ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w08 15/5 стр. 26-28
  • Усовршувај ја „светоста во Божји страв“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Усовршувај ја „светоста во Божји страв“
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ‚Ќе има Пат на светоста‘
  • „По него нема да оди ниту еден нечист“
  • „Таму ќе нема лавови“
  • Усовршување на „светоста во Божји страв“ — благослов!
  • „Свет, свет, свет е Јехова“
    Приближи му се на Јехова
  • „Станете свети во сето ваше однесување“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • ‚Јас, Јехова, вашиот Бог, сум свет‘
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Прашања од читателите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
w08 15/5 стр. 26-28

Усовршувај ја „светоста во Божји страв“

БИБЛИЈАТА му припишува најголема можна светост на Јехова Бог, кога вели: „Свет, свет, свет е Јехова!“ (Иса. 6:3; Отк. 4:8). Хебрејскиот и грчкиот збор за „светост“ означуваат неизвалканост и религиозна чистота, незагаденост. Божјата светост се однесува на неговата апсолутна морална совршеност.

Зарем светиот Бог, Јехова, не очекува од оние што му служат исто така да бидат свети, односно да бидат телесно, морално и духовно чисти? Библијата многу јасно покажува дека Јехова сака неговиот народ да биде свет. Во 1. Петрово 1:16 читаме: „Бидете свети, зашто јас сум свет“. Но, можат ли несовршените луѓе навистина да бидат свети како што Јехова е свет? Можат, иако не во апсолутна смисла. Тој ќе нѐ смета за свети ако сме духовно чисти и ако сме блиски пријатели со него.

Но, како можеме да останеме чисти во еден свет што е нечист во морален поглед? Што не треба да правиме? И кои промени можеби ќе треба да ги направиме во нашиот говор и однесување? Да видиме што можеме да научиме за овие работи од она што Бог го барал од Евреите кои во 537 год. пр.н.е. се вратиле во својата родна земја од ропството во Вавилон.

‚Ќе има Пат на светоста‘

Јехова прорекол дека неговиот народ, кој бил во изгнанство во Вавилон, ќе се врати во својата земја. Во пророштвото за обнова тој им ја дал следнава гаранција: „Ќе има друм, пат, ќе се вика Пат на светоста“ (Иса. 35:8а). Овие зборови покажуваат дека Јехова не само што им го отворил патот на Евреите за да се вратат дома туку и ги уверил дека ќе ги штити на патот кон дома.

Јехова го отворил ‚Патот на светоста‘ и за своите слуги во нашево време кога ги извел од Големиот Вавилон, светското царство на лажната религија. Во 1919 год., тој ги избавил христијаните од духовното ропство во кое ги држела лажната религија, и постепено им помогнал да се ослободат од сите лажни религиозни учења. Како Јеховини слуги денес, ние престојуваме во чиста и мирна духовна околина во која му служиме на Јехова и имаме мирољубиви односи со него и со нашите ближни.

Членовите на ‚малото стадо‘ од помазани христијани и сѐ побројното „големо мноштво“ од „други овци“ избрале да одат по тој свет пат и ги повикуваат и другите да тргнат по него (Лука 12:32; Отк. 7:9; Јован 10:16). По ‚Патот на светоста‘ можат да одат сите оние што се спремни ‚да ги дадат своите тела како жртва жива, света, прифатлива за Бог‘ (Рим. 12:1).

„По него нема да оди ниту еден нечист“

Во 537 год. пр.н.е., еврејските повратници морале да исполнат едно важно барање. Во врска со оние што смееле да одат по ‚Патот на светоста‘, Исаија 35:8б вели: „По него нема да оди ниту еден нечист, туку само оние што се достојни да одат по него, а глупавите нема да талкаат по него“. Бидејќи Евреите се вратиле во Ерусалим со цел да го обноват обожавањето на вистинскиот Бог, таму немало место за оние што имале себични мотиви, за оние што не ги почитувале светите работи или биле духовно нечисти. Повратниците морале да се држат за Јеховините високи морални мерила. Оние што ја сакаат Божјата милост денес, мора да го исполнат истото барање — мора да се усовршуваат во „светоста во Божји страв“ (2. Кор. 7:1). Тогаш, кои нечисти работи не смееме да ги правиме?

Апостол Павле напишал: „Делата на телото се очигледни. Тоа се: блуд, нечистотија, бесрамност“ (Гал. 5:19). Во блуд спаѓаат сите сексуални активности во кои се вклучени половите органи, а се вршат надвор од бракот. Бесрамноста означува „развратност; неумереност; бесрамност; непристојно однесување“. И блудот и бесрамноста се во директна спротивност со Јеховината светост. Според тоа, на оние што и понатаму ги прават тие работи не им е дозволено да станат дел од христијанското собрание или, пак, се исклучени од него. Истото важи и за оние кои се виновни за сериозна нечистотија, односно „лакомо... вршат секаква нечистотија“ (Еф. 4:19).

Изразот „нечистотија“ се однесува на најразлични гревови. Грчкиот збор за нечистотија се однесува на секаква валканост или расипаност — расипано однесување, валкан говор и мешање на вистинската религија со лажната. Во него спаѓаат и работи кои секогаш не повлекуваат правна постапка.a Сепак, дали може да се каже дека оние што прават такви нечисти работи ја усовршуваат својата светост?

Да речеме дека некој христијанин почнал тајно да гледа порнографски материјали. Малку по малку, кај него се будат нечисти желби и тоа ја поткопува неговата решеност да остане чист во Јеховини очи. Можеби сѐ уште не е виновен за сериозна нечистотија, но веќе престанал да размислува само за она што е ‚чисто, што е пофално, доблесно и достојно за фалба‘ (Фил. 4:8). Порнографијата е нечиста и сигурно ќе го наруши пријателството што некој го има со Бог. Никаква нечистотија не смее дури ни да се спомнува меѓу нас! (Еф. 5:3).

Да разгледаме уште еден пример. Да речеме дека некој христијанин има обичај да мастурбира — сексуално да се задоволува така што самиот си ги стимулира гениталиите — без разлика дали притоа гледа порнографија или не. Иако во Библијата го нема изразот „мастурбација“, дали има место за сомневање дека таа навика би нѐ извалкала умствено и емоционално? Зарем ваквото постојано валкање нема сериозно да наруши нечие пријателство со Јехова и да го направи нечист во Божји очи? Затоа, да го земеме присрце советот од апостол Павле и „да се исчистиме од секоја валканост на телото и духот“ и ‚да го усмртиме она што е земно во нашите делови на телото: блудот, нечистотијата, сексуалната страст, лошата желба и лакомоста‘ (2. Кор. 7:1; Кол. 3:5).

Овој свет со кој господари Сатана го толерира нечистото однесување, па дури и поттикнува на такво постапување. Може да биде многу тешко да му се спротивставиме на искушението да се однесуваме нечисто. Но, вистинските христијани не смеат ‚да живеат како што живеат незнабошците во своето празно размислување‘ (Еф. 4:17). Само ако не правиме ништо нечисто, било во тајност или на друг начин, Јехова ќе ни дозволи да продолжиме да одиме по ‚Патот на светоста‘.

„Таму ќе нема лавови“

За да ја имаат милоста на светиот Бог, Јехова, некои мораат да прават огромни промени во својот говор и однесување. Исаија 35:9 вели: „Таму ќе нема лавови, на него [на Патот на светоста] нема да доаѓаат грабливи ѕверки“. Во симболична смисла, луѓето што се насилни и агресивни, и во зборови и во постапки, можат да се споредат со ѕверови. За нив сигурно нема место во Божјиот праведен нов свет (Иса. 11:6; 65:25). Затоа е неопходно сите што сакаат да ја стекнат Божјата милост да ги искоренат таквите ѕверски карактерни црти и да се усовршуваат во светоста.

„Нека се отстрани од вас сета злобна горчина и лутина и гнев и викање и навредлив говор заедно со сета злоба“, нѐ советува Библијата (Еф. 4:31). Во Колошаните 3:8 читаме: „Отфрлете го сето ова: гневот, лутината, злобата, погрдниот говор, а безобразни зборови да не излегуваат од вашата уста“. Изразите „навредлив говор“ и „погрдниот говор“ што се користат во овие два стиха главно се однесуваат на навредлив, понижувачки и богохулен говор.

Денес, навредливиот и вулгарен говор е многу честа појава, дури и меѓу членовите на семејството. Брачните партнери си дофрлаат меѓу себе остри, зајадливи или понижувачки зборови, а истото им го прават и на своите деца. Во христијанските домови нема место за ваков гневен говор (1. Кор. 5:11).

Усовршување на „светоста во Божји страв“ — благослов!

Колкава чест имаме да му служиме на светиот Бог, Јехова! (Ис. Нав. 24:19). Духовниот рај во кој нѐ сместил е многу скапоцен. Затоа, да го избереме најдобриот животен пат така што ќе останеме свети во Јеховини очи!

Многу скоро Божјиот ветен Рај на Земјата ќе стане реалност (Иса. 35:1, 2, 5-7). Таму ќе има место за оние што копнеат по него и продолжуваат да живеат оддадено на Бог (Иса. 65:17, 21). Затоа, по секоја цена, да продолжиме да му служиме на Бог во чиста духовна состојба и да останеме блиски пријатели со него.

[Фуснота]

a Повеќе информации за разликите меѓу ‚лакомото вршење нечистотија‘ и ‚нечистотијата‘ можат да се најдат во Стражарска кула од 15 јули 2006, страници 29-31.

[Слика на страница 26]

Што се барало од Евреите за да чекорат по ‚Патот на светоста‘?

[Слика на страница 27]

Порнографијата го нарушува пријателството што некој го има со Јехова

[Слика на страница 28]

‚Нека се отстрани од вас сето викање и навредлив говор‘

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели