ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w22 Април стр. 30-стр. 31 пас. 4
  • Прашања од читателите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Прашања од читателите
  • The Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2022
  • Сличен материјал
  • Почитувај го бракот како дар од Бог
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2018
  • Прашања од читателите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • Што вели Библијата за разводот и за одвоеното живеење
    Зачувај ја Божјата љубов
  • По венчавката
    Како да ја зачуваш Божјата љубов
Повеќе
The Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2022
w22 Април стр. 30-стр. 31 пас. 4

Прашања од читателите

Ако еден христијанин се разведе од својата жена без библиска основа и стапи во брак со друга, како треба собранието да гледа на претходниот и на новиот брак?

Во таков случај, собранието ќе го смета претходниот брак за завршен, а новиот брак за важечки. За да ги разбереме причините зошто го велиме ова, да разгледаме што рекол Исус во врска со разводот и повторното стапување во брак.

Еден брат гледа во еден маж и една жена кои седат заедно на собраниски состанок.

Во Матеј 19:9, Исус кажал која е единствената библиска основа за развод. Тој рекол: „Секој што ќе се разведе од својата жена, освен поради блуд, и ќе се ожени со друга, прави прељуба“. Од зборовите на Исус учиме 1) дека блудот, односно сексуалниот неморал, е единствената библиска основа за развод и 2) дека секој што ќе се разведе од својата жена без да има библиска основа и ќе стапи во брак со друга прави прељуба.a

Дали зборовите на Исус укажуваат на тоа дека оној што ќе направи сексуален неморал и ќе се разведе од својата жена е библиски слободен повторно да стапи во брак? Не мора да значи. Кога сопругот ќе направи прељуба, невиниот брачен другар, односно жената, одлучува дали ќе му прости или не. Доколку таа не му прости и законски се разведат, и двајцата се слободни повторно да стапат во брак по завршувањето на бракоразводната постапка.

Од друга страна, сопругата можеби искрено ќе сака да го зачуваат бракот и ќе му каже на својот сопруг дека е спремна да му прости. Но, што ако сопругот кој направил прељуба не ја прифати понудата на жена му и се разведе од неа без нејзина согласност? Бидејќи таа е спремна да му прости и да остане во брак со него, тој не е библиски слободен да се прежени. Ако реши да стапи во брак со друга жена иако не е слободен да го стори тоа, повторно ќе направи прељуба. Затоа, старешините ќе треба повторно да формираат правен одбор за да го разгледаат неговиот случај (1. Кор. 5:1, 2; 6:9, 10).

Ако еден маж се прежени иако не е библиски слободен да го стори тоа, како треба собранието да гледа на претходниот брак и како на новиот? Дали претходниот брак сѐ уште е важечки од библиска гледна точка? Дали невиниот брачен другар сѐ уште може да одлучи дали на својот поранешен сопружник ќе му прости или не? Дали на новиот брак ќе се гледа како на прељубнички?

Во минатото, собранието го сметаше новиот брак за прељубнички сѐ додека невиниот брачен другар е жив, не стапи повторно во брак или не направи сексуален неморал. Сепак, Исус не го спомнал невиниот брачен другар кога зборувал за развод и за повторно стапување во брак. Напротив, тој објаснил дека оној што ќе се разведе од својата жена без библиска основа и ќе се ожени со друга, прави прељуба. Во таков случај, разводот и повторното стапување во брак, нешто што Исус го изедначил со прељуба, му ставаат крај на претходниот брак.

„Секој што ќе се разведе од својата жена, освен поради блуд, и ќе се ожени со друга, прави прељуба“ (Мат. 19:9)

Кога еден маж ќе се разведе од својата жена и ќе се ожени со друга, повеќе не постои можност неговата претходна жена, која е невина, да одлучи дали ќе му прости или не. Значи, таа нема да мора да ја донесе таа тешка одлука. Исто така, ставот на собранието кон новиот брак нема да зависи од тоа дали невиниот брачен другар по некое време ќе почине, ќе стапи повторно во брак или ќе направи сексуален неморал.b

Во примерот што го разгледавме погоре, сопругот направил прељуба и потоа дошло до развод. А што ако сопругот не направил прељуба, но се развел и потоа стапил во брак со друго лице? Или, што ако тој не направил прељуба пред да се разведе, но го сторил тоа по разводот и потоа стапил во брак со друго лице иако жена му била спремна да му прости? Во сите овие примери, со разводот и повторното стапување во брак, нешто што е еднакво на прељуба, се става крај на претходниот брак. Новиот брак е важечки од законска гледна точка. Во англиското издание на Стражарска кула од 15 ноември 1979 год., на стр. 32, пишува: „Тој сега е во нов брак и не може едноставно да го прекине и да се врати кај претходната жена; претходниот брак завршил со тоа што тој се развел, направил прељуба и повторно стапил во брак“.

Оваа промена во разбирањето не укажува на тоа дека на бракот сега гледаме како на помалку свет или дека прељубата ја сметаме за грев кој не е толку сериозен. Ако еден маж се разведе од својата жена без библиска основа и потоа стапи во брак со друга иако не е библиски слободен да го направи тоа, старешините ќе треба да формираат правен одбор, затоа што со тоа тој направил прељуба. (Доколку неговата нова сопруга е Сведок, и за неа ќе се формира правен одбор поради вршење прељуба.) Иако новиот брак нема да се смета за прељубнички, братот со години нема да може да добие одговорности и задачи во собранието бидејќи не ги исполнува условите. Всушност, тоа нема да се случи сѐ додека другите во собранието се вознемирени поради она што го направил во минатото или сметаат дека не заслужува почит. Пред да му дадат некоја задача, старешините исто така ќе треба да ги земат предвид сегашните околности на неговата претходна сопруга, која можеби тој ја оставил на подмолен начин така што испланирал да направи прељуба, како и околностите на малолетните деца кои тој можеби ги напуштил (Мал. 2:14-16).

Бидејќи разводот без библиска основа и повторното стапување во брак носат сериозни последици, христијаните покажуваат мудрост со тоа што се трудат да го имаат Јеховиното гледиште за бракот, односно да го сметаат за свет (Проп. 5:4, 5; Евр. 13:4).

a Поради едноставност, во оваа статија ќе зборуваме за оној што направил прељуба во машки род, а за невиниот брачен другар во женски род. Сепак, во Марко 10:11, 12, Исус јасно кажал дека овој совет подеднакво важи и за мажите и за жените.

b Ова е промена во разбирањето. Порано сметавме дека таквиот брак е прељубнички сѐ додека невиниот сопружник не почине, не стапи повторно во брак или не направи сексуален неморал.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели