Се сеќаваш ли?
Уживаше ли додека ги читаше неодамнешните изданија на Стражарска кула? Тогаш, види дали ќе можеш да одговориш на следниве прашања:
• Што покажува дека Исус имал браќа и сестри?
Библијата го кажува тоа во Матеј 13:55, 56 и во Марко 6:3. Грчкиот збор (аделфос) во овие стихови се користи за да означи „некој вид физичка или законска врска [и] брат или полубрат“ (The Catholic Biblical Quarterly, јануари 1992; 15.12., страница 3).
• Од што се гледа дека војната го сменила својот лик, и кои се честопати коренските причини за тоа?
Во изминативе години, војните што го измачуваат човештвото претежно се граѓански војни — војни помеѓу спротивставени групи граѓани од иста земја. Етничката и племенската омраза, религиозните разлики, неправдата и политичките превирања се некои фактори. Друг фактор е алчноста по моќ и по пари (1.1., страници 3, 4).
• Од каде знаеме дека Исус немал намера христијаните механички да ги повторуваат зборовите од пример-молитвата?
Исус го дал овој пример за молитва во својата Проповед на гората. Околу 18 месеци пред тоа, ги повторил главните мисли од неговите претходни упатства во врска со молитвата (Матеј 6:9—13; Лука 11:1—4). Интересно е тоа што не ја повторил од збор до збор, со што покажал дека не дава некаква литургиска молитва што треба механички да се рецитира (1.2., страница 8).
• По Потопот, каде го нашол гулабот маслиновиот лист што го донел во арката?
Не знаеме колкав бил салинитетот или температурата на потопните води. Но, познато е дека маслиновите дрвја повторно ’ртат дури и откако ќе бидат исечени. Па така, некои дрвја можеби го преживеале Потопот и потоа пуштиле лисја (15.2., страница 31).
• За време на граѓанската војна во Нигерија, додека траела блокадата на Бијафра, на кој начин Јеховините сведоци во таа област добивале духовна храна?
Еден државен службеник добил служба во Европа, а еден друг работел на авионската писта во Бијафра. И двајцата биле Сведоци. Тие ја прифатиле опасната задача да пренесуваат духовна храна во Бијафра со што им помогнале на многу браќа додека да заврши војната во 1970 (1.3., страница 27).
• Што било постигнато со Вестфалскиот мир, и на кој начин била вклучена религијата?
Реформацијата го поделила Светото Римско Царството на три вери — католичка, лутеранска и калвинистичка. Во почетокот на 17 век, биле формирани Протестантската унија и Католичката лига. Потоа, во Бохемија избил верски судир кој прераснал во меѓународна борба за власт. Католичките и протестантските владетели се бореле за политичка превласт и комерцијална добивка. На крајот, се одржале мировни преговори во германската покраина Вестфалија. По речиси пет години, во 1648 бил потпишан Вестфалскиот мировен договор со што бил ставен крај на Триесетгодишната војна и било означено раѓањето на современа Европа како континент на суверени држави (15.3., страници 20—23).
• Кое е значењето на знакот, или името, на „дивиот ѕвер“ — бројот 666?
Овој знак е спомнат во Откровение 13:16—18. Ѕверот се однесува на човечкото владеење, а тоа што ѕверот носи „човечки број“ укажува дека тие влади ја одразуваат грешната човечка состојба. Бројот 6 плус 60 плус 600 покажува дека е сосем недостаточен во Божји очи. Оние што го имаат овој знак ѝ искажуваат чест до степен на обожавање на политичката држава или во неа бараат спасение (1.4., страници 4—7).