Користи ги списанијата за да ја пренесуваш вистината
1 Вредноста на веродостојните, информации потврдени со факти се во голема мера потценети во денешново општество поради претераното рекламирање, лажните политички ветувања и неостварливите меѓународни тврдења. Стражарска кула и Разбудете се! се единствени во тоа што само тие ја објавуваат вистината за Божјето Царство и објаснуваат што мора сите да сторат за да се уживаат вечните благослови кои тоа ќе ги донесе.
2 Во една земја, некој службеник во министерството за информации кој ја сфатил вредноста на овие две списанија спремно се залагал да се добие одобрение за нивно растурање. Тој изјавил: „Стражарска кула ја сметам за едно од најдобрите списанија; мене лично ми е многу драго што можам да помогнам“. Ние имаме предност да им помагаме на другите така што ги растураме овие списанија кои можат да пренесат животоспасувачко спознание (Јован 17:3). Како ќе ги презентираш овие драгоцени списанија во текот на мај? Можеби ќе ти користат следниве предлози.
3 Ако ги нудиш уводните статии во „Стражарска кула“ од 15. мај, можеш да речеш:
◼ „Разговараме со луѓето за најпродаваната книга во светот. Знаете ли која е таа? [Дозволи одговор.] Зборуваме за Библијата. Мора да постојат мошне добри причини поради кои толку многу луѓе ја купуваат. Причината се наоѓа во 2. Тимотеј 3:16.“ Откако ќе го прочиташ стихот, истакни соодветни мисли од една од статиите.
4 Или, после краток увод, можеш да го кажеш отприлика ова:
◼ „Веројатно сте забележале дека во последниве години ширум светот се зголемува загриженоста околу проблемите со кои се соочуваат децата. Кои проблеми околу децата на ова подрачје се загрижувачки за вас?“ Дозволи одговор. Укажи на некои од сериозните проблеми низ кои минуваат децата по целиот свет, како што се разгледани во уводните статии од Разбудете се! од 8. мај, и насочи го вниманието на решението што го нуди Божјето Царство.
5 Во својот список на повторни посети, веројатно имаш и попис на оние кои на почетокот покажале мал интерес, но немало резултати. Со оглед дека постоела само мала заинтересираност, можеби сметаш дека не треба да го посетуваш и понатаму. Но може да го користиш овој попис за да ја прошириш листата за обиколка со списанија. Кога ќе забележиш статија за која сметаш дека ќе биде посебно привлечна за одредено лице, настојувај да го посетиш и да му го понудиш списанието.
6 Неформално сведочење: Ова е извонреден начин да се создаде интерес за списанијата. Дискретно покажување на привлечната насловна страница на списанието може да е доволно за да се започне разговор. Една сестра оставала на својата работна маса по неколку примерока за нејзините колеги да можат да ги видат додека поминуваат; имала можност да врачи неколку од нив. Настојувај да носиш со себе по неколку примерока и преземи иницијатива да ги понудиш овој месец кога пазариш, кога си на училиште, се возиш во автобус или доаѓаш во контакт со други луѓе на било кое друго место.
7 Со помош на Стражарска кула и Разбудете се!, ние сме нашле одговори на битни прашања за Јехова и неговото обожавање. Затоа сакаме да ги користиме овие списанија на секој можен начин да им помогнеме на другите да го запознаат Јехова, ‚Богот на вистината‘ (Пс. 30:5).