ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w08 1/7 стр. 23-25
  • Тел Арад сведочи без зборови

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Тел Арад сведочи без зборови
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Арад и Библијата
  • Археолошки откритија
  • Древни црепки — поткрепа за Библијата
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
  • Се сеќаваш ли?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Важно ли е на која религија припаѓаме?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Божественото име низ вековите
    Божественото име кое ќе остане засекогаш
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
w08 1/7 стр. 23-25

Тел Арад сведочи без зборови

Изгубен град. Мистериозен храм. Ризница на древни натписи. Можеби ова те потсетува на некој авантуристички филм. Всушност, сево ова и уште многу други работи со векови лежеле скриени под наносите пустински песок во Тел Арад (Израел), сѐ додека археолозите не почнале да копаат на тоа место.

НА МНОГУ туристи денешниот Арад им остава впечаток на обичен израелски град. Има 27.000 жители и се наоѓа во Јудејската Пустина, западно од Мртвото Море. Меѓутоа, древниот израелски град Арад се наоѓал околу 8 километри позападно. На тоа место археолозите внимателно отстранувале слоеви песок и откриле бројни градби и натписи.

Овие натписи се пронајдени на црепки, односно парчиња од скршени глинени садови што се користеле за пишување. Во библиски времиња било вообичаено да се пишува на таков материјал. Од ископувањата во Тел Арад е направена најбогатата збирка од такви црепки што досега се пронајдени во Израел. Колкава е вредноста на ова археолошко наоѓалиште?

Пронајдоците од Тел Арад опфаќаат еден долг период од библиската историја, од деновите на судиите во Израел па сѐ до вавилонскиот напад на Јуда во 607 год. пр.н.е. Затоа, овие откритија помагаат да се потврди точноста на Библијата. Исто така, од нив дознаваме многу за тоа како гледале луѓето во древниот Израел на Божјето лично име.

Арад и Библијата

Библијата не ни кажува многу за Арад. Но, овој стратешки град некогаш држел под контрола еден важен трговски пат. Затоа, не е за изненадување што историските записи и археолошките откритија покажуваат дека, во својата бурна историја, овој древен град постојано бил освојуван, уништуван и повторно граден. Со честото повторно градење се создал еден прилично голем тел, односно ритче на кое се издигнува градот.

Библијата првпат го спомнува Арад кога зборува за последната етапа од 40-годишното патување на Израелците низ пустината. Кратко по смртта на Мојсеевиот брат Арон, Божјиот народ поминал покрај јужната граница на Ветената земја. Царот на Арад, кој бил Ханаанец, очигледно сметал дека овој народ што талкал низ пустината е премногу лесен плен, па затоа го нападнал. Но, со помош на Јехова Бог, Израелците храбро се бранеле, извојувале целосна победа и го срамниле Арад со земја, иако некои од жителите преживеале (4. Мојсеева 21:1-3).

Ханаанците за кратко време повторно го изградиле овој свој град што имал стратешко значење. Кога по неколку години Исус Навин дошол до тој предел, навлегувајќи од север и успешно истребувајќи ги Ханаанците од ‚планините и од Негев‘, меѓу противниците бил и „царот на Арад“ (Исус Навин 10:40; 12:14). Подоцна, во овој дел на Негев се населиле потомците на Овав Кенеецот, кој им се придружил на Израелците додека оделе низ пустината (Судиите 1:16).

Археолошки откритија

Во врска со некои подоцнежни настани запишани во Библијата, урнатините во Арад ни даваат доста интересни информации. На пример, археолозите откриле низа тврдини. Некои од нив можеби датираат од времето на цар Соломон, кој е познат по тоа што се зафатил со многу градежни проекти (1. Царевите 9:15-19). Еден слој од ископината содржи докази дека целиот град бил изгорен до темел. Се утврдило дека тоа се случило во почетокот на 10 век пр.н.е. Таквите откритија се совпаѓаат со времето кога градот бил освоен од египетскиот цар Сисак, само пет години по смртта на Соломон. Во Карнак (јужен Египет), еден ѕиден релјеф сведочи за тој напад и го вбројува Арад меѓу многуте поразени градови (2. Летописи 12:1-4).

Од големо значење е тоа што на многу од околу 200 откопани црепки се среќаваат хебрејски имиња што се спомнуваат и во Библијата, како што се Пасхор, Меремот и синовите на Кореј. Некои од овие секуларни документи се од уште поголемо значење затоа што го содржат и Божјето лично име. Тоа се состои од четирите хебрејски букви יהוה (ЈХВХ) — честопати наречени тетраграм — и му припаѓа само на Семоќниот Бог. Подоцна, од суеверие мнозина почнале да тврдат дека е богохулно да се изговара или да се запишува Божјето име. Меѓутоа, ископините кај Тел Арад, како и многу други археолошки откритија, потврдуваат дека во библиски времиња било вообичаено Божјето име да се користи во секојдневниот живот, во поздравите и во благословите. На пример, еден натпис гласи: „До мојот господар Елјашиб. Јахве [Јехова] нека ти даде благосостојба... Тој се наоѓа во храмот на Јахве“.

Но, што е со мистериозниот храм што го спомнавме во почетокот? Една градба во Тел Арад што била предмет на многу претпоставки е храмскиот комплекс со жртвеник, кој потекнува од јудејскиот период. Иако е многу помал од Соломоновиот храм во Ерусалим, има многу сличности со таа света градба. Зошто и кога бил изграден храмот во Арад? За што се користел? Археолозите и историчарите можат само да нагаѓаат.

Јехова јасно рекол дека само храмот во Ерусалим бил место што го прифаќал за да се прославуваат годишните празници и да се принесуваат жртви (5. Мојсеева 12:5; 2. Летописи 7:12). Значи, храмот во Арад бил изграден и се користел за намерно да се престапи Божјиот закон, можеби во текот на еден период кога жртвеници и обреди што не биле пропишани со Законот спречувале многумина да му служат на вистинскиот Бог на исправен начин (Езекиел 6:13). Ако е така, ова средиште на лажната религија веројатно било отстрането за време на темелните реформи што ги спровеле Езекија или Јосија во 8 и во 7 век пр.н.е. (2. Летописи 31:1; 34:3-5, 33).

Јасно, она малку од минатото на Арад што останало до денес содржи многу важни поуки за нас. Од под песокот што се таложел со векови, излегоа на виделина предмети и градби што ја потврдуваат точноста на Библијата, даваат доказ за појавата и исчезнувањето на една расипана религија која била имитација на вистинската и потврдуваат дека било вообичаено со ценење да се користи Јеховиното име.

[Карта/слика на страница 23]

(Види во публикацијата)

ЕРУСАЛИМ

Мртво Море

Арад

Тел Арад

[Извор на слика]

Pictorial Archive (Near Eastern History) Est.

[Слика на страница 24]

Детаљ од ѕидниот релјеф во Карнак (Египет)

[Извор на слика]

Pictorial Archive (Near Eastern History) Est.

[Слика на страница 25]

Дел од овој натпис гласи: „Јахве [Јехова] нека ти даде благосостојба“

[Извор на слика]

Фотографија © Israel Museum, Ерусалим; со љубезна дозвола на Israel Antiquities Authority

[Слика на страница 25]

Дел од храмскиот комплекс во Тел Арад

[Слика на страница 25]

Тврдината на Тел Арад гледана од источната страна

[Извор на слика на страница 25]

Todd Bolen/Bible Places.com

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели