ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w06 15/11 стр. 31
  • Поучи ги твоите деца да даваат коментари

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Поучи ги твоите деца да даваат коментари
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
  • Сличен материјал
  • Фали го Јехова во собранието
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2019
  • Да се храбриме еден со друг на собраниските состаноци
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2023
  • Како најдобро да се подготвиме за состаноците?
    Кој ја врши Јеховината волја денес?
  • Држи го цврсто јавното изјавување на твојата надеж, без да се колебаш
    Нашата служба за Царството 1994
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
w06 15/11 стр. 31

Поучи ги твоите деца да даваат коментари

ПЕРЛА од Мексико се сеќава како, додека била мала, мајка ѝ ѝ помагала да се подготви да даде кратки коментари на состаноците за проучување на Стражарска кула. Сега Перла има петгодишно синче. Како му помага таа? „Најпрво морам јас да ја проучам статијата. Притоа барам пасус што мојот син може да го разбере и да го објасни со свои зборови. Потоа заедно се концентрираме на пасусот што тој го нарекува ‚мојот пасус‘. Му велам да ми го објасни со некој пример од секојдневието. Потоа по неколку пати го пробуваме коментарот. Користиме и предмет со големина на микрофон за да знае како да го држи в рака кога ќе коментира. Многу сум среќна што не поминува состанок без тој да коментира или да крене рака. Најчесто, пред да почне состанокот, оди сам кај водителот и му кажува кој пасус е негов.“

Јенс, старешина што служи во група која зборува на јазикот хинди, има две синчиња, едно двегодишно и едно четиригодишно. Кога тој, жена му и децата заедно се подготвуваат за состанок, користат една метода што Јенс ја научил од своите родители. Тој вели: „Прво ќе видиме кои делови од градивото децата можат да ги разберат, и се трудиме да им кажеме накратко за што се зборува во статијата или да им ги кажеме главните мисли. Потоа им ги поставуваме прашањата што би сакале да ги одговорат на состанокот. Честопати сме изненадени од одговорите што ги даваат сосем природно. Она што ќе го кажат навистина открива што разбрале. Така нивните одговори се личен израз на нивната вера и служат за вистинска фалба на Јехова“.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели