Стражарска кула и Разбудете се! — списанија на вистината
1 Изданието на Стражарска кула од 1. јануари 1994, стр. 22, нѐ потсети дека нашите списанија објавуваат „навремени статии кои се занимаваат со вистинските потреби на луѓето“. А ние сакаме да ги дистрибуираме колку што е можно повеќе. Во текот на април и мај, Стражарска кула и Разбудете се! ќе бидат главна понуда, а ќе се нуди и било која брошура, освен брошурата Училиште.
2 Работата од куќа до куќа ни ја пружа најдобрата прилика да ги врачиме овие списанија. Делотворното неформално сведочење и повторните посети исто така отвораат места за редовно оставање на списанија. Работењето на улица и посетувањето на деловни простории исто така се продуктивни начини да се зголеми дистрибуцијата.
3 Теми за дискусија: Изданието на Стражарска кула од 1. април ги разгледува темите „Подобар свет — зарем е само сон?“ и „Еден подобар свет — мошне блиску!“ Ова несомнено е во склад со целта на списанието да го објави Царството на Бог. Втората статија завршува така што покажува како еден вечен рај ќе стане реалност под владетелството на Христос Исус (Лука 23:43).
4 „Каде можеш да најдеш сигурно водство?“ е прашањето што се разработува во изданието од 15. април. Мајските изданија понатаму ќе ја истражуваат оваа тема во статиите „Ги задоволува ли религијата твоите потреби?“ и „Зошто да се чита Библијата?“ Треба да бидеме во состојба лесно да започнеме разговор со луѓето кои сметаат дека на нивниот живот му недостига смисла и цел.
5 Да се зголеми делењето на списанија: Стражарска кула од 1. јануари понуди четири предлога како да се зголеми делењето на списанија? Бевме охрабрени 1) да бидеме заинтересирани за списанијата. Кога ги читаме, треба малку да размислиме кои статии може да бидат најпривлечни за луѓето на нашето подрачје. Исто така, ако редовно носиме со себе по некој примерок, може да се најдеме во ситуација да им ги оставиме на колеги, соседи, наставници, соученици или продавачи.
6 Бевме потсетени 2) да ја задржиме нашата понуда едноставна. Избери една интересна мисла и изнеси ја со неколку збора. Ако списанието влезе во домот, тоа ќе може да му ‚зборува‘ на лицето што си го сретнал или на другите во тоа домаќинство.
7 Уште една потребна работа е 3) флексибилноста. Добро е да се имаат на ум различни статии за дискусија — една за млади, друга за мажи, а некоја трета за жени.
8 На крајот, треба 4) да си поставиме цел колку списанија ќе поделиме. Иако собранието не може да си постави за цел извесна квота, ние лично можеме да си поставиме. Тоа може да нѐ поттикне да бидеме одушевени додека ги нудиме списанијата. Ако секогаш земаме одреден контингент списанија, можеме да се трудиме да го зголемиме.
9 Ние сакаме и другите да знаат за Божјето Царство. Затоа, да ја искористиме потполно одличната помош што ни ја даваат списанијата во ширењето на пораката на Царството (Мат. 10:7).