ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w08 15/8 стр. 29
  • Се сеќаваш ли?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Се сеќаваш ли?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Сличен материјал
  • Како е организирано Водечкото тело
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Тел Арад сведочи без зборови
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Што е Водечкото тело на Јеховините сведоци?
    Најчесто поставувани прашања
  • ,Почитувајте ги таквите браќа‘
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
w08 15/8 стр. 29

Се сеќаваш ли?

Уживаше ли во читањето на последните неколку броеви од Стражарска кула? Види дали можеш да одговориш на следниве прашања:

• Со кој тежок предизвик се соочуваат некои христијани откако стапуваат во брак, и што треба да се трудат да прават?

Некои христијани можеби ќе сфатат дека немаат многу заеднички работи со својот сопружник. Бидејќи знаат дека разводот без библиска основа не е прифатливо решение, тие треба многу да се трудат да си го зачуваат бракот (15.4., страница 17).

• На кои тешкотии може да наиде еден христијанин кој е сместен во старечки дом?

Можеби не ги познава браќата од собранието на чие подрачје се наоѓа старечкиот дом. Повеќето станари во домот веројатно имаат поинакви верувања од неговите и можеби ќе се обидат да го вклучат во нивните верски активности. Неговите роднини кои се христијани, како и членовите на локалното собрание треба да бидат свесни за овие проблеми и да им укажат помош и грижа (15.4., страници 25-27).

• Кои четири чекори можат да им помогнат на брачните другари да ги решат проблемите?

Одвој време за да разговараш за проблемите (Проп. 3:1, 7). Кажи го своето мислење искрено и со почит (Еф. 4:25). Слушај и покажи разбирање за чувствата на брачниот другар (Мат. 7:12). Донесете заедничко решение, и трудете се и двајцата да го спроведете (Проп. 4:9, 10; 1.5., страници 10-12).

• Кога нѐ поттикнал да го молиме Бог да ни ги прости долговите, на какви долгови мислел Исус?

Ако ги споредиме Матеј 6:12 и Лука 11:4, станува јасно дека Исус не мислел на парични долгови. Тој зборувал за гревови. Треба да се угледаме на Бог со тоа што ќе бидеме спремни да им простуваме на другите (15.5., страница 9).

• Во кои одбори служат членовите на Водечкото тело?

Во Одборот на координатори, Одборот за персонал, Одборот за издавање, Одборот за служба, Одборот за поучување и Одборот за пишување (15.5., страница 29).

• Од каде знаеме со сигурност дека Ноевиот потоп бил од светски размери?

Исус верувал дека имало потоп и дека тој ја зафатил целата Земја. Библиските предупредувања се темелат на вистинитоста на глобалниот Потоп (1.6., страница 8).

• Дали однесувањето кое е опишано во Римјаните 1:24-32 се однесува на Евреите или на не-Евреите?

Иако овој опис може да важи и за двете групи, апостол Павле конкретно се осврнал на Израелците од старо време, кои со векови го прекршувале Законот. Тие ги познавале Божјите праведни одредби, но не живееле во согласност со нив (15.6., страница 29).

• Каде е Тел Арад, и зошто е значаен?

Ова ритче во Израел на кое се издигнувал древниот град Арад се наоѓа западно од Мртвото Море. На него археолозите нашле голема збирка од глинени црепки што се користеле како плочки за пишување. На некои од нив се запишани имиња на луѓе за кои зборува Библијата, а покажуваат и дека Божјето лично име се користело во световни документи (1.7., страници 23, 24).

• Зошто ќе бидеме порадосни ако имаме разумни очекувања?

Ако се трудиме да постигнеме неразумни цели без оглед на цената, се изложуваме на непотребен стрес. Сепак, не треба да бидеме ни премногу попустливи кон себеси, па секогаш да си наоѓаме изговор да правиме помалку и од она што го можеме во службата за Бог (15.7., страница 29).

• Што може да ги спречи родителите да комуницираат со тинејџерите?

Некои работи можат да бидат срамежливоста на тинејџерот, како и неговата желба за поголема независност и поголема приватност. Родителите можат да се обидат да разговараат со младиот човек во неформални прилики и да се потрудат да разберат што, всушност, сака да им каже тој (1.8., страници 10, 11).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели