ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w18 Декември стр. 10-14
  • Почитувај го бракот како дар од Бог

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Почитувај го бракот како дар од Бог
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2018
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ПРИВРЕМЕНИ ПРОМЕНИ ВО БРАЧНАТА ЗАЕДНИЦА
  • КОЈА Е ЕДИНСТВЕНАТА ОСНОВА ЗА РАЗВОД
  • ПОЧИТУВАЈ ГО БРАКОТ ДУРИ И КОГА ЌЕ СЕ ПОЈАВАТ ГОЛЕМИ ПРОБЛЕМИ
  • Прашања од читателите
    The Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2022
  • Ако бракот е пред распаѓање
    Тајната на семејната среќа
  • Зошто бракот треба да се смета за света работа?
    Разбудете се! 2004
  • Бракот — дар од Бог со посебна цел
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2016
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2018
w18 Декември стр. 10-14
Исус поучува мноштво луѓе собрани околу него

Почитувај го бракот како дар од Бог

Бог што составил, човек да не разделува! (МАР. 10:9)

ПЕСНИ: 131, 132

КАКО БИ ОДГОВОРИЛ?

  • Какво гледиште за бракот имаат Јехова и Исус?

  • Која е единствената библиска основа за развод, но зошто некои можеби ќе одлучат да не се разведат?

  • Кој совет треба да го земе предвид оној што размислува да се одвои од својот брачен другар?

1, 2. На што треба да нѐ поттикнат зборовите од Евреите 13:4?

СИТЕ ние како Божји слуги со задоволство му укажуваме чест на Јехова. Тој го заслужува тоа, а за возврат ветува дека ќе ни укаже чест нам (1. Сам. 2:30; Изр. 3:9; Отк. 4:11). Исто така, Јехова сака да им покажуваме почит и на луѓето како, на пример, претставниците на власта (Рим. 12:10; 13:7). Но посебно треба да покажуваме почит на едно важно подрачје од животот — бракот.

2 Апостол Павле напишал: „Бракот нека биде чесен меѓу сите и брачната постела нека биде чиста“ (Евр. 13:4). Со ова Павле дал многу важен совет. Тој ги поттикнал христијаните да го почитуваат бракот, односно да го сметаат за нешто скапоцено. Дали и ти така гледаш на бракот, особено на твојот брак?

3. Каков важен совет дал Исус во врска со бракот? (Види ја сликата на почетокот од статијата.)

3 Ако гледаш на бракот како на нешто скапоцено, го следиш примерот на Исус. Неговиот став кон бракот се гледа од следнава ситуација. Кога фарисеите му поставиле прашање за разводот, тој се осврнал на она што Бог го кажал за првиот брак: „Затоа човекот ќе ги остави татка си и мајка си, и двајцата ќе бидат едно тело“. Потоа Исус додал: „Бог што составил, човек да не разделува“. (Прочитај Марко 10:2-12; 1. Мој. 2:24.)

4. Каква намера имал Јехова во врска со бракот?

4 Со ова Исус потврдил дека Бог е оној што го создал бракот и дека брачната врска треба да биде нераскинлива. Кога го склопил првиот брак, Бог не кажал дека Адам и Ева можат да се разведат. Напротив, негова намера била тие да останат во брак засекогаш!

ПРИВРЕМЕНИ ПРОМЕНИ ВО БРАЧНАТА ЗАЕДНИЦА

5. Како смртта влијае врз брачната заедница?

5 Како што знаеме, кога Адам му згрешил на Бог, многу работи се промениле. Една од тие промени било тоа што луѓето почнале да умираат, и ова влијаело врз брачната заедница. Апостол Павле им објаснил на христијаните дека, ако едниот сопружник почине, другиот има право повторно да стапи во брак (Рим. 7:1-3).

6. Што учиме од Мојсеевиот закон за тоа како Бог гледа на бракот?

6 Во Законот што Бог им го дал на Израелците имало упатства во врска со бракот. Законот дозволувал полигамија, односно еден маж да има повеќе жени. Овој обичај постоел уште пред Бог да го даде Законот. Сепак, во него имало конкретни упатства со кои се штителе правата на жените и децата во таквите бракови. На пример, ако некој Израелец се оженел со робинка и подоцна си земел уште една жена, тој сѐ уште морал да ги задоволува потребите на првата жена како што правел и претходно. Бог барал тој и понатаму да ја штити и да се грижи за неа (2. Мој. 21:9, 10). Иако денес не сме под Мојсеевиот закон, сепак од него гледаме дека бракот е многу скапоцен во Божји очи. Ова ни помага и нам да го цениме бракот.

7, 8. а) Според 5. Мојсеева 24:1, што пишувало во Мојсеевиот закон во врска со разводот? б) Како гледа Јехова на разводот?

7 А што пишувало во Мојсеевиот закон во врска со разводот? Иако Јехова никогаш немал намера еден маж и една жена да се разведат, Законот дозволувал еден Израелец да се разведе од својата жена ако „нашол на неа нешто недолично“. (Прочитај 5. Мојсеева 24:1.) Во Законот не било опишано што се сметало за „нешто недолично“. Но тоа сигурно не била некоја мала работа, туку нешто срамотно и многу сериозно (5. Мој. 23:14). За жал, во времето на Исус, многу Евреи се разведувале „од која и да било причина“ (Мат. 19:3). Ние сигурно не би сакале да стекнеме таков став.

8 Во времето на пророкот Малахија, било вообичаено еден маж да се разведе од првата жена, можеби за да се ожени за помлада жена која не му служела на Јехова. Но Бог многу јасно кажал како гледа на разводот. Тој рекол: „Јас го мразам разводот“ (Мал. 2:14-16). Ова е во склад со она што го кажал и во врска со првиот брак: „Човек... ќе се прилепи до својата жена, и тие двајцата ќе станат едно тело“ (1. Мој. 2:24). Исус го поддржал гледиштето на својот Татко во врска со бракот, кога рекол: „Бог што составил, човек да не разделува!“ (Мат. 19:6).

Како реагирал Бог на неверноста на Израел

Израел и Јуда му станале неверни на Јехова. Тие склучувале сојузи со пагански народи и обожавале лажни богови. Бог ги осудил затоа што правеле „прељуба со камења и со дрвја“ (Ерем. 2:13, 20; 3:1-3, 9; спореди со Езекиел 16:28; Јаков 4:4). Бидејќи не се смениле и продолжиле да постапуваат како сопруга што врши прељуба, Бог одлучил да го стори следново: „Кога го видов тоа, ја отпуштив неверницата Израел поради прељубата што ја направи и ѝ дадов потврда за развод“ (Ерем. 3:6-8).

КОЈА Е ЕДИНСТВЕНАТА ОСНОВА ЗА РАЗВОД

9. Што значат зборовите од Марко 10:11, 12?

9 Некој би можел да праша: „Дали постои некаква основа еден Божји слуга да се разведе и повторно да стапи во брак?“ Забележи што рекол Исус: „Секој што ќе се разведе од својата жена и ќе се ожени со друга, прави прељуба спрема првата. И ако жената се разведе од мажот, па се омажи за друг, прави прељуба“ (Мар. 10:11, 12; Лука 16:18). Од ова јасно се гледа дека Исус го почитувал бракот, а сакал и другите да имаат таков став. Ако некој маж се разведе од својата верна жена и повторно стапи во брак, всушност прави прељуба. Истото важи и за жена која би се развела од својот верен маж. Ова е така бидејќи разводот сам по себе не значи крај на бракот. Во Божји очи тие двајца сѐ уште се „едно тело“. Освен тоа, Исус рекол дека, ако еден маж се разведе од својата недолжна жена, ја доведува во опасност да направи прељуба. Како? Во тоа време, една разведена жена можеби ќе морала да се премажи од економски причини. Со тоа, всушност, би направила прељуба.

Единствената библиска основа за развод

Во две прилики, Исус рекол дека единствената основа за развод со можност повторно да се стапи во брак е порниа. Што значи овој грчки збор? Тој се однесува на сексуални односи надвор од брак кој е склопен во склад со библиските мерила. Порниа вклучува прељуба, проституција, сексуални односи помеѓу лица што не се во брак, како и орален и анален секс и милување на половите органи на лице со кое некој не е во брак. (Види ја статијата „Прашања од читателите“ во Стражарска кула од 15 јули 2006.)

10. Која е единствената основа за развод со можност повторно да се стапи во брак?

10 Исус кажал која е единствената основа за развод: „Ви велам, секој што ќе се разведе од својата жена, освен поради блуд [грчки: порниа], и ќе се ожени со друга, прави прељуба“ (Мат. 19:9). Истата мисла ја повторил и во Проповедта на гората (Мат. 5:31, 32). И во двата случаи, Исус зборувал за „блуд“, односно за сексуален неморал. Во тоа спаѓаат гревови како што се прељуба, проституција, хомосексуалност, сексуални односи со животни и сексуални односи меѓу лица што не се во брак. На пример, ако некој маж што е во брак направи неморал, неговата жена може да одлучи дали ќе се разведе или не. Ако се разведе, во Божји очи тоа значи крај на нивниот брак.

11. Зошто некој Божји слуга би можел да одлучи да не се разведе иако има библиска основа за тоа?

11 Забележи дека Исус не рекол дека еден брак мора да заврши со развод ако некој од брачните другари направи сексуален неморал (порниа). На пример, сопругата може да одлучи да го зачува бракот и покрај тоа што сопругот направил неморал. Зошто? Можеби таа сѐ уште го сака и можеби е спремна да му прости и да се обиде заедно со него да го подобрат својот брак. Освен тоа, ако се разведе, а не се премажи, може да се соочи со одредени тешкотии. Како ќе ги задоволи своите материјални и сексуални потреби? Дали ќе се чувствува осамено? Како разводот ќе се одрази врз нивните деца? Дали ќе ѝ биде потешко сама да ги поучува за Јехова? (1. Кор. 7:14). Јасно е дека недолжниот сопружник што ќе одлучи да се разведе ќе се соочи со сериозни тешкотии.

12, 13. а) Што се случило во бракот на Осија? б) Зошто Осија повторно ја зел Гомер кај себе, и што можеме да научиме од нивниот брак?

12 Од она што го доживеал пророкот Осија можеме многу да научиме за тоа како Бог гледа на бракот. Бог му кажал на Осија да стапи во брак со една жена по име Гомер, „која ќе направи блуд и ќе роди деца од блуд“. Гомер и Осија добиле син (Оси. 1:2, 3). Подоцна, таа родила ќерка и уште еден син, веројатно од друг маж. Иако Гомер повеќепати направила прељуба, Осија останал во брак со неа. По некое време, таа го напуштила Осија и станала робинка. Сепак, тој ја откупил и ја вратил кај себе (Оси. 3:1, 2). Јехова го употребил Осија за да покаже дека Тој одново и одново му простувал на Израел, иако народот му бил неверен и им служел на други богови. Што можеме да научиме од бракот на Осија?

13 Ако едниот брачен другар направи неморал, другиот мора да одлучи што ќе прави. Исус рекол дека во ваква ситуација недолжниот сопружник има основа да се разведе и повторно да стапи во брак. Сепак, недолжниот сопружник може да одлучи да прости. Тоа не би било погрешно. Како што видовме, Осија повторно ја зел Гомер кај себе. Кога таа се вратила кај Осија, тој ѝ кажал дека не смее да има сексуални односи со друг маж. Одреден период, Осија немал односи со својата сопруга (Оси. 3:3). Но, по некое време, тој сигурно повторно имал односи со неа. Ова укажувало на спремноста на Бог повторно да ги прифати Израелците како свој народ (Оси. 1:11; 3:3-5). Што учиме од ова за бракот денес? Ако недолжниот сопружник повторно има сексуални односи со брачниот другар што направил неморал, со тоа покажува дека одлучил да прости и да го зачува бракот (1. Кор. 7:3, 5). Во таков случај повеќе нема основа за развод. Оттогаш, и мажот и жената треба заедно да си помагаат да го доведат својот брак во склад со Божјите мерила.

ПОЧИТУВАЈ ГО БРАКОТ ДУРИ И КОГА ЌЕ СЕ ПОЈАВАТ ГОЛЕМИ ПРОБЛЕМИ

14. Според 1. Коринќаните 7:10, 11, што може да се случи во бракот?

14 Сите Божји слуги треба да покажуваат почит кон бракот исто како што покажуваат Јехова и Исус. Но, поради несовршеноста, тоа не им успева на некои (Рим. 7:18-23). Затоа не треба да се изненадиме што некои христијани во првиот век имале големи брачни проблеми. Павле напишал „жената да не си заминува од мажот“. Но понекогаш тоа се случувало. (Прочитај 1. Коринќаните 7:10, 11.)

Двајца старешини му даваат библиски совет на еден брачен пар

Како една брачна двојка може да си го спаси бракот во кој има многу проблеми? (Види во пасус 15)

15, 16. а) Каква цел треба да имаат брачните другари кога ќе се појават проблеми во бракот, и зошто? б) Како ова важи и во случај кога едниот сопружник не му служи на Јехова?

15 Павле не објаснил поради кои ситуации некои брачни другари одлучувале да се одвојат. Проблемот не бил во тоа дека, на пример, мажот направил неморал. Во тој случај сопругата би имала основа да се разведе и да се премажи. Павле напишал дека една жена што живее одвоено од својот маж треба да „остане немажена“ или да „се помири со мажот“. Во Божји очи тие двајца сѐ уште биле во брак. Павле рекол дека, без разлика какви проблеми имаат брачните другари, ако никој од нив не направил сексуален неморал, нивна цел треба да биде да се помират, односно да ги решат проблемите и да останат заедно. Би можеле да побараат помош од старешините. Старешините нема да заземат страна, туку ќе дадат практичен совет на темел на Библијата.

16 Меѓутоа, што ако само едниот брачен другар му служи на Јехова и живее според Божјите мерила? Кога ќе се појават проблеми во нивниот брак, дали е прифатливо да се одвојат? Како што веќе спомнавме, Библијата вели дека сексуалниот неморал е оправдана причина за развод. Но во неа не пишува од кои причини некој би можел да живее одвоено од брачниот другар. Павле напишал: „Жена која има маж што не е верник, и тој се согласува да живее со неа, нека не го остава мажот“ (1. Кор. 7:12, 13). Тоа важи и за нас денес.

17, 18. Зошто некои Божји слуги останале со сопружникот и покрај тоа што биле во многу тешка ситуација?

17 Меѓутоа, има случаи во кои мажот, кој не е верник, со своето однесување покажува дека не се „согласува да живее“ со сопругата. Жената можеби од него трпи тешко физичко малтретирање, па дури и до степен што таа смета дека здравјето или животот ѝ се загрозени. Можеби сопругот одбива да се грижи за неа и за семејството во материјален поглед. Можеби се обидува потполно да ја спречи да му служи на Бог. Во такви случаи, некоја христијанка можеби ќе заклучи дека сопругот не „се согласува да живее со неа“, без разлика на тоа што вели тој, и затоа можеби ќе одлучи дека мора да се одвојат. Но некои христијанки, и покрај тоа што биле во слична ситуација, одлучиле да останат со својот сопружник и се обиделе да ги подобрат односите. Зошто донеле таква одлука?

18 Една причина е тоа што брачните другари кои ќе се одвојат, во Божји очи сѐ уште се во брак. Освен тоа, доколку живеат одвоено и двајцата ќе се соочат со проблемите што претходно ги спомнавме. Апостол Павле дал уште една причина зошто би било добро брачните другари да останат заедно. Тој напишал: „Мажот кој не е верник е посветен преку својата жена, и жената која не е верница е посветена преку братот. Инаку вашите деца би биле нечисти, а сега се свети“ (1. Кор. 7:14). Многу од верните Божји слуги кои одлучиле да останат со сопружникот и покрај тоа што биле во тешка ситуација, подоцна се радувале што направиле таква жртва бидејќи сопружникот станал Јеховин сведок. (Прочитај 1. Коринќаните 7:16; 1. Пет. 3:1, 2.)

19. Зошто има голем број успешни бракови во христијанските собранија?

19 Исус дал совет во врска со разводот, а апостол Павле дал совет во врска со одвојувањето. И двајцата сакале Божјите слуги да ја почитуваат брачната заедница. Денес, во христијанските собранија низ целиот свет има голем број успешни бракови. Веројатно и во твоето собрание има многу бракови во кои мажите покажуваат љубов кон своите жени, а жените длабоко ги почитуваат своите мажи. На овој начин тие потврдуваат дека и денес е можно да се покажува почит кон бракот. Среќни сме што милиони брачни парови се жив доказ дека следниве Божји зборови се вистинити: „Човекот ќе ги остави татка си и мајка си и ќе се прилепи до својата жена и тие двајцата ќе станат едно тело“ (Еф. 5:31, 33).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели