ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w04 1/3 стр. 19-21
  • Како ја покажуваме нашата љубов кон Бог

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како ја покажуваме нашата љубов кон Бог
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Длабоко размислувај со ценење
  • Да го љубиме Јехова со сето свое срце
  • Да го љубиме Јехова со сета своја душа
  • Да го љубиме Јехова со сиот свој ум
  • Да го љубиме Јехова со сета своја сила
  • Сакај го Богот што те сака
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
  • „Сакај го Јехова, својот Бог“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2014
  • Бидете изградени со љубов
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • Како може да му покажеме на Јехова дека го сакаме?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
w04 1/3 стр. 19-21

Како ја покажуваме нашата љубов кон Бог

ДА СЕ негува љубов кон Бог не значи само да се има знаење за него. Како што можат да потврдат Божјите слуги од целиот свет, вистинската љубов кон Бог расте додека ја запознаваме неговата личност и станува уште посилна додека дознаваме што сака тој, што мрази и кои се неговите склоности и барања.

Со љубов, Јехова ни ја дал својата Реч, Библијата, во која се открива себе. Од неа учиме како Јехова постапувал во различни ситуации. Исто како што едно писмо од некој сакан ни причинува големо задоволство, така и Библијата ни носи радост додека гледаме како ни се разоткриваат нови аспекти на Јеховината личност.

Меѓутоа, како што понекогаш можеме да забележиме во нашата јавна служба, тоа што некој учи за Бог нема секогаш да го поттикне да го засака. На извесни неблагодарни Евреи од негово време Исус им рекол: „Вие го истражувате Писмото, зашто мислите дека со негова помош ќе имате вечен живот . . . туку добро знам дека вие во себе немате љубов кон Бог“ (Јован 5:39, 42). Некои со години учат за љубезните дела на Јехова, но нивната љубов кон него е сѐ уште мала. Зошто? Пропуштаат да земат предвид што сѐ е вклучено во она што го учат. Спротивно на тоа, милиони искрени луѓе со кои ја проучуваме Библијата увидуваат дека нивната љубов кон Бог продолжува да расте. Зошто? Бидејќи го следат примерот на Асаф, како што сме направиле и ние самите. На кој начин?

Длабоко размислувај со ценење

Асаф бил решен да негува љубов кон Јехова во своето срце. Тој напишал: „Размислувам во срцето . . . Си спомнувам за Господовите дела, се сеќавам за Твоите древни чудеса. Ги набљудувам [Длабоко размислувам за, NW] сите Твои дела, го разгледувам она што го направи“ (Псалм 77:6, 11, 12). Љубовта кон Бог ќе расте во срцето на оној што длабоко размислува за начинот на кој постапува Јехова, како што размислувал и псалмистот.

Освен тоа, нашиот однос со Јехова ќе се зајакне и ако си спомнуваме на искуствата што сме ги имале од нашата служба за Јехова. Апостол Павле рекол дека ние сме Божји „соработници“, а пријателството што може да расте помеѓу соработниците е нешто посебно (1. Коринќаните 3:9). Кога ја изразуваме нашата љубов кон Јехова, тој го цени тоа и неговото срце се радува (Пословици 27:11). Така, кога бараме помош од Јехова и кога тој нѐ води низ некој проблем, знаеме дека е со нас и нашата љубов кон него се продлабочува.

Меѓу две лица, пријателството се развива кога си ги искажуваат чувствата еден на друг. Слично на тоа, кога му кажуваме на Јехова зошто сме му оддадени, се зајакнува нашата љубов кон него. Ќе увидиме дека размислуваме за зборовите на Исус: „Љуби го Јехова, својот Бог, со сето свое срце и со сета своја душа и со сиот свој ум и со сета своја сила“ (Марко 12:30). Што можеме да направиме за да се погрижиме да продолжиме да го љубиме Јехова со сето свое срце, со сета своја душа, со сиот свој ум и со сета своја сила?

Да го љубиме Јехова со сето свое срце

Библијата се осврнува на фигуративното срце, кое го претставува внатрешниот човек — нашите желби, ставови и чувства. Според тоа, да го љубиме Јехова со сето свое срце значи дека најмногу од сѐ сакаме да му угодиме на Бог (Псалм 86:11). Покажуваме дека имаме таква љубов со тоа што се трудиме нашата личост да биде прифатлива за него. Се трудиме да го имитираме Бог така што ,се гадиме од она што е зло и цврсто се држиме за она што е добро‘ (Римјаните 12:9).

Нашата љубов кон Бог влијае врз нашите чувства во врска со сѐ. На пример, можеби работата на работното место ни е интересна и ни ги окупира мислите, но дали таму ни е срцето? Не. Бидејќи го сакаме Јехова со сето свое срце, ние, пред сѐ, сме министри на Бог. На сличен начин, сакаме да им угодиме на нашите родители, на брачниот другар и на шефот, но ја докажуваме нашата љубов од сѐ срце за Јехова така што пред сѐ сакаме да му угодиме нему. На крајот на краиштата, тој заслужува да биде на прво место во нашето срце (Матеј 6:24; 10:37).

Да го љубиме Јехова со сета своја душа

Во Библијата, зборот „душа“ главно се однесува на нашата комплетна личност и на нашиот живот. Според тоа, да го сакаме Јехова со сета своја душа значи да го користиме својот живот за да го славиме него и за да ја покажеме нашата љубов кон него.

Се разбира, може да имаме и други работи што нѐ интересираат во животот, како, на пример, да научиме да работиме нешто, да водиме бизнис или да подигаме семејство. Но, во исто време, покажуваме дека го сакаме Јехова со сета душа со тоа што ги правиме работите на негов начин и ги задржуваме другите работи на исправното место во нашиот живот, за на тој начин да ,го бараме најнапред царството и Неговата праведност‘ (Матеј 6:33). Обожавање со сета душа, исто така, значи да се биде ревносен. Му покажуваме на Јехова дека го сакаме со тоа што ревносно ја проповедаме пораката за Царството, даваме изградувачки коментари на состаноците или им помагаме на нашите христијански браќа и сестри. Во сѐ продолжуваме да ја ,вршиме Божјата волја со сета душа‘ (Ефешаните 6:6).

Исус покажал дека го сака Јехова со сета душа со тоа што се одрекол од себе. Ја ставил Божјата волја на прво а своите лични потреби на второ место. Исус нѐ повикува да го следиме неговиот пример. Тој рекол: „Ако некој сака да појде по мене, нека се одрече од себеси и нека го земе својот маченички столб и постојано нека ме следи“ (Матеј 16:24, 25). Да се одречеме од себеси значи да се предадеме. Тоа значи дека толку многу го сакаме Бог што сопственоста над себеси ќе му ја предадеме нему, како кога еден Израелец во библиски времиња толку многу го сакал својот господар што се обврзувал да му биде роб засекогаш (Второзаконие 15:16, 17). Тоа што ќе му го предадеме својот живот на Јехова дава уверлив доказ дека го сакаме.

Да го љубиме Јехова со сиот свој ум

Да го сакаме Јехова со сиот свој ум значи дека ги вложуваме сите потребни напори за да ја сфатиме личноста на Јехова, неговите намери и барања (Јован 17:3; Дела 17:11). Ја покажуваме нашата љубов кон Јехова со тоа што ги користиме сите наши умствени способности за да им помагаме и на другите да го засакаат Јехова и со тоа што ја подобруваме нашата вештина на поучување. „Опашајте го својот ум за активност“, поттикнал апостол Павле (1. Петрово 1:13). Исто така, вложуваме напори за да покажеме интерес за другите, особено за другите слуги на Бог. Свесни сме за нивните околности и обрнуваме внимание кога е момент да ги пофалиме или кога им треба утеха.

Му покажуваме на Јехова дека го сакаме со сиот свој ум така што умствено му се подложуваме. Се трудиме да гледаме на работите онака како што гледа тој, да го земеме во обѕир кога донесуваме одлуки и да имаме доверба дека неговиот начин е најдобриот начин (Пословици 3:5, 6; Исаија 55:9; Филипјаните 2:3—7). Но, додека продолжуваме да покажуваме љубов кон Бог, како можеме да ја користиме својата сила?

Да го љубиме Јехова со сета своја сила

Многу млади во христијанското собрание ја користат својата сила за да го фалат Јехова (Пословици 20:29; Проповедник 12:1). Еден начин на кој голем број млади христијани покажуваат дека го сакаат Јехова со сета своја сила е така што учествуваат во пионерската служба, во полновремената служба. Многу мајки учествуваат во оваа служба додека нивните деца се во училиште. Верните старешини кои освен грижата за доброто на своето семејство прават и пастирски посети покажуваат дека го сакаат Јехова со сета своја сила (2. Коринќаните 12:15). Јехова им дава сила на оние што се надеваат на него така што тие можат да ја покажат својата љубов со тоа што го фалат, користејќи ја сета сила што ја имаат (Исаија 40:29; Евреите 6:11, 12).

Љубовта ќе расте ако исправно се негува. Затоа, и понатаму одвојуваме време длабоко да размислуваме. Си спомнуваме што направил Јехова за нас и зошто тој ја заслужува нашата оддаденост. Како несовршени потомци на Адам, никогаш не можеме да бидеме достојни за ,тоа што Бог им го подготвил на оние кои го љубат‘, но можеме да покажеме дека го сакаме Јехова со секое делче од нашата душа. Да продолжиме да го правиме тоа! (1. Коринќаните 2:9).

[Слика на страница 20]

Ја покажуваме својата љубов кон Бог преку дела

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели