Прашања
◼ Што треба да носиме со себе на состаноците?
Секоја седмица, на собраниските состаноци примаме корисни упатства и охрабрувања (Иса. 48:17; Евр. 10:24, 25). Меѓутоа, колкава корист ќе извлечеме зависи во голема мера од тоа дали доаѓаме добро подготвени или не.
Добро ќе е секој член на семејството да има свој материјал за проучување и други потребни работи за состаноците. Тука спаѓаат Библијата, песнарката, публикацијата(-ите) што се проучува, бележник и молив или пенкало.
За Теократската школа за проповедање потребни се Распоредот за Теократска школа на проповедање и Водич за Теократска школа за проповедање. Овие работи ќе ни помогнат да ја имаме на ум темата на ученичките говори што се одржуваат и да го следиме надгледникот на школата кога ќе дава совети. Лично можеме да ги применуваме советите и предлозите со цел да ги подобриме своите говори и презентации во службата. Од јануари наваму, повеќето поучни говори се на темел на книгата Обединети во обожавањето на единствениот вистински Бог. Би било практично секој член на семејството да носи свој примерок кога се разгледуваат информации од оваа публикација.
За Состанокот за служба треба да ја носиме последната Наша служба за Царството и книгата Расудување. Понеси ги сите публикации што ќе бидат употребени во текот на состанокот, како што е литературата што ќе се користи во изнесените презентации. Старешините треба да имаат примерок од Организирано да ја извршуваме нашата служба.
Родителите треба да настојуваат нивните деца да седат мирно и да внимаваат на собраниските состаноци. Ако им се даде личен примерок од Стражарска кула и од други публикации, уште пред да знаат да читаат, ќе бидат охрабрени да се интересираат. Кога младите се учат да ги почитуваат теократските публикации и да ги користат, се формираат доживотни, здрави духовни навики.
Радоста и задоволството што произлегува од собраниските состаноци се постигнува во голема мера кога ќе се дојде потполно опремен (2. Тим. 3:17, НС). Ова е најдобриот начин да се осигураме дека сме ‚исполнети со познавање на [Божјата] волја во секоја мудрост и духовно разбирање‘ (Кол. 1:9).