеќе Божји инспирирани извештаи отколку што имал Михеј. Додека ја читаш Библијата и медитираш за неа, и ти можеш да стекнеш вера во исполнувањето на Божјите ветувања. Овие ветувања ги вклучуваат не само природните потомци на Авраам туку и целото човештво. Јехова му ветил на овој богобојазлив патријарх: „Бидејќи ја послуша Мојата заповед, сите народи на земјата ќе бидат благословени преку твоето потомство [семе, NW]“ (Битие 22:18). Примарниот дел од тоа „семе“, или потомство, на Авраам е Месијата, Исус Христос (Галатите 3:16).

Преку Исус Христос Јехова ќе се погрижи благословите да се излеат врз послушното човештво. А што ветил Бог дека ќе направи во наше време? Михеј 4:1, 2 одговара со овие пророчки зборови: „Ќе се случи на крајот на деновите: Гората на Господовиот Дом ќе биде поставена над сите гори, возвишена над сите брегови. Сите народи ќе одат кон неа, многу племиња ќе дојдат и ќе речат: ,Ајде, да се искачиме на Господовата Гора, во Домот на Јакововиот Бог! Тој ќе нѐ научи на Своите патишта, и ќе одиме по Неговите патеки‘“.

Оние што учат за Јеховините патишта ,своите мечеви ги коваат во паличници, а своите копја во српови‘. Секоја склоност за војување исчезнува. Наскоро земјата ќе биде исполнета со чесни луѓе и никој нема да направи да треперат од страв (Михеј 4:3, 4). Да, Божјата реч ветува дека под Царската влада во рацете на Исус Христос, Јехова ќе ја ослободи земјата од сите угнетувачи (Исаија 11:6—9; Даниел 2:44; Откровение 11:18).

Дури и оние што страдале и умреле како последица од човечката побуна против Бог ќе бидат воскреснати со изглед вечно да живеат на земјата (Јован 5:28, 29). Сатана и неговите демони, оние што подбуцнуваат на злоба, ќе ги снема од сцената, а последиците од Адамовиот грев ќе бидат отстранети преку откупната жртва на Исус (Матеј 20:28; Римјаните 3:23, 24; 5:12; 6:23; Откровение 20:1—3). А каква ќе биде судбината на послушните луѓе? Па, тие ќе бидат благословени со вечен живот во совршено здравје на рајска земја! (Псалм 37:10, 11; Лука 23:43; Откровение 21:3—5).

Какви ветувања! Но, можеш ли да имаш доверба во нив? Се разбира дека можеш. Тоа не се ветувања од луѓе кои можеби имаат добри намери но на кои им недостига моќ за да ги исполнат. Тоа се ветувања од Семоќниот Бог, кој не може да лаже и кој „не е бавен во врска со своето ветување“ (2. Петрово 3:9; Евреите 6:13—18). Можеш да имаш потполна доверба во сите ветувања што се содржани во Библијата, зашто нивниот Извор е ,Господ [Јехова, NW], Богот на вистината‘ (Псалм 31:5).

[Фуснота]

a Види Insight on the Scriptures (Увид во Писмото), том 1, страници 911 и 912, издадена од Јеховините сведоци.

[Истакната мисла на страница 6]

„Ниедно од овие ветувања, кои ви ги даде Господ, вашиот Бог, нема да остане [не остана, NW] неисполнето“ (ИСУС НАВИН 23:14).

[Слики на страници 4 и 5]

Јехова ги одржал своите ветувања што им ги дал на Израелците кај Црвеното Море и во пустелијата

[Слики на страница 7]

Јехова го исполнил своето ветување што му го дал на Авраам. Неговото Семе, Исус Христос, ќе му донесе благослови на човештвото

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели