ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 10/93 стр. 2
  • Службени состаноци за октомври

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Службени состаноци за октомври
  • Нашата служба за Царството 1993
  • Поднаслови
  • Седмица од 4. октомври
  • Седмица од 11. октомври
  • Седмица од 18. октомври
  • Седмица од 25. октомври
Нашата служба за Царството 1993
km 10/93 стр. 2

Службени состаноци за октомври

Седмица од 4. октомври

Песна 225

10 мин: Месни известувања и избрани Известувања од Наша служба за Царството. Предложи на кои начини може да се користат текуштите списанија на месното подрачје. Нагласи колку е важно да се дојде повторно на сите места кај што се оставени списанија со цел да се започне обиколка со списанија. Кога станарите ќе покажат дека се искрено заинтересирани, може да се понудат претплати.

15 мин: „Дали го почитуваш твоето место на обожавање?“ Говор на старешина темелен на статијата од Стражарска кула од 15. јуни 1993. Примени ги информациите на месните околности. Ако постои посебен проблем на кој треба да се укаже, тактично дај прикладен совет.

20 мин: Подзасили ја својата служба од куќа до куќа во текот на октомври. Надгледникот за служба или друг оспособен брат дискутира со присутните за значењето на службата од куќа до куќа. Сестраната литература што се нуди во октомври дозволува голем избор на понуди. Прикажи: 1) Објавител започнува разговор кој ќе води до една статија од текуштото Разбудете се! или Стражарска кула. Зависно од интересот што го покажува станарот, објавителот може да му ги понуди најновите списанија или да му даде трактат. 2) Објавител започнува разговор со мисли кои водат до книгата Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата. Соодветно на околностите, објавителот може да понуди книга или да одлучи да му понуди две списанија. 3) Објавител користи трактат за да започне неформален разговор, а потоа му нуди текушти списанија на заинтересираното лице. 4) Објавител кој прави посета при обиколката со списанија одлучува да понуди претплата. Таквата сестраност треба да ги охрабри сите објавители да ја подзасилат својата служба од куќа до куќа во текот на октомври. Без сомнение, некои во собранието овој месец ќе служат како помошни пионери. Можеби не е предоцна да се пријават и други кои се во можност да го сторат тоа.

Песна 42 и заклучна молитва.

Седмица од 11. октомври

Песна 4

10 мин: Месни известувања. Благајнички извештај. Прочитај ја благодарницата за донациите и пофали го собранието за великодушната поддршка на делото, како и за грижата за материјалните потреби на месното собрание. Накратко повтори ги подготовките за служба во текот на седмицата и изрази ценење за ревната поддршка на објавителите.

15 мин: „Користење на нашите списанија од куќа до куќа.“ Дискусија со присутните. Имаме добра причина да бидеме одушевени кога им ги нудиме списанијата на луѓето во службата на подрачјето и на оние на кои им сведочиме неформално. Иако списанијата се со датум и треба на денот за списанија да се понудат најновите, не треба да се воздржуваме да ги нудиме постарите списанија кога приликите го оправдуваат тоа. Само нека списанијата што ги нудиш бидат чисти и неоштетени. Оспособен објавител нека ја прикаже понудата опишана во пасус 4.

20 мин: „Божествената поука врши моќно влијание.“ Обработка на статијата со прашања и одговори. Колку што допушта времето, прочитај ги пасусите и цитираните стихови. Дозволи кратки коментари кои изразуваат лично ценење за извлечената корист од присуствувањето на конгресот и користењето на конгресните изданија.

Песна 44 и заклучна молитва.

Седмица од 18. октомври

Песна 65

5 мин: Месни известувања. Теократски вести.

15 мин: „Да покажуваме непристрасност во нашата служба.“ Прашања и одговори. Нагласи ги аспектите на оваа тема кои се од особен интерес на месното подрачје.

15 мин: „Посвети му внимание на пронајдениот интерес.“ Говор со неколку прашања упатени до присутните. Прикажи како објавители развиле интерес на месното подрачје, или еден објавител нека раскаже поново искуство кое покажува колку е вредно да се посетат оние кои зеле поединечни примероци на Разбудете се! и Стражарска кула.

10 мин: По потреба на собранието или подбудувачки говор за „Раните христијани и светот“, на основа на првата статија во Стражарска кула од 1. јули 1993. Нагласи дека е потребно и ние денес да го имитираме примерот на раните христијани.

Песна 60 и заклучна молитва.

Седмица од 25. октомври

Песна 75

10 мин: Месни известувања. Вклучи ги подготовките за служба на подрачјето за оваа седмица и сврти го вниманието на мисли од текуштите списанија кои објавителите можат да ги користат во службата на подрачјето во наредните денови. Ако допушта времето, накратко прикажи една или две понуди кои ќе бидат прикладни за месното подрачје. Потсети дека е потребно да се дојде повторно кај сите кои покажале интерес.

15 мин: Биди подготвен да ги утешиш оние кои се во тага (на основа на книгата Расудување, стр. 363-365 книгата Расудување). (3 мин.) Братот кој го води овој дел укажува дека Јеховините сведоци не ги отфрлаат сите обичаи кои се поврзани со смртта. (5 мин.) Прикажи како Сведок ќе му објасни на својот колега зошто Јеховините сведоци избегнуваат извесни традиционални обичаи на оплакување на мртвите, на основа на книгата Расудување, стр. 363, 364. (7 мин.) Дискутирај со присутните за делот под „Ако некој рече:“ на стр. 364, 365.

20 мин: „Водење на домашна библиска студија.“ Обработување на статијата со прашања и одговори. Изнеси добро извежбан приказ на објавител кој му помага на ученикот да разбере како наведените стихови ги поддржуваат информациите во пасусот што се разгледува. Во истиот приказ објавител користи потпрашања за да му помогне на ученикот да ја направи вистината своја сопственост. Користи избрани делови од книгата Обединети во обожавањето или Живеј засекогаш.

Песна 78 и заклучна молитва.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели