Одвојувај време за работа со списанија
1 Јехова одредил да има ‚добро [мир, НС], иднина и надеж‘ за оние кои ги следат неговите патишта (Ерем. 29:11). Информациите за овие изгледи навремено се изнесуваат во Стражарска кула и во Разбудете се! Овие списанија можат да им користат на сите видови луѓе под секакви околности (1. Тим. 2:4). Дали редовно одвојувате време ти и твоето семејство за делење на списанија?
2 Ако опаѓа бројот на местата каде што оставаш списанија, како да се поправи тој тренд? Една битна работа е да го одржиш живо твоето ценење за содржината на нашите списанија. Еден човек напишал: „Читањето на вашите списанија навистина претставува радосно доживување. Тие не се евтини, неквалитетни ‚утешители‘, туку содржат водство и упатство како да се направи животот смисловен“. Стражарска кула и Разбудете се! се продукти на внимателно истражување и се средства од „верниот и разумен роб“ (Мат. 24:45, НС). Тие се делотворни средства за достигнување на срцата на луѓето.
3 Биди запознаен со статиите во списанијата што ги нудиш. Барај делови кои обработуваат текушти проблеми во твоето место. Добро е да си подготвен за разговор со мажи, жени и млади кои можеби ќе ги сретнеш на вратите или на улица. Биди подготвен да покажеш како списанијата се однесуваат на поединци и на семејства како целина.
4 Имај ги на ум списанијата: Сведочењето со списанија треба да зазема значаен дел во твојот план за службата на проповедање. Кое е најдоброто време да нудиш списанија? Си се обидел ли да работиш од врата до врата околу час или повеќе во доцните попладневни часови или пред својата Собраниска студија на книга? Вечерното сведочење било мошне продуктивно на некои подрачја. Сабота е добар ден за делење списанија на различни начини, но и другите денови можат да се користат за оваа активност. Работата од куќа до куќа и од продавница до продавница треба да биде редовен дел од Денот за списанија.
5 Секој треба да има постојан контингент списанија со одреден број примероци од секое издание на списанијата за делење. Кога понекогаш имаш на располагање постари изданија, можеш да ги употребиш за да им ја покажеш на станарите разновидноста на теми која е застапена во списанијата. Одвреме навреме комплет постари примероци може да се оставаат и во пензионерски домови, старечки домови и болници во кои се дозволува тоа. Сите такви списанија може да се бројат како дадени списанија и треба да ги известуваш секој месец на своето ливче Извештај од служба.
6 Со применување на горните предлози, без сомнение, ќе доживееш пораст во бројот на списанија кои си во состојба да ги разделиш. Луѓето со чесни срца кои се оптоварени во животот во сегашниов зол систем ги ценат освежувачките информации какви што се наоѓаат во Стражарска кула и Разбудете се! Овие списанија навистина пружаат духовна храна која им е потребна на оние кои сакаат да постигнат Јеховино одобрување. Затоа, имај ги на ум списанијата и барај начини да ја зголемиш дистрибуцијата на овие вредни публикации на твоето подрачје.