ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 12/96 стр. 8
  • Божјата Реч обезбедува водство

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Божјата Реч обезбедува водство
  • Нашата служба за Царството 1996
  • Сличен материјал
  • Библијата — Божји водич за сите луѓе
    Нашата служба за Царството 1997
  • Предложени презентации за служба на теренот
    Нашата служба за Царството 2005
  • Спознанието од Бог одговара на многу прашања
    Нашата служба за Царството 1997
  • Проповедај со увид
    Нашата служба за Царството 1996
Повеќе
Нашата служба за Царството 1996
km 12/96 стр. 8

Божјата Реч обезбедува водство

1 „Живееме во свет со премногу проблеми и многу малку решенија. Милиони редовно гладуваат. Расте бројот на оние кои се оддадени на дрога. Сѐ повеќе семејства се разделуваат. На вестите постојано се известува за инцест и семејно насилство. Воздухот што го дишиме и водата што ја пиеме постепено се загадуваат. Во меѓувреме, сѐ поголем број од нас стануваат жртви на криминалот.“

2 Вака почнува книгата Библијата — Реч Божја или човечка? Нејзиниот увод е дури и позначаен денес отколку пред седум години кога книгата беше издадена. Луѓето треба да знаат дека Божјата Реч дава водство и обезбедува решенија за сите проблеми што ги измачуваат. Во декември ќе настојуваме да им помагаме на луѓето со тоа што ќе им ја нудиме книгата Библијата — Реч Божја или човечка? Се разбира, ако само оставиме литература на некое лице, тоа не е гаранција дека тој ќе го прифати Божјето водство. Мораме да правиме повторни посети со цел да започнеме библиска студија. Ако вложуваме таков напор, помошта ни е засигурана (Мат. 28:19, 20). Еве како предлог некои презентации:

3 Ако сретнеш постаро лице, би можел да се обидеш со овој пристап:

◼ „Може ли да Ве прашам: Кога бевте помлад, како постапуваа луѓето во општеството еден со друг? [Дозволи одговор.] Сега работите се многу поинакви, нели? Што мислите, која е причината за таа промена? [Дозволи одговор.] Ние, всушност, го гледаме исполнувањето на едно пророштво од Библијата. [Прочитај 2. Тимотеј 3:1—5.] Освен точниот опис на светот каков што е денес, Библијата ветува еден подобар свет во блиска иднина. Поради тоа, секого го охрабруваме да ја чита Библијата“. Покажи ја книгата Библијата — Реч Божја или човечка? и истакни го 10. поглавје, кое објаснува друго пророштво што веќе сме виделе дека се исполнило. Понуди ја книгата. Ако понудата е прифатена, спомни ја подготовката за донации што го поддржува нашето светско дело.

4 Кога повторно посетуваш постаро лице на кое си му ја оставил книгата, би можел да речеш:

◼ „Кога разговаравме минатиот пат, се сложивме дека современото општество на многу начини се променило на полошо во споредба со тоа каков бил животот само пред неколку години. Но, навратив за да Ви покажам дека Библијата дава изгледи за подобар свет во иднината. [Прочитај Откровение 21:3, 4.] Сознанието дека ова е Божја Реч треба да нѐ охрабри да истражиме што друго има да каже Библијата“. Отвори ја книгата Реч Божја кај 14. поглавје и прочитај ги пасусите 3, 4. Понуди бесплатна домашна библиска студија.

5 Ако започнеш разговор со помладо лице, би можел да кажеш:

◼ „Би сакал да Ви поставам едно прашање: Како младо лице, мислите ли дека имате причина да бидете оптимистичен во врска со она што претстои? Како Вам Ви изгледа иднината? [Дозволи одговор.] За среќа, постои реална причина да се биде оптимистичен во врска со иднината. [Прочитај Псалм 36:10, 11.] Со оглед на тоа што луѓето имаат различни гледишта за Библијата и нејзината содржина, ја објавивме оваа книга Библијата — Реч Божја или човечка? Забележете ги причините што ги дава таа за да се чита Библијата. [Прочитај ги пасусите 16, 17 на страници 10, 11.] Штом се увериме дека она што го вели Библијата е точно, ние добиваме сигурна надеж за иднината. Ако сакате да ја прочитате оваа книга, радо ќе Ви оставам еден примерок“.

6 Кога навраќаш да го посетиш помладото лице кое ја прифатило книгата „Реч Божја“, би можел да почнеш со тоа што ќе кажеш:

◼ „Со ценење Ве слушав колку сте загрижен во врска со иднината. Сетете се дека Ви покажав еден библиски стих кој ни ветува една среќна и сигурна иднина. Еве уште еден. [Прочитај Откровение 21:3, 4.] Книгата што Ви ја оставив дава убедлив доказ дека Библијата е Божја Реч, а не човечка. Овој факт има длабоки значења. Забележете кои се тие. [Прочитај ги пасусите 1, 2 на страници 184, 185.] Ако сакате, мене ќе ми биде задоволство бесплатно да ја проучувам Библијата со Вас“. Ако е прифатена студија, прашај дали човекот има примерок од Библијата. Дај му на лицето можност да приложи донација.

7 Лице кое не знае каде да се обрати за водство за да излезе накрај со животните проблеми би можело да се одѕвие на овој пристап:

◼ „Живееме во време кога речиси секој е соочен со сериозни проблеми. Многумина се обраќаат за водство кон секакви видови советници. Некои бараат помош од спиритисти. Што мислите, каде можеме да најдеме здрав совет што навистина ќе биде делотворен за нас? [Дозволи одговор.] Библијата наведува еден важен факт што сите ние треба да го сфатиме“. Прочитај Јеремија 10:23. Отвори ја книгата Библијата — Реч Божја или човечка? на страница 187 и прочитај го 9. пасус. „Оваа книга ќе Ви помогне да разберете како, под Божјето Царство, ќе бидат отстранети сите наши проблеми. Дали би сакале да ја прочитате?“ Ако е прифатена, објасни ја нашата подготовка за донација.

8 Ако на првата посета си разговарал за човековата потреба од водство, на повторната посета би можел да ја продолжиш дискусијата со тоа што ќе речеш:

◼ „Кога првпат се сретнавме, се сложивме дека ако сакаме успешно да излеземе накрај со животните проблеми, потребно ни е водство од Бог. Со оглед на тоа, мислам дека ќе ги цените заклучните коментари што се направени во книгата што Ви ја оставив. [Прочитај ги пасусите 12, 13 на стр. 189 во книгата Реч Божја.] Мене ми е задоволство да Ви понудам бесплатен домашен курс за проучување на Библијата и јас сум спремен веднаш да Ви покажам како изгледа тоа“.

9 Јехова ќе ги благослови нашите напори додека им помагаме како на старите така и на младите да ја ценат вредноста на Божјата Реч и на нејзиното водство во нашиот живот (Псал. 118:105).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели