Водење на домашна библиска студија
1 Како се води делотворна домашна библиска студија? Кој ни е основниот пример? Како да се разгледуваат стиховите во студискиот материјал? Кој да ги чита пасусите? Покрај основната постапка за водење студија, што уште е потребно за да му се помогне на ученикот да ја направи вистината своја сопственост? Какви замки мора да се избегнуваат?
2 Како се води студија: Општо речено, домашна библиска студија се води според образецот на студијата на Стражарска кула. Прво, се чита пасусот што се разгледува. Потоа оној што ја води студијата го поставува отпечатеното прашање за тој пасус и му дозволува на ученикот да одговори. Ако тој се колеба, водителот треба да биде подготвен да постави насочувачки прашања кои ќе го наведат логично да размисли и да дојде до соодветен заклучок.
3 Разгледајте како библиските стихови се однесуваат на материјалот во пасусот. Покажи му на ученикот како да ги препознае цитираните стихови и разговарај со него како се применуваат. Ако стиховите се наведени но не се цитирани, добро е да се побараат во Библијата, под услов да не се премногу долги. Потоа дозволи му да ги прочита и да коментира како тие го поддржуваат или разјаснуваат она што е наведено во пасусот.
4 Помогни му на ученикот да ја направи вистината своја сопственост: Охрабрете ги учениците добро да се подготват за студијата. Нагласете дека читањето е битно за учење. Колку повеќе материјал ученикот ќе прочита и ќе медитира за него, толку подобро. Некои водители му даваат на ученикот да ги причита сите пасуси во текот на библиската студија. Други се менуваат со него во читањето. Треба добро да се просуди и да се има на ум духовниот напредок на ученикот.
5 Обработувањето на студискиот материјал на теоретски начин може да му помогне на ученикот да стекне спознание, но дали тој верува во она што го учи? Ако има намера вистината да ја направи своја сопственост, мора да види како материјалот се однесува на него лично. Што мисли тој за она што го учи? Како може да го употреби она што го научил? Употребувај проникливи прашања за да го достигнеш срцето на ученикот.
6 Избегнувај замки: Постојат и замки што треба да се избегнат кога се води библиска студија. Кога ќе се појават теми кои не се поврзани со материјалот што се разгледува, обично е најдобро за нив да се дискутира на крајот на студијата или во друга прилика. Исто така, важно е ученикот да одговара на прашањата со свои зборови наместо да чита од книгата. Тебе како водител ова ќе ти помогне да одредиш дали ученикот го разбира материјалот.
7 Зошто да не си поставиш за цел да водиш барем една библиска студија? Тоа не е тешка задача ако се потпираш на Јехова и ги следиш основните постапки на студијата на Стражарска кула. Најделотворниот начин да се поучуваат другите за вистината и да се прават ученици е да се води домашна библиска студија. Ако го правиш тоа, и ти можеш да ја доживееш радоста која доаѓа од потполното учествување во исполнувањето на Исусовата заповед од Матеј 28:19, 20.