ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w09 15/2 стр. 22-23
  • Биди како Еремија

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Биди како Еремија
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Сличен материјал
  • Дипломците на Гилеад охрабрени да „почнат да копаат“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Дипломците на Гилеад — „вистински мисионери“!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Тие со радост ја вршат Божјата волја
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
  • Школата Гилеад — 50 години стара, а сѐ појака
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
w09 15/2 стр. 22-23

125. клас на Гилеад

Биди како Еремија

„ОВОЈ клас на Гилеад е од историска важност“, изјави Џефри Џексон, од Водечкото тело, на свеченоста по повод дипломирањето на 125. клас на Мисионерската школа Гилеад што се одржа на 13 септември 2008 год. и на кое присуствуваа 6.156 луѓе. Заедно со 56-те мисионери од овој клас, Школата Гилеад досега има испратено над 8.000 мисионери „сѐ до крајот на земјата“! (Дела 1:8).

Брат Џексон, претседавач на програмата, го изнесе говорот: „Стекнете ја довербата на луѓето“. Потоа наброја четири работи што ќе им помогнат на мисионерите да ја стекнат довербата на другите, и така да бидат успешни во службата: да имаат исправен став, да остават добар пример, цврсто да ги темелат своите учења на Божјата реч и главна цел да им биде да го објавуваат Јеховиното име.

Дејвид Шафер, кој служи како помошник на Одборот за поучување, зборуваше на тема: „Ќе разбереш ли сѐ?“ Тој ги увери студентите дека, иако можеби нема потполно да ги разбираат јазикот и културата, сепак ќе можат ‚да разберат сѐ‘ што им е потребно за да служат како мисионери доколку продолжат да го бараат Јехова и доколку понизно го прифаќаат водството од „верниот и разборит роб“ (Изр. 28:5; Мат. 24:45).

По него, брат Џон Е. Бар од Водечкото тело го изнесе говорот: „Не дозволувај ништо да те одвои од Божјата љубов“. Татковските совети на брат Бар ги охрабрија студентите и нивните родители и им ги разбија сите стравови и грижи што можеби ги имаа околу предизвиците со кои ќе се соочат новите мисионери на нивните доделби. „Кога сме во Божјата љубов, ние сме на најбезбедното, најудобното место на кое би можеле да се најдеме во животот“, објасни брат Бар. Ништо не може да ги одвои мисионерите од Божјата љубов, освен ако тие самите не се одвојат од Бог.

Сем Роберсон, од Одделот за теократски школи, ги охрабри присутните да ја облечат „најубавата облека“. Ако го проучуваат тоа што го направил Исус и ако потоа го применат наученото на себеси, студентите ќе можат ‚да се облечат во Господарот Исус Христос‘ (Рим. 13:14). Потоа, Вилијам Семјуелсон, надгледник на Одделот за теократски школи, нагласи што е тоа што го прави еден човек достоен за почит. За некој да биде вистински достоен за почит, не е важно како гледаат на него луѓето, туку како гледа на него Бог.

Во точката што ја водеше Мајкл Барнет, инструктор во Школата, студентите раскажаа неколку свои искуства од службата. Додека беа на Школата Гилеад во Патерсон (Њујорк), студентите претежно проповедаа на често обработувани подрачја, но сепак најдоа заинтересирани луѓе. Џералд Гризл, од Конгресната канцеларија, интервјуираше тројца браќа што присуствуваа на Школата за членови на одборите на подружниците. Нивните зборови им помогнаа на студентите да се подготват за она што ги чека на нивните доделби во странски земји.

Говорот со наслов: „Биди како Еремија“ го изнесе брат Дејвид Сплејн од Водечкото тело, кој е дипломец во 42. клас. Иако на Еремија му било страв од задачата што ја добил, Јехова го зајакнал (Ерем. 1:7, 8). Бог ќе го направи тоа и за новите мисионери. „Ако имате проблем со некого“, рече брат Сплејн, „седнете и напишете десет особини што ви се допаѓаат кај тој човек. Доколку не можете да наброите десет особини, тогаш не го познавате добро, па затоа треба да се потрудите да го запознаете подобро.“

Еремија бил самопожртвуван човек. Кога сакал да се откаже, се молел, и Јехова бил со него (Ерем. 20:11). „Кога се чувствувате обесхрабрено“, рече брат Сплејн, „зборувајте за тоа со Јехова. Ќе се изненадите кога ќе видите како Јехова ќе ви помогне.“

На крајот од програмата, претседавачот ги потсети присутните дека дипломците научија неколку начини на кои можат да ја стекнат довербата на другите. Кога луѓето на кои им сведочат ќе видат дека можат да им веруваат на мисионерите, нивната порака ќе има уште поголема тежина (Иса. 43:8-12).

[Рамка на страница 22]

ПОДАТОЦИ ЗА КЛАСОТ

Број на застапени земји: 6

Број на земји во кои се испратени: 21

Број на студенти: 56

Просечна возраст: 32,9

Просек на години во вистината: 17,4

Просек на години во полновремена служба: 13

[Слика на страница 23]

125. клас што дипломира на Школата Гилеад

Во списокот долу, редовите се наведени однапред наназад, а имињата одлево надесно.

1) Хоџсон А.; Вол А.; Биренс К.; Хортелано М.; Њуман Л.; Де Касо А. 2) Џенкинс Џ.; Џарземски Т.; Мендез Н.; Корона В.; Каналита Л. 3) Фрајер Х.; Севиџ М.; Тидвел К.; Ериксон Н.; Дик Е.; Мак-Бет Р. 4) Перез Л.; Пјуз Л.; Скидмор А.; Јанг Б.; Мекбрајд Н.; Рондон П.; Гудман Е. 5) Биренс М.; Фергусон Џ.; Пирсон Н.; Чепмен Л.; Вордел Џ.; Каналита М. 6) Перез П.; Де Касо Д.; Јанг Т.; Рондон Д.; Гудман Г.; Џенкинс М.; Дик Г. 7) Корона М.; Вол Р.; Пјуз С.; Мендез Ф.; Џарземски С.; Севиџ Т. 8) Њуман К.; Фергусон Д.; Скидмор Д.; Ериксон Т.; Мекбрајд Џ.; Пирсон М.; Чепмен М. 9) Хоџсон К.; Вордел А.; Мак-Бет А.; Тидвел Т.; Фрајер Џ.; Хортелано Џ.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели