ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w05 15/7 стр. 31
  • Прашања од читателите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Прашања од читателите
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
  • Сличен материјал
  • Кој ќе воскресне?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
  • Моќта на надежта во воскресение
    Обединети во обожавањето на единствениот вистинит Бог
  • Силата на надежта во воскресение
    Обожавај го единствениот вистински Бог
  • Што се шеолот и адот?
    Што навистина учи Библијата?
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
w05 15/7 стр. 31

Прашања од читателите

Дали треба да заклучиме дека Соломон, царот на древниот Израел, нема да воскресне затоа што кога остарел му станал неверен на Бог? (1. Цареви 11:3-9).

Иако Библијата ги спомнува имињата на некои верни мажи и жени кои без сомнение ќе бидат воскреснати, таа не кажува конкретно дали ќе воскресне секој чие име е спомнато во неа (Евреите 11:1-40). Меѓутоа, во случајот со Соломон, можеме да добиеме претстава за тоа како ќе просуди Бог ако го споредиме она што му се случило на Соломон кога умрел со она што им се случило на некои други верни луѓе кога умреле.

Во Светото писмо се зборува дека мртвите имаат само две можности — или привремено да не постојат или да бидат засекогаш мртви. Оние за кои е пресудено дека се недостојни за воскресение, се фрлени во „Геена“ или „огненото езеро“, а според Библијата тоа значи вечна смрт (Матеј 5:22; Марко 9:47, 48; Откровение 20:14). Меѓу нив ќе бидат првиот брачен пар, Адам и Ева, предавникот Јуда Искариот и некои што умреле кога Бог извршил суд врз нив, како што се луѓето од времето на Ное и жителите на Содом и Гомор.a Кога умираат, оние што ќе добијат воскресение одат во заедничкиот гроб на човештвото — Шеол или Хадес. Библијата го вели следново за она што ги чека нив во иднина: „Морето ги предаде мртвите кои беа во него, и смртта и Хадесот ги предадоа мртвите кои беа во нив, и тие беа судени поединечно според своите дела“ (Откровение 20:13).

Според тоа, верните лица кои се спомнати во Евреите поглавје 11, се во Шеол, или Хадес, каде што чекаат воскресение. Меѓу нив се Божјите лојални слуги Авраам, Мојсеј и Давид. Сега забележи што вели Библијата во врска со нивната смрт. „А ти“, му рекол Јехова на Авраам, „ќе отидеш при своите татковци во мир; ќе бидеш погребан во добра старост“ (Битие 15:15). На Мојсеј, Јехова му вели: „Еве наскоро ќе починеш со своите татковци“ (Второзаконие 31:16). А за Давид, таткото на Соломон, Библијата вели: „Почина Давид покрај своите татковци, и беше погребан во Давидовиот Град“ (1. Цареви 2:10). Значи, изразот ‚да почине покрај своите татковци‘ е уште еден начин да се каже дека некој отишол во Шеол.

Што се случило со Соломон кога умрел? Библијата го дава одговорот: „Соломон царуваше во Ерусалим над сиот Израел четириесет години. Тогаш Соломон помина [почина, ПСП] кај своите татковци, и беше погребан во Давидовиот Град“ (1. Цареви 11:42, 43). Според тоа, изгледа разумно да се заклучи дека Соломон е во Шеолот, или Хадесот, од каде што ќе биде воскреснат.

Од овој заклучок се подразбира дека е можно да бидат воскреснати и други за кои Библијата конкретно вели ‚тие починаа кај своите татковци‘. Всушност, и за многу од царевите кои го наследиле Соломон е кажано истото, иако не биле верни. Ова не е неразумно, затоа што „ќе има воскресение и на праведните и на неправедните“ (Дела 24:15). Се разбира, со сигурност ќе знаеме кој ќе добие воскресение дури откако ќе воскреснат „сите оние што се во спомен-гробовите“ (Јован 5:28, 29). Затоа, наместо да сме догматични во врска со воскресението на кој и да било поединец од минатото, ние чекаме, со доверба дека Јехова ќе донесе совршена одлука.

[Фуснота]

a Види го англиското издание на Стражарска кула од 1 јуни 1988 на страници 30-31.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели