ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w05 15/10 стр. 8-11
  • Јехова никако нема да те остави

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Јехова никако нема да те остави
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Како да се соочиш со неочекуваното
  • Како да се справиш со емоционалната болка
  • Не запоставувај ги своите духовни потреби
  • Како материјално да го згрижиш своето семејство
  • Религијата — ја избирам јас или моите родители?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Чумата на невработеност
    Разбудете се! 1996
  • Невработеност — зошто?
    Разбудете се! 1996
  • Утеха во тешки времиња
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2016
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
w05 15/10 стр. 8-11

Јехова никако нема да те остави

ХРИСТИЈАНИТЕ во Јудеја имале жестоко противење, и морале да се борат со материјалистичкото гледиште на луѓето во нивната средина. За да ги охрабри, апостол Павле ги цитирал зборовите што Јехова им ги кажал на Израелците кога влегувале во Ветената земја. Павле напишал: „Никако нема да те оставам и воопшто нема да те напуштам“ (Евреите 13:5; Второзаконие 31:6). Ова ветување без сомнение ги зајакнало еврејските христијани од првиот век.

Истото ветување треба да нѐ зајакне и нас да се справиме со тегобните грижи што ги чувствуваме затоа што живееме во ‚критични времиња со кои тешко се излегува на крај‘ (2. Тимотеј 3:1). Ако имаме доверба во Јехова и ако го покажеме тоа со дела, тој ќе нѐ поткрепи дури и кога ни е најтешко. За да видиме како Јехова може да го исполни ова ветување, да поразговараме, на пример, за ситуацијата кога некој ненадејно ќе ја изгуби работата што му е извор на приходи.

Како да се соочиш со неочекуваното

Во светот е сѐ поголем бројот на невработените. Според едно полско списание, невработеноста се смета за „еден од најтешките општествено-економски проблеми“. Индустријализираните земји не се исклучок од ова. На пример, дури и меѓу членките на Организацијата за економска соработка и развој, во 2004 бројот на невработени лица се „зголемил на повеќе од 32 милиони, што е повеќе отколку за време на Големата економска криза во 1930-тите“. Во Полска, Централното биро за статистика навело дека во декември 2003 биле заведени три милиони невработени, што „претставува 18 проценти од работоспособното население“. Еден извор на информации навел дека во 2002 година, стапката на невработеност меѓу африканското население во Јужноафриканската Република достигнала 47,8 проценти!

Ненадејното губење на работното место и неочекуваното затворање на фирмите реално им се закануваат на многу луѓе, вклучувајќи ги и Јеховините слуги. „Времето и непредвидените настани“ го снаоѓаат секого (Проповедник 9:11, NW). Можеме да се најдеме како и ние го велиме истото што го рекол и псалмистот Давид: „Тагите на моето срце, се умножени“ (Псалм 25:17). Ќе успееш ли да се справиш со такви лоши околности? Тие би можеле да влијаат врз твојата емоционална, духовна и материјална благосостојба. Ако не си вработен, би можел ли пак да застанеш на свои нозе?

Како да се справиш со емоционалната болка

„Загубата на работното место потрагично ја доживуваат мажите“, бидејќи по традиција се смета дека тие треба да го прехранат семејството, објаснува психологот Јануш Витржински. Тој вели дека отпуштањето од работа може да биде причина еден маж да „биде обземен од хаосот на сите можни емоции“, од гнев до помирување со ситуацијата. Еден татко што бил отпуштен од работа може да ја изгуби самопочитта и да почне „да се расправа со сите во семејството“.

Адам, христијанин што има две деца, објаснува како се чувствувал кога ја изгубил работата: „Лесно се лутев; сѐ ме нервираше. Нон-стоп, дури и во сон, размислував како да најдам работа и како да ги прехранам децата и жена ми, која исто така сосема неочекувано остана без работа“. Кога Ришард и Мариола, родители со едно дете, го изгубиле изворот на своите приходи, имале голем неисплатен долг во банката. Мариола раскажува: „Постојано се секирав, совеста ми велеше дека згрешивме што го зедовме тој кредит. Постојано си мислев дека јас бев виновна за сѐ“. Кога сме соочени со такви ситуации, лесно може да се почувствуваме лути, вознемирени или огорчени, а нашите емоции можат да нѐ совладаат. Тогаш, како можеме да ги контролираме негативните емоции што ќе ни се појават?

Библијата ни дава убав совет за тоа како да задржиме позитивен став. „Не бидете тегобно загрижени за ништо“, опоменал апостол Павле, „туку во сѐ со молитва и преколнување заедно со благодарење објавете му ги своите молби на Бог; и мирот Божји, кој ја надминува секоја мисла, ќе ги чува вашите срца и вашите умствени сили преку Христос Исус“ (Филипјаните 4:6, 7). Тоа што ќе му се обратиме на Јехова во молитва ќе ни даде ‚мир Божји‘, смиреност во мислите затоа што имаме вера во него. Сопругата на Адам, Ирена, вели: „Во нашите молитви му кажавме на Јехова во каква ситуација сме и дека би сакале да водиме уште поедноставен живот. Мојот сопруг, кој обично брзо се вознемируваше, почна да верува дека ќе се најде решение“.

Ако и ти неочекувано си го загубил работното место, можеш да го примениш советот што Исус Христос го дал во Проповедта на гората: „Престанете тегобно да се грижите за својата душа, што ќе јадете или што ќе пиете, или за своето тело, што ќе облечете . . . Така, продолжете да го барате најнапред царството и Неговата праведност, а сите овие други работи ќе ви се додадат“ (Матеј 6:25, 33). Ришард и Мариола го примениле овој совет кога требало да се справат со своите емоции. „Мојот сопруг постојано ме тешеше и упорно ми велеше дека Јехова нема да нѐ напушти“, вели Мариола. Нејзиниот сопруг ја дополнува: „Со тоа што постојано се молевме заедно, се чувствувавме поблиски со Бог и станавме поблиски еден со друг, а тоа ни ја даде потребната утеха“.

И Божјиот свет дух ќе ни помогне да излеземе на крај со ситуацијата. Самосовладувањето, кое светиот дух може да го создаде во нас, ќе ни помогне да останеме смирени (Галатите 5:22, 23). Можеби нема да биде лесно, но можно е, затоа што Исус ветил дека „Таткото на небото ќе им даде свет дух на оние кои го молат“ (Лука 11:13; 1. Јованово 5:14, 15).

Не запоставувај ги своите духовни потреби

Неочекуваното отпуштање од работа може во почетокот да го обесхрабри дури и најурамнотежениот христијанин, но ние не смееме да ги запоставиме нашите духовни потреби. Да поразговараме малку за 40-годишниот Мојсеј, чиј живот сосема се сменил кога ја изгубил положбата меѓу аристократската класа и морал да стане овчар, работа што Египќаните ја презирале (Битие 46:34). Мојсеј морал да се привикне на новите околности. Во следните 40 години, дозволил Јехова да го обликува и да го подготви за новите задачи што го чекале (Излез 2:11-22; Дела 7:29, 30; Евреите 11:24-26). И покрај тоа што наидувал на тешкотии, Мојсеј првенствено мислел на духовните работи, спремно прифаќајќи ја обуката од Јехова. Никогаш да не дозволиме поради лошите околности да ги ставиме во заден план духовните работи!

Иако може да доживееме вистинска траума кога ненадејно ќе ја изгубиме работата, тоа е добра прилика да го зајакнеме нашето пријателство со Јехова Бог и со неговиот народ. Адам, за кого веќе зборувавме, го мислел истото. Тој вели: „Кога и јас и жена ми останавме без работата, ни на крај памет не ни падна да отсуствуваме од христијанските состаноци или помалку да одиме во делото на проповедање. Таквиот став нѐ заштити од преголемата загриженост за иднината“. И Ришард мисли нешто слично: „Да не беа состаноците и службата, никогаш немаше да можеме да излеземе накрај; сигурно ќе пукневме од грижи. Духовните разговори со другите се охрабрувачки, бидејќи ни го свртуваат вниманието од нашите на нивните потреби“ (Филипјаните 2:4).

Да, наместо да се грижиш за тоа како ќе најдеш работа, потруди се да го користиш за духовни активности додатното слободно време што го имаш, со тоа што ќе проучуваш, ќе учествуваш во собраниските активности или ќе ја зголемиш својата служба. Наместо да нема што да правиш, ќе бидеш ‚обилно вработен во делото Господово‘ — кое ќе те радува и тебе и сите искрени лица што реагираат на пораката за Царството што ја проповедаш (1. Коринќаните 15:58).

Како материјално да го згрижиш своето семејство

Меѓутоа, духовната храна нема да го наполни празниот стомак. Треба да мислиме на следново начело: „Навистина, ако некој не се грижи за своите, а особено за своите домашни, тој се одрекол од верата и полош е од оној без вера“ (1. Тимотеј 5:8). „Иако браќата во собранието веднаш ни доаѓаат на помош за нашите физички потреби“, искрено вели Адам, „како христијани, ние имаме обврска да бараме работа.“ Можеме да сметаме на помошта од Јехова и од неговиот народ, но не треба да заборавиме дека ние треба да направиме нешто за да си најдеме работа.

Што треба да направиме? „Не чекај на Бог со скрстени раце, надевајќи се на чудо“, објаснува Адам. „Кога бараш работа, не колебај се да кажеш дека си Јеховин сведок. Работодавците обично го ценат тоа.“ Ришард го дава следниов совет: „Прашувај го секого што знае каде има слободни работни места, постојано распрашувај се во бирото за вработување, читај огласи како овие: ‚Барам жена што ќе се грижи за болен‘; или ‚Сезонска работа: берба на јаготки‘. Упорно барај! Не биди премногу избирлив, дури и ако треба да сработиш нешто што не се цени многу или нешто што не ги исполнува твоите очекувања и желби“.

Да, ‚Јехова е твој помошник‘. Тој ‚никако нема да те остави и воопшто нема да те напушти‘ (Евреите 13:5, 6). Не треба премногу да се секираш. Псалмистот Давид напишал: „Предај Му ги на Господа своите патишта, надевај се на Него, и Тој ќе води сѐ“ (Псалм 37:5). ‚Да му ги предадеме своите патишта на Јехова‘ значи да се потпираме на него и да правиме сѐ онака како што ќе рече тој, дури и кога изгледа дека околностите не ни се наклонети.

Адам и Ирена успеале да се прехранат со тоа што бришеле прозорци и чистеле скали, и штедливо ги трошеле парите кога пазарувале. Исто така, редовно оделе во бирото за вработување. „Помошта ни доаѓаше баш тогаш кога ни требаше“, забележува Ирена. Нејзиниот сопруг додава: „Времето покажа дека нашите молитви не беа секогаш во склад со Божјата волја. Од тоа научивме да се потпираме на неговата мудрост и да не постапуваме според нашето разбирање. Подобро е смирено да чекаме на решението што ќе го пронајде Бог“ (Јаков 1:4).

Ришард и Мариола често наоѓале привремена работа, но во исто време сведочеле на подрачја каде што имало поголема потреба. „Работата што ни требаше ја добивавме баш тогаш кога немавме веќе ништо за јадење“, вели Ришард. „Одбивавме добро платени работни места што ќе нѐ спречуваат во теократските одговорности. Повеќе сакавме да чекаме на Јехова.“ Тие се сигурни дека Јехова ги водел работите за да можат да најдат стан за кој ќе плаќаат пониска кирија, а Ришард конечно нашол работа.

Не е лесно да се изгуби работата со која се заработува за живот, но зошто не гледаш на тоа како на прилика лично да искусиш дека Јехова никогаш нема да те напушти? Јехова се грижи за тебе (1. Петрово 5:6, 7). Преку пророкот Исаија, тој ветил: „Не обрнувај се исплашено, зашто Јас Сум твој Бог. Јас те крепам и ти помагам“ (Исаија 41:10). Никогаш не дозволувај да те исфрли од колосек некој неочекуван настан, вклучувајќи ја и загубата на работното место. Направи сѐ што можеш, а потоа остави сѐ во Јеховини раце. Чекај на Јехова „трпеливо“ (Плач Еремиин 3:26). Тој богато ќе те награди (Еремија 17:7).

[Слика на страница 9]

Користи го времето за духовни активности

[Слики на страница 10]

Научи се да бидеш штедлив, и не биди премногу избирлив кога бараш работа

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели