ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w07 15/3 стр. 31
  • Прашања од читателите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Прашања од читателите
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
  • Сличен материјал
  • Се сеќаваш ли?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
  • Дел 5
    Запознај го Бог
  • Зачуван „со седуммина други“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
  • Тој ‚одел со вистинскиот Бог‘
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
w07 15/3 стр. 31

Прашања од читателите

По колку чисти животни зел Ное во арката — по седум од сите видови или по седум двојки?

Откако Ное завршил со градењето на арката, Јехова му рекол: „Влези во арката, ти и целото твое семејство, зашто видов дека ти си праведен пред мене во ова поколение. Од сите чисти животни земи со себе по седум, мажјак и неговата женка, а од сите нечисти животни само по две, мажјак и неговата женка“ (1. Мојсеева 7:1, 2). Во некои преводи, како што е преводот на Д-р Душан Х. Константинов, оригиналниот хебрејски текст е преведен како „по седум двојки“.

На изворниот јазик, изразот „по седум“ буквално гласи „седум седум“ (1. Мојсеева 7:2). Но, повторувањето на броевите во хебрејскиот јазик не мора да значи дека тие две бројки се собираат. На пример, во 2. Самоилова 21:20 е опишан „еден крупен човек“ кој имал „по шест прсти на рацете и на нозете“ (Превод на МПЦ). На хебрејски, бројот „шест“ е повторен. Но, тоа не значи дека тој џин имал по шест пара прсти (односно по 12) на секоја рака и на секоја нога. Повторувањето едноставно покажува по колку прсти имал на секоја рака и нога.

Што велат граматичките правила на хебрејскиот јазик кога станува збор за повторување на броевите? При обработката на 1. Мојсеева 7:2, 9, Вилијам Р. Харпер, во своето дело Introductory Hebrew Method and Manual, навел: „Зборовите честопати се повторуваат за да се покаже како се распоредени нештата“. Гесениус, во својата Граматика на хебрејскиот јазик (Hebrew Grammar — второ англиско издание), вели: „Мерка, или распореденост, се изразува... со повторување на прости броеви“. За пример ги наведува 1. Мојсеева 7:9, 15 и 2. Самоилова 21:20, каде што се повторени броевите „два“ и „шест“.

Според тоа, „седум седум“ во 1. Мојсеева 7:2 не значи седум двојки, односно 14 животни, исто како што повторувањето на бројот „два“ во 1. Мојсеева 7:9, 15 не значи две двојки, односно четири животни. Повторувањето на бројот во секој стих едноставно укажува на мерка, распореденост, а не на тоа дека тие две цифри треба да се соберат. Значи, Ное зел во арката „по седум“ чисти животни, но „само по две“ нечисти.

Меѓутоа, што да кажеме за изразот „мажјак и неговата женка“, кој следи веднаш по изразот „по седум“ во 1. Мојсеева 7:2? Поради тој израз, некои помислиле дека Ное добил упатство да земе по седум двојки од сите видови чисти животни. Но, чистите животни не биле земени само заради размножување. Од 1. Мојсеева 8:20 дознаваме дека Ное, откако излегол од арката, ‚му изградил жртвеник на Јехова и зел од сите чисти животни и од сите чисти суштества што летаат, па принел на жртвеникот жртви паленици‘. Седмото животно од секој чист вид Ное можел да го принесе за жртва, а другите три двојки можеле да се размножуваат и да го зголемат бројот на тој вид животни на Земјата.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели