ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w12 1/9 стр. 4-8
  • Дали Бог навистина се грижи за жените?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали Бог навистина се грижи за жените?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Закон што го покажува Божјето гледиште за жените
  • Извртување на Божјето гледиште за жените
  • Улогата на жената во Библијата
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Достоинствената улога на жените меѓу раните Божји слуги
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Каква улога имаат жените во Јеховината намера?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2014
  • Бог ги почитува жените
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
w12 1/9 стр. 4-8

Дали Бог навистина се грижи за жените?

„Од жена е почетокот на гревот; поради неа сите умираме“ (КНИГА МУДРОСТ СИРАХОВА, ВТОРИОТ ВЕК ПР.Н.Е.)

„Ти си му десна рака на Ѓаволот: ти зеде од забранетото дрво: ти прва го прекрши божествениот закон... ти толку лесно го уништи оној што Бог го направил според својот лик, мажот“ (ТЕРТУЛИЈАН, DE CULTU FEMINARUM, ВТОРИОТ ВЕК ОД Н.Е.)

ОВИЕ древни зборови не се земени од Библијата. Со векови се користеле за да се оправда дискриминацијата на жените. Дури и денес, некои луѓе со екстремни ставови сѐ уште цитираат верски текстови за да ја оправдаат доминацијата над жените, тврдејќи дека жените се виновни за сите проблеми на човештвото. Дали Бог навистина имал намера мажите да ги презираат и да ги малтретираат жените? Што вели Библијата? Да видиме.

Дали Бог ги проколнал жените?

Не. Напротив, Бог ја проколнал „празмијата, кој се вика Ѓавол“ (Откровение 12:9; 1. Мојсеева 3:14). Кога рекол дека Адам ќе „господари“ над својата жена, Бог не сакал да каже дека е исправно мажите да доминираат над жените (1. Мојсеева 3:16). Тој само однапред кажал до какви жални последици ќе води гревот на првата човечка двојка.

Значи, малтретирањето на жените е директна последица од несовршеноста на луѓето, а не е Божја волја. Во Библијата воопшто не пишува дека жените мора да бидат во подредена положба за да им се прости првобитниот грев (Римјаните 5:12).

Дали за Бог жената вреди помалкуод мажот?

Не. Во 1. Мојсеева 1:27 пишува: „Бог го создаде човекот според својот лик, го создаде според Божјиот лик — ги создаде машко и женско“. Значи, уште од самиот почеток луѓето — како мажот така и жената — биле создадени со способност да ги покажуваат Божјите особини. Иако Адам и Ева имале различна емоционална и физичка градба, и двајцата ја добиле истата задача и ги имале истите права пред својот Творец (1. Мојсеева 1:28-31).

Пред да ја создаде Ева, Бог рекол: „Ќе му направам [на Адам] помошничка, како негово дополнение“ (1. Мојсеева 2:18). Дали зборот „дополнение“ покажува дека жената била помалку важна од мажот? Не, бидејќи овој хебрејски збор може да се преведе и како „соработник“ или „соодветен помошник“ на мажот. Размисли за тоа како се дополнуваат улогите на еден хирург и на еден анестезиолог за време на некоја операција. Може ли едниот да успее без другиот? Тешко! Иако хирургот е тој што ја извршува операцијата, дали е поважен од анестезиологот? Не би се рекло. Слично на тоа, Бог ги создал мажот и жената да бидат блиски соработници, а не соперници (1. Мојсеева 2:24).

Од каде знаеме дека Бог се грижиза жените?

Бидејќи однапред знаел како ќе се однесуваат несовршените мажи, Бог уште во почетокот покажал дека има намера да ги заштити жените. Во врска со Мојсеевиот закон, кој стапил на сила во 16 век пр.н.е., писателката Лор Ејнард напишала: „Во повеќето случаи кога сојузот на Законот се осврнува на жените, ги спомнува за да ги одбрани“ (La Bible au féminin — Што вели Библијата за жените).

На пример, Законот заповедал да се почитуваат и таткото и мајката (2. Мојсеева 20:12; 21:15, 17). Исто така, барал да им се обрне посебно внимание на бремените жени (2. Мојсеева 21:22). Дури и денес, многу закони не им даваат на жените толку права колку што им давал Божјиот закон. Но, тоа не е сѐ.

Закон што го покажува Божјето гледиште за жените

Законот што Јехова Бог им го дал на Израелците бил за доброто на народот во физички, морален и во духовен поглед. Сѐ додека биле послушни, Израелците биле ‚возвишени над сите други народи на земјата‘ (5. Мојсеева 28:1, 2). Каква била положбата на жената според Законот? Размисли за следново.

1. Лична слобода. За разлика од жените во многу други народи во старо време, Израелките имале голема мера на слобода. Иако сопругот бил глава на семејството, жената, која ја имала целосната доверба од својот маж, можела да ‚размислува за нива и да ја купи‘, како и да „сади лозје“. Ако знаела да преде и да ткае, можела да води дури и свој сопствен бизнис (Изреки 31:11, 16-19). Жената под Мојсеевиот закон имала свои лични права, а не се сметала само за придружничка на мажот.

Во древниот Израел, жените исто така можеле слободно да имаат личен однос со Бог. Во Библијата се спомнува Ана, која го молела Бог за една лична работа и дала завет (1. Самоилова 1:11, 24-28). Една жена од градот Сунам, во саботните денови имала обичај да разговара со пророкот Елисеј (2. Царевите 4:22-25). Жените како што биле Девора и Олда, Бог ги користел како негови претставници. Интересно е тоа што угледни мажи и свештеници барале совет од нив (Судиите 4:4-8; 2. Царевите 22:14-16, 20).

2. Образование. Како учеснички во сојузот на Законот, жените биле повикувани да го слушаат читањето на Законот. Тоа им давало можности да учат (5. Мојсеева 31:12; Неемија 8:2, 8). Исто така, можеле да бидат обучени да извршуваат одредени задачи во службата за Бог. На пример, некои жени служеле во светиот шатор, додека други пееле во мешаниот хор (2. Мојсеева 38:8; 1. Летописи 25:5, 6).

Многу жени го имале потребното знаење и способности за успешно да водат бизнис (Изреки 31:24). За разлика од другите народи во тоа време — каде што само таткото ги поучувал синовите — во Израел и мајката била вклучена во поучувањето на своите синови сѐ додека тие не станеле возрасни (Изреки 31:1). Очигледно жените во древниот Израел имале добро образование.

3. Почит. Во Десетте заповеди било јасно наведено: „Почитувај ги татка си и мајка си“ (2. Мојсеева 20:12). Во изреките на мудриот цар Соломон стои: „Слушај ја сине мој поуката на татко ти и не оставај ги упатствата на мајка ти“ (Изреки 1:8).

Законот содржел детални прописи во врска со тоа како треба да се однесуваат лицата што не се во брак. Тие прописи поттикнувале на почит кон жените (3. Мојсеева 18:6, 9; 5. Мојсеева 22:25, 26). Еден добар сопруг требало да ги зема предвид физичките и биолошките ограничувања на својата жена (3. Мојсеева 18:19).

4. Заштита на правата. Во својата Реч, Јехова се опишува себеси како „татко на децата без татко и судија на вдовиците“. Со други зборови, тој им бил Заштитник на оние чии права не можел да ги одбрани таткото или сопругот (Псалм 68:5; 5. Мојсеева 10:17, 18). Така, во еден случај кога некој заемодавец постапил неправедно со една вдовица на пророк, Јехова се вмешал и направил чудо за таа да може да преживее и да си го зачува достоинството (2. Царевите 4:1-7).

Пред Израелците да влезат во Ветената земја, еден човек по име Салпад умрел без да остави син. Затоа, неговите пет ќерки побарале од Мојсеј да им даде „имот“ во Ветената земја. Јехова им дал многу повеќе од она што го барале. Тој му рекол на Мојсеј: „Дај им имот што ќе биде нивно наследство меѓу браќата на нивниот татко и пренеси го на нив наследството од нивниот татко“. Оттогаш жените во Израел можеле да добијат наследство од својот татко, а потоа да им го остават и на своите деца (4. Мојсеева 27:1-8).

Извртување на Божјето гледиште за жените

Под Мојсеевиот закон, жените биле ценети и нивните права биле почитувани. Меѓутоа, почнувајќи од четвртиот век пр.н.е., врз јудаизмот почнала да влијае грчката култура, според која жената била во подредена улога. (Види ја рамката „Дискриминацијата на жените во древните списи“.)

На пример, грчкиот поет Хесиод (осми век пр.н.е.), за сите проблеми на човештвото ги обвинил жените. Во своето дело Теогонија тој зборувал за „смртоносниот женски род што живее меѓу смртните мажи, на нивна голема несреќа“. Оваа претстава се вкоренила во јудаизмот во почетокот на вториот век пр.н.е. Талмудот, кој бил составен во вториот век од н.е., им го дал на мажите следново предупредување: „Не разговарајте многу со жените бидејќи на крајот ќе ве расипат“.

Низ вековите, оваа недоверба многу се одразила врз улогата на жените во еврејското општество. Во времето на Исус тие имале пристап само во Дворот на жените во храмот. Верското образование било само за мажите, а веројатно жените биле одвоени од мажите во синагогите. Во Талмудот е цитиран еден рабин, кој рекол: „Секој што ја поучува својата ќерка за Тората [Законот], ја учи да биде бесрамна“. Со тоа што го извртеле Божјето гледиште, еврејските верски водачи навеле многу мажи да ги презираат жените.

Додека бил на Земјата, Исус бил свесен за таквите предрасуди, кои биле длабоко вкоренети во традициите (Матеј 15:6, 9; 26:7-11). Дали таквите учења влијаеле врз начинот на кој постапувал со жените? Што учиме од неговото однесување и ставови? Дали вистинското христијанство на некој начин им ја олеснило положбата на жените? Овие прашања ќе ги разгледаме во следната статија.

Дискриминацијата на жените во древните списи

Почнувајќи од првиот век од н.е., некои писатели, како на пример Филон од Александрија, почнале да ја користитат грчката филозофија за поинаку да го протолкуваат извештајот од 1. Мојсеева. Според Филон, Ева била виновна за првиот грев затоа што го навела Адам на полови односи, и затоа била осудена на живот што „потполно ѝ ја одзел слободата и ја направил потчинета на власта на својот маж“. Таквиот презир кон жените навлегол во јудаизмот, како и во записите на црковните отци.

Во еден еврејски текст од вториот век, еден рабин објаснил зошто сметал дека жената требало да носи превез. Тој рекол: „Таа е како грешник што треба да се срами од луѓето“ (Midrash Rabba). Теологот Тертулијан, чии списи биле влијателни уште во вториот век од н.е., поучувал дека жените треба да одат „како Ева, во жал и каење“. Таквите учења, за кои често погрешно се смета дека потекнуваат од Библијата, многу придонеле за дискриминацијата на жените.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели