ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w06 1/7 стр. 17-19
  • Тие со радост ја вршат Божјата волја

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Тие со радост ја вршат Божјата волја
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Охрабрени да се подложат на Јеховината волја
  • Да се врши Јеховината волја со проповедањето
  • Дипломците на Гилеад охрабрени да „почнат да копаат“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Мотивирани да служат
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • Тие се ставаат на располагање
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
  • Школата Гилеад — 50 години стара, а сѐ појака
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
w06 1/7 стр. 17-19

Тие со радост ја вршат Божјата волја

ИСУС им дал пример на сите христијани со тоа што го молел својот Татко: „Нека не биде мојата волја, туку твојата“ (Лука 22:42). На ваков понизен начин, милиони слуги на Бог ја покажуваат својата подложност кон него. Меѓу нив се 52 дипломци од 120-тиот клас на мисионерската школа Гилеад. На 11 март 2006 година, сите од класот се радуваа што ќе ја вршат Божјата волја во различни земји, дури и во тешки околности.

Што ги мотивира тие дипломци да дозволат Јеховината волја да ги води во животот? Крис и Лесли, кои добија задача да служат како мисионери во Боливија, го велат следново: „Бидејќи сме се одрекле од себе, сакаме да се ставиме на располагање да правиме сѐ што е поврзано со Јеховината организација“ (Марко 8:34). Џејсон и Шер, кои се испратени да служат во Албанија, додаваат: „Секоја задача што сме ја добиле од Јеховината организација носи свои предизвици. Меѓутоа, сме се увериле дека Јехова ја заслужува нашата целосна доверба“.

Охрабрени да се подложат на Јеховината волја

Џорџ Смит, член на бетелската фамилија, кој служи во графичкиот оддел, ја започна со молитва програмата на промоцијата. Стивен Лет, член на Водечкото тело на Јеховините сведоци и претседавач на програмата, им изрази добредојде на сите присутни. Во Образовниот центар Патерсон, Њујорк, дојдоа гости од 23 земји за да присуствуваат на овој радосен настан. Брат Лет им рече на дипломците дека ќе направат „едно многу моќно дело“. Тој зборуваше за „силно утврдени нешта“ — како што се лажните доктрини — што новите мисионери ќе можат да ги урнат со моќта на Светото писмо (2. Коринќаните 10:4, 5). Потоа заклучи: „Колку ќе бидете радосни што Јехова ќе ве користи да ги урнете силно утврдените нешта кај искрените луѓе што ќе ги сретнете на своето подрачје!“

Харолд Џексон, член на персоналот на главното седиште, зборуваше на темата: „Неколку работи што не треба да ги заборавиме“. Тој рече дека новите мисионери никогаш не треба да заборават ‚да го бараат најнапред царството и Божјата праведност‘ (Матеј 6:33). Треба да имаат на ум дека „љубовта изградува“ и дека е сигурен клуч за успех (1. Коринќаните 8:1). Тој рече: „Врз вашите постапки со другите најмногу нека влијае љубовта“.

Потоа, Џефри Џексон, член на Водечкото тело што служеше како мисионер од 1979 до 2003 година, ги праша дипломците: „Дали ја извршувате својата одговорност?“ Тој нагласи дека треба да имаме урамнотежено гледиште за себе и за службата. Христијаните имаат одговорност напорно да работат на тоа да го садат и да го залеваат семето на вистината. Меѓутоа, за духовниот раст е одговорен Јехова, бидејќи ‚Бог е тој кој прави да расте‘ (1. Коринќаните 3:6-9). Брат Џексон додаде: „Во Јеховини очи, вие сте одговорни да останете духовно јаки. Но, која е вашата најголема одговорност? Да го сакате Јехова и да ги сакате луѓето на кои ќе им служите“.

Инструкторот Лоренс Боуен ја разгледа темата: „Научи како да се однесуваш“. Тој ги потсети мисионерите дека Јехова со чудо ги водел и ги штител Израелците додека биле во пустината (Излез 13:21, 22). Тој нѐ води и нѐ штити и нас денес, делумно преку собранието од помазани христијани, кое е „столб и потпора на вистината“ (1. Тимотеј 3:14, 15). Новите мисионери треба да ја бранат вистината, која им дава водство и заштита на понизните.

Валас Ливеранс, друг инструктор на Гилеад, ги поттикна дипломците да не ја заборават Божјата реч што е „зад“ нив. Божјата реч е зад нас во таа смисла што Библијата била завршена пред многу векови. Како пастир што довикува зад стадото овци, Јехова е зад својот народ, давајќи му водство преку „верниот и разборит роб“ (Исаија 30:21; Матеј 24:45-47). Школата Гилеад им помогна на дипломците да стекнат уште поголемо ценење за ‚робот‘. Тој роб се погрижи дури и да го добиеме Преводот Нов свет на Светото писмо. Говорникот ги охрабри дипломците: „Земете го ова скриено богатство од информации и користете го за да ги поучувате другите“ (Матеј 13:52).

Да се врши Јеховината волја со проповедањето

Во говорот „Ревносни да ја објавиме добрата вест“, инструкторот Марк Нојмар истакна некои искуства што ги имале дипломците во службата на проповедање додека траеше школата Гилеад (Римјаните 1:15). Од интервјуата со дипломците можеше да се види дека тие навистина биле ревносни и спремни да проповедаат во секоја прилика.

Дипломците добија додатно охрабрување од едно интервју што го водеше Кенет Флодин со тројца патувачки надгледници, кои сега служат во Соединетите Држави. Ричард Келер и Алехандро Лакајо, кои во минатото служеа во Јужна и во Средна Америка, објаснија како се справувале со различни тешкотии и раскажаа за некои благослови што ги доживеале додека служеле како мисионери. Моасир Фелисбино раскажа каква обука добил додека соработувал со мисионерите во Бразил, каде што пораснал.

Интервјуто со тројцата искусни мисионери Роберт Џоунс, Вудворт Милз и Кристофер Слеј го водеше Дејвид Шафер. Овие тројца браќа раскажаа како научиле да постапуваат со доверба во Јехова кога имале неволји. Тие го уверија класот дека обуката што ја добиле од Јеховината организација добро ги подготвила за нивните мисионерски задачи. Брат Милз накратко го кажа тоа со овие зборови: „Не ми помогна најмногу теоријата што ја учевме на Гилеад, туку понизноста и љубовта на кои ме научи оваа Школа“.

Гај Пирс, член на Водечкото тело, го изнесе главното предавање со наслов: „Јехова никогаш нема да направи пропуст“. Адам направил пропуст, но дали тоа значело дека и Бог направил пропуст? Дали Бог не го создал Адам совршен, како што велат некои? Воопшто не, бидејќи „вистинскиот Бог ги направил луѓето чесни“ (Проповедник 7:29, NW). Тоа што Исус останал верен во најголемиот испит на Земјата било доказ дека „Адам немал изговор, немал причина да направи пропуст“, рече говорникот. Испитот на послушност на кој се нашол Адам во градината Еден бил многу полесен од испитот што успешно го положил Исус. Сепак, Адам направил пропуст. Но, Јехова никогаш нема да направи некаков пропуст. Неговата намера ќе се исполни (Исаија 55:11). Брат Пирс им рече на новите мисионери: „Имате привилегија да му оддавате чест на Јехова со својот самопожртвуван дух. Јехова нека биде со сите вас, сеедно каде ќе му служите како мисионери!“

Откако брат Лет, кој беше претседавач, пренесе поздрави од различни подружници на Јеховините сведоци, им ги врачи дипломите на дипломците и објави во кои земји се испратени. На крајот, Вернон Вајзгарвер, долгогодишен член на бетелското семејство, се помоли за сите присутни.

Откако заврши програмата, сите 6.872 присутни чувствуваа дека таа им ја обнови ревноста да ја вршат Божјата волја (Псалм 40:8). Дипломците Ендрју и Ана рекоа: „Му го ветивме својот живот на Јехова. Му ветивме дека ќе правиме сѐ што ќе побара од нас. И сега, Јехова сака да одиме во Камерун, во Африка“. Тие и другите дипломци од класот едвај чекаат да започнат со кариера што ќе ги исполни со задоволство. Да, тие со радост ја вршат Божјата волја.

[Рамка на страница 17]

ПОДАТОЦИ ЗА КЛАСОТ

Број на застапени земји: 6

Број на земји во кои се испратени: 20

Број на студенти: 52

Просечна старост: 35,7

Просек на години во вистината: 18,3

Просек на години во полновремена служба: 14,5

[Слика на страница 18]

120. клас што дипломираше на Школата Гилеад

Во списокот долу, редовите се нумерирани однапред наназад, а имињата се наведени одлево надесно во секој ред.

1) Рајт С.; Суарес Б.; Крајсант Б.; Давенпорт Л. 2) Џонсон А.; Алај Ш.; Кејди К.; Гереро П.; Асес А. 3) Ортис Л.; Лајл К.; Узета М.; Перес Р.; Бакус К.; Катерина К. 4) Палмер Б.; Ловин Д.; Мекдонахју Џ.; Босток Д.; Бенетатос Л. 5) Џасики М.; Сарафјанос Е.; Штелтер К.; Вајра Р.; Вун Џ.; Прентис К. 6) Давенпорт Х.; Крајсант Х.; Перес М.; Вајра Е.; Суарес А.; Катерина И.; Рајт К. 7) Кејди К.; Мекдонахју Џ.; Ортис М.; Вун Џ.; Алај Џ.; Асес М. 8) Сарафјанос Ј.; Лајл Д.; Узета К.; Штелтер П.; Прентис Г.; Џонсон Е.; Бенетатос К. 9) Палмер Џ.; Џасики В.; Бакус Џ.; Босток С.; Гереро Х. М.; Ловин С.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели