ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • wp17 Бр. 5 стр. 7-8
  • Како можат ангелите да ти помогнат

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како можат ангелите да ти помогнат
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2017
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • АНГЕЛИТЕ ИМ ПОМАГАЛЕ НА ХРИСТИЈАНИТЕ ВО ПРВИОТ ВЕК
  • КАКО МОЖАТ АНГЕЛИТЕ ДА ТИ ПОМОГНАТ И ТЕБЕ
  • Како ангелите можат да ти помогнат
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • Ангели — како влијаат врз нас?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
  • Ангелите — „духови чија должност е да служат“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Помош од Божјите ангели
    Учи од Големиот Учител
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2017
wp17 Бр. 5 стр. 7-8

ТЕМА ОД НАСЛОВНАТА | ДАЛИ ПОСТОЈАТ АНГЕЛИ?

Како можат ангелите да ти помогнат

Верните ангели се вистински заинтересирани за луѓето и прават сѐ што можат за да се врши волјата на Јехова. Кога Бог ја создал Земјата, ангелите воскликнувале од радост (Јов 38:4, 7). Во текот на целата човечка историја, ангелите сакале „да ѕирнат“ во пророштвата за некои идни настани на Земјата, односно да дознаат како тие ќе се исполнат (1. Петрово 1:11, 12).

Од Библијата дознаваме дека понекогаш ангелите ги штителе Божјите слуги во одредена мера за да може да се изврши волјата на Јехова (Псалм 34:7). На пример:

  • Кога Јехова почнал да ги уништува градовите Содом и Гомор кои биле преполни со злоба, ангелите им помогнале на праведниот Лот и на неговото семејство да побегнат оттаму (1. Мојсеева 19:1, 15-26).

  • Кога во древниот град Вавилон тројца млади Евреи биле осудени на смрт и фрлени во вжарена печка, Бог испратил ангел и ги спасил (Даниел 3:19-28).

  • Откако праведниот Даниел поминал цела ноќ во јама со изгладнети лавови, утрото рекол: „Бог испрати свој ангел и им ја затвори устата на лавовите“ (Даниел 6:16, 22).

Еден ангел го штити Даниел од лавовите

Ангелите уште многу одамна им помагале на верните луѓе

АНГЕЛИТЕ ИМ ПОМАГАЛЕ НА ХРИСТИЈАНИТЕ ВО ПРВИОТ ВЕК

Понекогаш, Божјите ангели им помагале на христијаните во првиот век за да може да се исполни Јеховината намера. На пример:

  • Еден ангел ја отворил вратата на затворот во кој биле апостолите и им рекол да појдат во храмот за да продолжат да проповедаат таму (Дела 5:17-21).

  • Еден ангел му рекол на проповедникот Филип да оди по еден пуст пат кој водел од Ерусалим до Газа за да му проповеда на еден Етиопјанец кој претходно бил во Ерусалим за да му се поклони на Бог (Дела 8:26-33).

  • Кога дошло времето што Бог го одредил за да можат да станат христијани не само Евреите туку и луѓе од сите народи, еден ангел му се појавил во видение на римскиот воен заповедник Корнелиј и му рекол да го повика апостол Петар во својот дом (Дела 10:3-5).

  • Кога апостол Петар бил во затвор, еден ангел му се појавил и му помогнал да излезе на слобода (Дела 12:1-11).

КАКО МОЖАТ АНГЕЛИТЕ ДА ТИ ПОМОГНАТ И ТЕБЕ

Не постојат докази дека Бог и денес ги користи ангелите за да им помага на луѓето со чудо исто како во минатото. Сепак, во врска со нашето време, Исус рекол: „Оваа добра вест за царството ќе биде проповедана по целиот свет, за сведоштво на сите народи, и тогаш ќе дојде крајот“ (Матеј 24:14). Дали знаеш дека учениците на Христос го извршуваат тоа дело со помош на ангелите?

Луѓе минуваат покрај количка за сведочење

Ангелите помагаат да се објави добрата вест по целата Земја

Во библиската книга Откровение пишува дека ангелите ќе им помагаат на луѓето од целиот свет да дознаат за Јехова Бог и за неговата намера со луѓето. Апостол Јован напишал: „Видов еден друг ангел како лета среде небото, носејќи вечна добра вест за да им ја објави на оние што живеат на земјата — на секој народ и племе и јазик и народност. И зборуваше со силен глас: ’Бојте се од Бог и оддајте му слава, зашто дојде часот на неговиот суд! Поклонете му се на оној што ги создаде небото и земјата и морето и изворите на вода‘“ (Откровение 14:6, 7). Многу искуства од денешно време покажуваат дека ангелите имаат свој удел во делото на проповедање ширум светот. Навистина, кога некој ќе се покае поради своите гревови и ќе застане на страната на Јехова, „радоста меѓу Божјите ангели“ на небото е огромна (Лука 15:10).

Што ќе се случи кога делото на проповедање ќе заврши? Тогаш „небесните војски“ од ангели заедно со Исус Христос, Царот над Царевите, ќе учествуваат во војната Армагедон, „која ќе се случи во големиот ден на Семоќниот Бог“ (Откровение 16:14-16; 19:14-16). Кога Господарот Исус „ќе изврши одмазда над оние што... не ѝ се покоруваат на добрата вест“, во извршувањето на Божјата пресуда ќе учествуваат и моќни ангели (2. Солуњаните 1:7, 8).

Можеме да бидеме уверени дека ангелите се заинтересирани за секого од нас. Тие се грижат за доброто на сите што имаат желба да му служат на Јехова Бог, кој преку нив многупати ги штител своите верни слуги на Земјата и им помагал (Евреите 1:14).

Секој од нас стои пред важна одлука. Дали ќе ја прифатиме добрата вест што се објавува по целата Земја? Јеховините сведоци од твоето место со задоволство ќе ти помогнат да направиш сѐ што е потребно за да извлечеш корист од делото што го извршуваат Божјите моќни ангели.

Нешто повеќе за тоа што вели Библијата за верните и неверните ангели можеш да прочиташ во поглавје 10 од книгата Што навистина учи Библијата?, која е издадена од Јеховините сведоци. Можеш да ја најдеш на jw.org/mk.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели