Помогни им на библиските ученици да се подготват за нивната студија
1 Библиските ученици кои се подготвуваат за нивната студија секоја седмица покажуваат искрен интерес за студијата и обично многу побрзо напредуваат духовно отколку оние кои не се подготвуваат. Понекогаш ученикот можеби не се подготвува затоа што не знае како. Можеби е неопходно да го поучиш како да се подготви. Како да се стори тоа?
2 Од самиот почеток, одвој малку време да се увериш дека ученикот разбира дека подготовката вклучува лично проучување. Многу луѓе, иако знаат да читаат, не научиле како се проучува. Водич за Теократската школа на проповедање, страници 32-42, пружа голем број корисни предлози кои можеби ќе можеш да му ги дадеш на ученикот ако е потребно.
3 Покажи му ја на ученикот вредноста на проучувањето: На ученикот можеш да му ја покажеш својата студиска книга во која ти си ги забележал или подвлекол клучните зборови и мисли. Дозволи му да види како со фрлање поглед на обележените делови може да се потсети на мислите кои ќе може да ги изрази со свои зборови. Така нема да дојде во искушение да чита цели делови од книгата кога одговара на прашања. Соодветното оспособување на овој степен ќе му помогне да дава содржајни коментари подоцна на собраниските состаноци. Неговите коментари ќе одразуваат ценење за материјалот што се разгледува и ќе ја изразуваат длабочината на неговото разбирање.
4 Поучи го да ја користи Библијата: Ученикот треба да научи како да ги пронаоѓа библиските стихови на кои се осврнува студискиот материјал. Кога ќе може да го стори тоа успешно, уште повеќе ќе сфати дека е вистински проучувач на Библијата. Иако отпрво треба да ја користи Содржината на библиските книги на почетокот од Библијата, треба да го охрабриш ученикот да се запознае со редоследот на 66-те библиски книги. Кога ќе го пронајде и ќе го прочита библискиот стих, помогни му да укаже на делот кој ја поддржува мислата што е изнесена во пасусот што се разгледува, а не да го одвлечат делови кои не се директно поврзани со моменталното проучување.
5 Како што ученикот напредува, охрабри го да ја чита Библијата од почеток до крај. Нагласи дека целата Библија е вдахновена Реч на Бог и дека вистинските христијани мора духовно да се хранат од неа (Мат. 4:4; 2. Тим. 3:16, 17).
6 Воведи други теократски прирачници: Кога ученикот доволно ќе напредува, може да почне да употребува други теократски прирачници. Со разбор, охрабри го да побара додатни информации од публикациите на Друштвото со кои ќе се запознае додека присуствува на собраниските состаноци. Поучи го како да ја користи Библијата. Кога ќе започне да ја прави својата лична теократска библиотека, покажи му како да ја користи Расудување на темел на Писмото, Индекс-от и другите публикации.
7 Ако ги поучуваме библиските ученици како да се подготват за нивната библиска студија, ќе ги опремиме да напредуваат во вистината како способни библиски ученици и откако ќе заврши нивната лична домашна библиска студија.