Нуди ја книгата Прашања од младите
1 Иако овој месец се нуди книгата Откровение, може ќе одлучиш да ја понудиш книгата Прашања од младите ако разговараш со родител или со младинец кој е загрижен поради проблемите кои ги збунуваат младите луѓе.
2 Можеби ќе увидиш дека е прикладно да кажеш отприлика вака:
◼ „Не е лесно да растеш во вакви немирни времиња. Младите се соочуваат со многу нови ситуации кои бараат од нив да донесуваат сериозни одлуки. ‚Треба ли да пијам? Да земам дрога? Кое однесување со спротивниот пол е пристојно?‘ Кога младите прашуваат за овие основни работи, често се преплавени со противречни одговори. Што мислите, каде се обраќаат повеќето од нив за совет? [Дозволи одговор.] Оваа книга, Прашања од младите — Делотворни одговори, пружа корисни информации. [Сврти го вниманието на Содржината, покажувајќу му ја разновидноста на обработени теми.] На младите им требаат одговори што се директни и реалистични. Одговорите во оваа книга се поддржани со она што го вели Библијата.“
3 Еве уште една презентација што можеби ќе можеш да ја употребиш:
◼ „Младите луѓе денес се изложени на многу притисоци. Им треба помош за успешно да излезат на крај со нив. Кога се обидуваме да го сториме најдоброто за нив, зарем не бараме нешто што пружа практично водство? [Дозволи коментар.] Некои од најсилните притисоци доаѓаат од другите млади, од нивните врсници. Забележете ги сликите на 76. и 77. страница од оваа книга. [Насочи го вниманието на коментарите за овие слики и на пасусите испишани во курзив на 77. страница.] Следниве страници во ова поглавје даваат искрени, практични одговори.“
4 Ова бездруго се „времиња тешки“ особено за младите (2. Тим. 3:1). Книгата Прашања од младите може навистина да им пружи помош на младите луѓе успешно да се соочат со денешните предизвици. Нејзините 39 поглавја се богато илустрирани, а секое од нив е реалистично и практично. Затоа, кога и да се пружи прилика, биди спремен да ја употребиш оваа одлична публикација.