ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 9/11 стр. 2
  • Јехова нѐ поучува за ова дело

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Јехова нѐ поучува за ова дело
  • Нашата служба за Царството 2011
  • Сличен материјал
  • Школа што нѐ опремува за она што е најважно
    Нашата служба за Царството 2002
  • Обука за објавителите на Царството
    Божјето Царство владее!
  • Како ни користи Теократската школа за служба
    Нашата служба за Царството 2004
  • Извлечи корист од програмата на Теократската школа за служба за 1999
    Нашата служба за Царството 1998
Повеќе
Нашата служба за Царството 2011
km 9/11 стр. 2

Јехова нѐ поучува за ова дело

1. Што прави Јехова кога им дава на луѓето некоја задача?

1 Кога Јехова им дава некоја задача на луѓето, им ја дава и потребната помош за да ја извршат. На пример, кога му рекол на Ное да изгради арка, нешто што Ное никогаш порано не го правел, Јехова му кажал и како да ја гради (1. Мој. 6:14-16). Кога кроткиот пастир Мојсеј добил задача да оди кај старешините на Израел и кај фараонот, Јехова го уверил: „Јас ќе бидам со твојата уста и ќе те научам што да кажеш!“ (2. Мој. 4:12). Јехова ни нас не нѐ оставил сами на себе во врска со задачата да ја проповедаме добрата вест. Тој нѐ поучува за ова дело преку Теократската школа за служба и преку Состанокот за нашата служба. Како можеме да извлечеме целосна корист од оваа обука?

2. Како можеш да извлечеш корист од Теократската школа за служба?

2 Теократската школа за служба: Пред секој состанок прочитај го и проучи го материјалот што е на распоред за таа седмица. Потоа, кога ќе видиш како учесниците ги користат овие информации во своите говори, и ти ќе стануваш повешт во поучувањето (Изр. 27:17). Носи ја со себе книгата Школа за служба и користи ја како прирачник. Кога надгледникот на школата ќе се осврне на книгата по секој говор на учесниците, подвлечи ги главните мисли што би сакал да ги примениш и прави си забелешки на маргините, т.е. на краевите од страниците. Но, најголема корист од оваа школа ќе извлечеш ако учествуваш. Дали си запишан во неа? Кога ќе добиеш задача, добро подготви се и примени ги советите што ќе ги добиеш. Кога си во служба, користи го она што си го научил.

3. Што ќе ни помогне да извлечеме корист од Состанокот за нашата служба?

3 Состанокот за нашата служба: Предлозите што се изнесуваат на овој состанок ќе ги запомниме подобро ако однапред го прочитаме материјалот и ако се подготвиме да коментираме. Ако нашите коментари се кратки, ќе можат да учествуваат повеќе присутни. Добро внимавај на приказите и користи ги сите предлози за кои сметаш дека ќе ја подобрат твојата служба. Кога во Нашата служба за Царството има статии што се корисни за службата, чувај ги за кога ќе ти притребаат во иднина.

4. Зошто треба добро да ги користиме поуките што ни ги дава Бог?

4 Исто како задачите што ги добиле Ное и Мојсеј, и нашата задача да ја проповедаме добрата вест по целиот свет си носи предизвици (Мат. 24:14). Но можеме успешно да ја завршиме ако се потпираме на Јехова, нашиот Најголем Учител и ако добро ги користиме поуките што тој ни ги дава (Иса. 30:20).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели