ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w06 15/2 стр. 31
  • Прашања од читателите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Прашања од читателите
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
  • Сличен материјал
  • Законско потврдување на нашето право да проповедаме
    Божјето Царство владее!
  • Дали во геената луѓето се мачат во оган?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Врховниот суд донесува пресуда во корист на слободата на говорот
    Разбудете се! 2003
  • Содржина
    Разбудете се! 2003
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
w06 15/2 стр. 31

Прашања од читателите

На кои три опасности предупредил Исус во Матеј 5:22?

Во својата Проповед на гората, Исус Христос ги предупредил своите следбеници: „Јас ви велам дека секој кој постојано се гневи на својот брат, ќе одговара пред суд; а кој му се обраќа на својот брат со неизговорлив збор на презир, ќе одговара пред Врховниот суд; додека оној кој ќе рече: ‚Презрена будало!‘ — ќе биде подложен на огнена Геена“ (Матеј 5:22).

Исус употребил работи што им биле познати на Евреите — суд, Врховен суд и огнена Геена — за да им укаже дека, колку е посериозен гревот, толку е построга и казната.

Како прво, Исус рекол дека секој што постојано се гневи на својот брат ќе одговара „пред суд“, односно месниот суд. Според традицијата, вакви судови биле основани во градови каде што имало најмалку 120 возрасни мажи (Матеј 10:17; Марко 13:9). Судиите на еден таков суд имале власт да донесуваат пресуди, дури и во случаи кога се работело за убиство (Второзаконие 16:18; 19:12; 21:1, 2). Според тоа, Исус покажал дека едно лице прави сериозен грев ако упорно продолжува да има непријателски став кон својот брат.

Потоа Исус рекол дека едно лице кое „му се обраќа на својот брат со неизговорлив збор на презир, ќе одговара пред Врховниот суд“. Грчкиот збор рха-ка‘, преведен со „неизговорлив збор на презир“, значи „празно“ или „празноглаво“. Според The New Thayer’s Greek-English Lexicon of the New Testament, овој збор „Евреите во времето на Христос го користеле како израз на презир“. Значи, Исус предупредил дека е многу сериозно ако некој покаже омраза кон својот ближен со тоа што ќе употреби навредлив израз. Исто така, Исус рекол дека оној што ќе употреби таков израз ќе биде суден не само од месниот суд туку и од Врховниот суд, комплетниот Синедрион — судското тело во Ерусалим составено од главен свештеник и 70 старешини и книжници (Марко 15:1).

На крајот, Исус објаснил дека ако едно лице му се обрати на некој друг со зборовите: „Презрена будало!“, ќе заслужи огнена Геена. Зборот „Геена“ доаѓа од хебрејските зборови гех хин-ном‘, што значат „долината Хином“, која се наоѓала западно и јужно од древниот Ерусалим. Во времето на Исус, оваа долина станала место каде што се горело ѓубрето, како и телата на тешките криминалци, за кои се сметало дека не заслужуваат пристоен погреб. Значи зборот „Геена“ бил соодветен симбол за потполно уништување.

Тогаш, што значи изразот „презрена будало“? Зборот што е употребен тука е сличен со хебрејскиот израз што значи „непослушен“, или „бунтовен“. Со него еден човек се означувал како морално безвреден, отпадник и бунтовник против Бог. Според тоа, кога некој би му рекол на својот ближен „презрена будало“, би било слично како да рекол дека неговиот брат треба да ја добие казната што ја заслужува еден бунтовник против Бог, т.е. вечно уништување. Од Божја гледна точка, оној што ќе изрече таква осуда против некој друг, би можел самиот да ја заслужи истата строга казна — вечно уништување (Второзаконие 19:17-19).

Затоа, за своите следбеници Исус поставил уште повисоки мерила од оние што се наоѓаат во начелата на кои се темели Мојсеевиот закон. Иако луѓето сметале дека еден убиец треба да „одговара пред суд“, Исус отишол уште подалеку. Тој поучувал дека неговите следбеници не смеат ниту да чуваат во себе непријателски чувства кон своите браќа (Матеј 5:21, 22).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели