ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w11 1/4 стр. 24-25
  • Дали понекогаш си осамен и уплашен?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали понекогаш си осамен и уплашен?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Сличен материјал
  • Дали понекогаш си осамен и уплашен?
    Поучете ги своите деца
  • Бил утешен од својот Бог
    Угледајте се на нивната вера
  • Добил утеха од својот Бог
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Ќе бидеш ли верен како Илија?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
w11 1/4 стр. 24-25

Поучете ги своите деца

Дали понекогаш си осамен и уплашен?

МНОГУ луѓе денес се чувствуваат осамени и мислат дека никој не се грижи за нив. Честопати такви чувства имаат постарите. Но, и многу дечиња, дури и ако му служат на Бог, се чувствуваат осамени и уплашени. Знаеш ли зошто?—a

За тоа може да има повеќе причини. Да спомнеме како пример еден човек што живеел многу одамна — речиси илјада години пред раѓањето на Исус. Се викал Илија. Живеел во времето кога Израелците престанале да му служат на вистинскиот Бог, Јехова. Повеќето од нив почнале да го обожаваат лажниот бог Ваал. Илија рекол: „Останав само јас“. Што мислиш, дали Илија навистина бил единствениот што сѐ уште му служел на Јехова?—

Иако Илија не бил свесен за тоа, имало и други Израелци кои сѐ уште му служеле на вистинскиот Бог. Но, тие луѓе се криеле бидејќи биле уплашени. Знаеш ли зошто?—

Израелскиот цар Ахав не му служел на Јехова, туку на Ваал, лажниот бог што го обожавала неговата злобна жена Језавела. Таа и Ахав сакале да ги најдат и да ги убијат оние што му служеле на Јехова, особено Илија. Затоа, Илија побегнал. Поминал 483 километри и стигнал во пустината Хорив, место кое во Библијата е наречено и Синај. Стотици години пред времето на Илија, таму Јехова му ги дал на својот народ Десетте заповеди и останатиот дел од Законот. Илија се криел сам во една пештера во Хорив. Мислиш ли дека Илија имал од што да се плаши?—

Библијата покажува дека претходно Јехова го користел Илија да направи големи чуда. Еднаш, како одговор на молитвата на Илија, испратил оган од небото за да изгори една жртва. Со тоа Јехова докажал дека тој, а не Ваал, е вистинскиот Бог. Додека Илија бил во пештерата, Јехова зборувал со него.

„Што правиш овде?“, го прашал Јехова. Тогаш Илија рекол: ‚Останав само јас од оние што ти служат тебе‘. Јехова нежно го прекорил Илија со зборовите: ‚Има уште седум илјади луѓе што ми служат‘. Му рекол да се врати затоа што имал и други задачи за него.

Што можеме да научиме од примерот на Илија?— Дури и оние што му служат на Јехова може понекогаш да се плашат. Затоа, секој од нас, како млад така и стар, треба да бара помош од Јехова. Во Библијата е запишано ветувањето: „Јехова е близу до сите што го повикуваат“.

Можеме да научиме уште нешто: Насекаде во светот имаме браќа и сестри што го сакаат Јехова и што нѐ сакаат нас. Во Библијата пишува: „Истите страдања ги поднесуваат и [нашите] браќа по светот“. Зар не се радуваш кога ќе помислиш дека никогаш не сме сами?—

Прочитај во Библијата:

1. Царевите 19:3-18

5. Мојсеева 5:1-22

Псалм 145:18

1. Петрово 5:9

[Фуснота]

a Ако читаш со деца, долгата црта значи дека треба да запреш и да ги пуштиш децата да одговорат на прашањето.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели