ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w06 1/12 стр. 25-29
  • Што значи да го сакаме својот ближен

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Што значи да го сакаме својот ближен
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Кој е мојот ближен?
  • Што значи да го сакаме ближниот
  • Љубов кон нашите христијански браќа
  • Љубов кон секој поединец
  • Како покажуваме дека го сакаме ближниот како себеси?
  • „Сакај го својот ближен како себеси“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2014
  • Колку е далекосежна твојата љубов?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • Дали ‚го сакаш својот ближен како себеси‘?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
  • Сакај го Богот што те сака
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
w06 1/12 стр. 25-29

Што значи да го сакаме својот ближен

„Сакај го својот ближен како себеси“ (МАТЕЈ 22:39).

1. Како покажуваме дека го сакаме Бог?

ШТО БАРА Јехова од оние што го обожаваат? Со неколку едноставни но длабоки зборови, Исус дал краток одговор. Рекол дека најголемата заповед е да го сакаме Јехова со сето свое срце, душа, ум и сила (Матеј 22:37; Марко 12:30). Како што видовме во претходната статија, љубовта кон Бог значи да му бидеме послушни и да ги држиме неговите заповеди, со што ќе возвратиме на љубовта што ја покажува тој кон нас. На оние што го сакаат Бог не им е тешко, туку им причинува задоволство да ја вршат неговата волја (Псалм 40:8; 1. Јованово 5:2, 3).

2, 3. Зошто треба да обрнеме внимание на заповедта да го сакаме својот ближен, и кои прашања се поставуваат?

2 Исус рекол дека втората најголема заповед е поврзана со првата: „Сакај го својот ближен како себеси“ (Матеј 22:39). Сега ќе ѝ обрнеме внимание на оваа заповед, и тоа со добра причина. Карактеристика на времето во кое живееме е себичната, изопачена љубов. Во својот вдахновен опис на „последните денови“, апостол Павле напишал дека луѓето нема да ги сакаат другите луѓе туку ќе се сакаат себеси, парите и задоволствата. Мнозина ќе бидат „бесчувствителни кон другите“, или како што стои во фуснотата, „без љубов кон членовите на семејството“ (2. Тимотеј 3:1-4). Исус Христос прорекол: „Мнозина... ќе се предаваат едни со други, и ќе се мразат едни со други... Кај мнозина љубовта ќе олади“ (Матеј 24:10, 12).

3 Меѓутоа, забележи дека Исус не рекол дека ќе олади љубовта на секој човек. Отсекогаш имало и секогаш ќе има такви што покажуваат љубов каква што бара и заслужува Јехова. Оние што вистински го сакаат Јехова ќе се трудат да гледаат на другите онака како што гледа Бог. Но, кој е нашиот ближен што треба да го сакаме? Како треба да покажеме љубов кон ближниот? Светото писмо може да ни помогне да најдеме одговор на овие важни прашања.

Кој е мојот ближен?

4. Според 3. Мојсеева 19. поглавје, кого требало да го сакаат Евреите?

4 Кога му рекол на фарисејот дека втората најголема заповед е да се сака ближниот како себеси, Исус мислел на еден конкретен закон што им бил даден на Израелците. Тој закон е запишан во 3. Мојсеева 19:18. Во истото поглавје, на Евреите им било речено дека треба да гледаат како на свои ближни и други луѓе освен нивните сонародници, Израелците. Во 34. стих стои: „Дојденецот што живее меѓу вас нека ви биде како роден Израелец. Сакајте го како самите себе, зашто и вие бевте дојденци во египетската земја“. Значи, дури и со не-Евреите, особено со прозелитите, требало да се постапува со љубов.

5. Како ја сфаќале Евреите љубовта кон ближниот?

5 Но, еврејските водачи што живееле во времето на Исус имале поинакво гледиште. Некои мислеле дека зборовите „пријател“ и „ближен“ се однесуваат само на Евреите, а дека не-Евреите треба да ги мразат. Тие учители велеле дека побожните луѓе треба да ги презираат безбожните. „Во една таква атмосфера“, стои во една книга, „било невозможно да згасне омразата. Напротив, таа имала многу поволни услови да се разгорува“.

6. Кои две работи ги истакнал Исус кога зборувал за љубовта кон ближниот?

6 Во својата Проповед на гората, Исус зборувал на оваа тема и објаснил кон кого треба да постапуваме со љубов. Тој рекол: „Сте чуле дека било речено: ‚Сакај го својот ближен и мрази го својот непријател!‘ А јас ви велам: сакајте ги своите непријатели и молете се за оние што ве прогонуваат, за да бидете синови на својот Татко кој е на небесата, бидејќи тој дава неговото сонце да изгрева над злите и над добрите и да паѓа дожд на праведните и на неправедните“ (Матеј 5:43-45). Овде Исус истакнал две работи. Прво, Јехова е великодушен и услужлив и кон добрите и кон лошите. Второ, ние треба да го следиме неговиот пример.

7. Што учиме од споредбата за ближниот Самарјанин?

7 Во една друга прилика, еден Евреин што добро го познавал Законот го прашал Исус: „Кој е мојот ближен?“ За да одговори, Исус раскажал една споредба во која се зборува за некој Самарјанин што сретнал некој човек, Евреин, кого го нападнале и го опљачкале разбојници. Иако Евреите општо земено ги презирале Самарјаните, овој Самарјанин му ги превил раните на човекот и го однел на безбедно место во една гостилница, каде што можел да закрепне. Што учиме од ова? Нашата љубов кон ближниот треба да ги опфаќа и другите луѓе освен оние што се од нашата раса, националност или религија (Лука 10:25, 29, 30, 33-37).

Што значи да го сакаме ближниот

8. Според 3. Мојсеева 19. поглавје, како требало да се покажува љубов?

8 Љубовта кон ближниот, исто како љубовта кон Бог, не е само чувство — таа вклучува и постапки. Ќе биде добро потемелно да го разгледаме контекстот на заповедта што е запишана во 3. Мојсеева 19. поглавје, со која Божјиот народ е поттикнат да го сака ближниот како себеси. Таму читаме дека Израелците требало да им дозволат на бедните и на дојденците да учествуваат во жетвата. Не смеело да се краде, да се мами ниту да се постапува нечесно. Кога имало судење, Израелците не смееле да бидат пристрасни. Иако требало да го укорат оној што заслужил, јасно им било речено: „Не мрази го својот брат во своето срце“. Овие и многу други заповеди биле содржани во зборовите: „Сакај го својот ближен како самиот себе“ (3. Мојсеева 19:9-11, 15, 17, 18).

9. Зошто Јехова им заповедал на Израелците да се држат настрана од другите народи?

9 Иако Израелците требало да покажуваат љубов кон другите, во исто време требало да се држат настрана од оние што обожавале лажни богови. Јехова предупредил на опасностите и последиците од лошото друштво. На пример, во врска со народите чија територија требало да ја заземат Израелците, Јехова заповедал: „Не склучувај бракови со нив. Својата ќерка не давај му ја на нивниот син и нивната ќерка не земај ја за својот син. Зашто, ќе го одвратат твојот син од мене, па ќе им служи на други богови. И Јехова ќе пламне од гнев против вас и тој брзо ќе те истреби“ (5. Мојсеева 7:3, 4).

10. Од што мораме да се чуваме?

10 Слично, христијаните не се спријателуваат со оние што би можеле да им ја ослабнат верата (1. Коринќаните 15:33). Нам ни е дадена опомената: „Не впрегнувајте се во нееднаков јарем со неверници“, т.е. оние што не припаѓаат на христијанското собрание (2. Коринќаните 6:14). Освен тоа, христијаните се советувани да стапуваат во брак „само во Господарот“ (1. Коринќаните 7:39). Сепак, никогаш не треба да ги презираме оние што не веруваат во Јехова. Христос умрел за грешниците, и многу од оние што некогаш правеле лошо се промениле и се помириле со Бог (Римјаните 5:8; 1. Коринќаните 6:9-11).

11. Кој е најдобар начин да покажеме љубов кон оние што не му служат на Јехова, и зошто?

11 Најдобар начин да покажеме љубов кон оние што не му служат на Бог е да го следиме примерот на Јехова во тој поглед. Иако тој не го сака злото, покажува милост кон сите со тоа што им дава можност да се вратат од својот лош пат и да добијат вечен живот (Езекиел 18:23). Јехова сака „сите да дојдат до покајание“ (2. Петрово 3:9). Негова волја е „најразлични луѓе да се спасат и добро да ја запознаат вистината“ (1. Тимотеј 2:4). Затоа, Исус им дал задача на своите следбеници да проповедаат и да поучуваат и да ‚прават ученици од луѓето од сите народи‘ (Матеј 28:19, 20). Со тоа што учествуваме во ова дело, покажуваме дека ги сакаме и Бог и ближниот, да, вклучувајќи ги дури и нашите непријатели!

Љубов кон нашите христијански браќа

12. Што напишал апостол Јован во врска со љубовта кон нашите браќа?

12 Апостол Павле напишал: „Да им правиме добро на сите, а особено на своите браќа по вера“ (Галатите 6:10). Како христијани, имаме обврска да покажуваме љубов кон оние што ни се соверници — нашите духовни браќа и сестри. Колку е важна оваа љубов? Нагласувајќи ја оваа силна мисла, апостол Јован напишал: „Секој што го мрази својот брат е убиец... Ако некој каже: ‚Го сакам Бог‘, а го мрази својот брат, тој е лажливец. Зашто, кој не го сака својот брат, кого го гледа, не може да го сака Бог, кого не го гледа“ (1. Јованово 3:15; 4:20). Овие зборови се многу силни. Исус Христос ги применил зборовите „убиец“ и „лажливец“ на Сатана Ѓаволот (Јован 8:44). Никогаш не би сакале тие зборови да бидат применети на нас!

13. На кои начини можеме да покажеме љубов кон нашите соверници?

13 Вистинските христијани се ‚поучени од Бог да се сакаат еден со друг‘ (1. Солуњаните 4:9). Ние не треба да се сакаме „ниту со зборови ниту со јазик, туку со дела и со вистина“ (1. Јованово 3:18). Нашата љубов не треба да „биде лицемерна“ (Римјаните 12:9). Љубовта нѐ поттикнува да бидеме љубезни, сочувствителни, да простуваме, да бидеме стрпливи и да не љубомориме, да не се фалиме и да не сме горделиви ниту себични (1. Коринќаните 13:4, 5; Ефешаните 4:32). Таа нѐ тера да си ‚робуваме еден на друг‘ (Галатите 5:13). Исус им рекол на своите ученици да се сакаат еден со друг исто како што тој ги сакал нив (Јован 13:34). Затоа, христијанинот треба да биде спремен да го даде дури и својот живот за своите соверници кога тоа ќе биде потребно.

14. Како можеме да покажеме љубов во семејството?

14 Љубовта особено треба да се види во христијанското семејство, а пред сѐ меѓу мажот и жената. Брачната врска е толку цврста што Павле рекол: „Мажите треба да ги сакаат своите жени како своите тела“. Тој додал: „Кој ја сака својата жена, се сака самиот себе“ (Ефешаните 5:28). Оваа опомена Павле ја повторува пет стиха подолу. Мажот што ја сака својата жена нема да биде како Израелците од времето на Малахија, кои им биле неверни на своите жени (Малахија 2:14). Тој ќе ја цени својата сопруга. Ќе ја сака како што Христос го сакал собранието. Исто така, љубовта ќе ја мотивира жената да го почитува својот маж (Ефешаните 5:25, 29-33).

15. Што биле поттикнати да речат и да направат некои луѓе кога ја виделе на дело нашата братска љубов?

15 Јасно, ваквата љубов е обележје по кое се препознаваат вистинските христијани. Исус рекол: „По тоа сите ќе знаат дека сте мои ученици, ако се сакате еден со друг“ (Јован 13:35). Нашата љубов кон другите ги привлекува луѓето кон Богот што го сакаме и што го претставуваме. На пример, од Мозамбик го добивме следниов извештај во врска со една фамилија Сведоци: „Никогаш не сме виделе такво нешто. Попладнето почна да дува силен ветар, а по него почна да врне пороен дожд и град. Силните ветрови ја уништија нашата куќа од трска и ги однесоа поцинкуваните табли на покривот. Кога нашите браќа од соседните собранија дојдоа и ни помогнаа повторно да си ја изградиме куќата, зачудените соседи ни рекоа: ‚Вашата религија е многу добра. Никогаш не сме добиле ваква помош од нашата црква‘. Ја отворивме Библијата и им ги прочитавме зборовите од Јован 13:34, 35. Многу наши соседи сега ја проучуваат Библијата“.

Љубов кон секој поединец

16. Која е разликата помеѓу тоа да се сака една група луѓе и да се сакаат поединци?

16 Не е тешко да ги сакаме нашите ближни како група луѓе. Меѓутоа, да ги сакаме како поединци може да биде малку потешко. На пример, некои луѓе покажуваат љубов кон ближните само со тоа што даваат донации во некоја добротворна организација. Всушност, многу полесно е да речеме дека го сакаме нашиот ближен отколку да сакаме некој колега кому не му е многу грижа за нас, некој непријатен сосед, или некој пријател што нѐ разочарал.

17, 18. Како покажал Исус љубов кон луѓето како поединци, и од какви мотиви го правел тоа?

17 Како да покажеме љубов кон луѓето како поединци учиме од Исус, кој совршено ги одразувал особините на Бог. Иако дошол на Земјата за да го земе гревот на светот, тој покажал љубов кон луѓето како поединци — болна жена, лепрозен човек, дете (Матеј 9:20-22; Марко 1:40-42; 7:26, 29, 30; Јован 1:29). Слично на тоа, ние покажуваме љубов кон ближните со начинот на кој постапуваме со лицата со кои доаѓаме во контакт секој ден.

18 Но, никогаш не треба да заборавиме дека љубовта кон ближниот е поврзана со љубовта кон Бог. Иако Исус им помагал на сиромашните, ги лекувал болните и ги хранел гладните, мотивите од кои го правел сето тоа и од кои ги поучувал мноштвата биле да им помогне на луѓето да се помират со Јехова (2. Коринќаните 5:19). Исус правел сѐ за Божја слава, и никогаш не заборавил дека го претставува и дека дава слика за Богот што го сака (1. Коринќаните 10:31). Со тоа што ќе го следиме примерот на Исус, и ние можеме да покажеме вистинска љубов кон ближниот, додека во исто време не сме дел од светот од злобни луѓе.

Како покажуваме дека го сакаме ближниот како себеси?

19, 20. Што значи тоа да го сакаме ближниот како себеси?

19 Исус рекол: „Сакај го својот ближен како себеси“. Нормално е да сакаме да ни биде убаво и да имаме извесна мера самопочит. Да не беше така, оваа заповед не би имала некое големо значење. Ваквата исправна љубов кон себеси не треба да се меша со егоцентричната љубов што ја спомнал апостол Павле во 2. Тимотеј 3:2. Наместо тоа, таа претставува разумно чувство за самопочит. Еден библиски изучувач го опишал ова чувство како „урамнотежена љубов кон себеси која не е ниту нарцисоидното ‚јас сум најдобар‘ ниту мазохистичкото ‚јас сум никој и ништо‘“.

20 Да ги сакаме другите како што се сакаме себеси значи да гледаме на нив онака како што сакаме другите да гледаат на нас и да постапуваме со нив онака како што сакаме тие да постапуваат со нас. Исус рекол: „Сѐ што сакате луѓето да ви прават вам, правете им го и вие ним“ (Матеј 7:12). Забележи дека Исус не рекол постојано да размислуваме за она што другите ни го направиле во минатото и потоа да им вратиме со иста мерка. Наместо тоа, треба да мислиме на тоа како би сакале тие да постапуваат со нас, па да правиме и ние така. Исто така, забележи дека Исус не ги ограничил своите зборови на нашите пријатели и браќа. Тој го употребил зборот „луѓето“, можеби за да покаже дека така треба да постапуваме кон сите луѓе, кон секого што го сретнуваме.

21. Што докажуваме кога покажуваме љубов кон другите?

21 Тоа што ќе го сакаме својот ближен ќе нѐ заштити да не направиме нешто лошо. Апостол Павле напишал: „Заповедите од Законот: ‚Не врши прељуба‘, ‚Не убивај‘, ‚Не кради‘, ‚Не посакувај‘, и ако има уште некоја заповед, се содржани во овие зборови: ‚Сакај го својот ближен како самиот себе!‘ Љубовта не му прави зло на ближниот“ (Римјаните 13:9, 10). Љубовта ќе нѐ поттикне да бараме начини да им правиме добро на другите. Со тоа што ги сакаме другите луѓе, докажуваме дека го сакаме и оној што го создал човекот по Својот лик, Јехова Бог (1. Мојсеева 1:26).

Како би одговорил?

• Кого треба да го сакаме, и зошто?

• Како можеме да покажеме дека ги сакаме оние што не му служат на Јехова?

• Како ја опишува Библијата љубовта што треба да ја чувствуваме кон нашите браќа?

• Што значи тоа да го сакаме ближниот како себеси?

[Слика на страница 26]

„Кој е мојот ближен?“

[Слика на страница 29]

Исус покажувал љубов кон луѓето како поединци

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели