Божествената поука врши моќно влијание
1 Колкава предност имаме што примаме упатства од Божествениот, нашиот Творец, Јехова Бог! (Пс. 49:1, НС; Иса. 30:20б). Мноштва од сите денешни нации се слеваат кон неговата планина на чисто обожавање за да бидат поучени од него (Мих. 4:2). Милиони други одат во училишта кои величаат човечко размислување и световна мудрост. Но, мудроста која го игнорира Јехова и неговата напишана Реч е лудост во очите на Бог, а оние кои се водени од неа стануваат безумни (Пс. 13:1; 1. Кор. 1:25).
2 Летоска, на нашиот обласен конгрес, ја искусивме на единствен начин моќта на божествената поука. Темата „Божествена поука“ ја проникнуваше целата програма. Научивме дека Божјата Реч, заедно со неговиот дух, нѐ обединува во светско братство, ја обликува нашата личност, нѐ штити од демонски науки и нѐ оспособува за подобри слуги. Како си извлекол корист ти лично од божествената поука?
3 Како се одразува на христијанскиот живот: Божествената поука ни помага да ја обликуваме својата совест. Секој се раѓа со совест, но за да нѐ води по патот на праведноста и во служба што му е угодна на Јехова, таа мора да се вежба (Пс. 18:7, 8; Рим. 2:15). Луѓето од светот го немаат обликувано своето размислување според Божјата Реч, па затоа се збунети и не се сигурни што е добро а што зло. Расправи на морални и етнички теми се распалуваат затоа што секој инсистира да го прави она што е исправно во негови очи. Повеќето луѓе сакаат тотална слобода кога го бираат својот пат во животот. Одбиваат да обрнат внимание на единствениот извор на вистинска мудрост (Пс. 110:10; Ерем. 8:9; Дан. 2:21). Но, божествената поука ни дала одговор на таквите спорни прашања, па ние остануваме обединети како Божје домаќинство бидејќи сме поучени од него. Непоколебливо се соочуваме со иднината со чиста совест и остануваме зафатени во нашата служба.
4 Божествената поука ни помага да му се спротивставиме на „секој ветар на лажните учења“ (Ефеш. 4:14). Не сме импресионирани од студиите по филозофија кои прават од луѓето критичари и скептици, охрабрувајќи ги на самоопределување, и ги водат кон морален распад. Уживаме кога Јехова нѐ поучува и така ги избегнуваме жалоста и чемерот што ги доживуваат многумина. Јеховините закони и потсетници се како ‚слово зад нас‘ кое вели: „Ете го патот, врвете по него!“ (Иса. 30:21).
5 Нашите состаноци и службата: Евреите 10:23-25 го гледаме како заповед од Бог. Јехова нѐ учи токму на собраниските состаноци. Дали имаме обичај секогаш да присуствуваме на состаноците, или посетувањето на состаноци го гледаме како помалку важно? Запомни, состанувањето е дел од нашето обожавање. Тоа не треба да се смета за незадолжително. Не можеме да си дозволиме да испуштиме било кој дел од духовната програма на хранење што Јехова ја подготвува за нас.
6 Мојсеј му се молел на Бог: „Научи нѐ така со десницата Твоја, па да се здобиеме со мудро срце“ (Пс. 89:12). Дали се молиме и ние така? Дали го цениме секој скапоцен ден? Ако постапуваме така, тогаш ќе „се здобиеме со мудро срце“ така што секој ден ќе го минуваме на достоен начин, на слава на нашиот Голем Подучувач, Јехова Бог. Божествената поука ќе ни помогне да го правиме тоа.