ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 6/95 стр. 4
  • Помогни им на оние кои немаат вера

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Помогни им на оние кои немаат вера
  • Нашата служба за Царството 1995
  • Сличен материјал
  • Да им помагаме на другите да му оддаваат чест на нашиот Творец
    Нашата служба за Царството 1994
  • Јехова е нашиот Творец
    Нашата служба за Царството 1995
  • Како да ја нудиме книгата Што учи Библијата
    Нашата служба за Царството 2006
  • Предложени презентации за служба на теренот
    Нашата служба за Царството 2005
Повеќе
Нашата служба за Царството 1995
km 6/95 стр. 4

Помогни им на оние кои немаат вера

1 Во овие модерни времиња стана популарно да се биде сметан за образован и напреден во размислувањата. Се возвишуваат човечки филозофии и чудни теории, а духовните вредности се игнорираат. Искрените луѓе кои се заинтересирани за едноставни факти и разбирливи вистини, радо ќе ја искористат приликата да ја разгледаат книгата Животот — Како настанал? Преку еволуција или преку создавање? Оваа книга може да им помогне на оние кои немаат вера (Рим. 1:19, 20). Погрижи се да направиш повторни посети кај сите кои покажале интерес.

2 Својата дискусија можеш да ја започнеш на следниов начин:

◼ „Сигурен сум, и Вие сте свесни за тоа што многу педагози го поддржуваат верувањето дека човечката фамилија настанала преку еволуција. Таа теорија учи дека сѐ што постои, постои случајно. Што мислите Вие за тоа? [Дозволи одговор.] Оваа идеја сѐ уште се смета за теорија. Теорија е ‚нагаѓање‘, односно ‚недокажана претпоставка‘. Луѓето со векови верувале дека Земјата е рамна плоча; сега знаеме дека тоа била една неразумна претпоставка која не се темелела на факти. Можно ли е истото да се случи и со теоријата на еволуција?“ Прочитај ги уводните коментари на 4. страница, а потоа дискутирај за Исаија 42:5.

3 Или, кога ќе дојдеш повторно, можеш да го употребиш следниов пристап:

◼ „Вообичаено е да се сретнат луѓе кои не веруваат во Бог. Пред многу години, тоа било реткост. Што мислите, зошто толку многу луѓе изгубиле вера во Бог? [Дозволи одговор.] Својот губиток на вера многумина го припишуваат на ужасниот пораст на насилство и неволји во нашиов свет. Се прашуваат зошто, доколку постои еден семоќен Бог, не им стави крај на сите овие страдања? Оние кои не можат да добијат задоволувачки одговор на тоа прашање честопати стануваат атеисти. Но, постои еден убедлив доказ кој потврдува дека Бог постои и дека тој наскоро ќе ја претвори Земјата во место на мир и среќа.“ Продолжи со дискусијата, користејќи ги библиските мисли од 19. пасус на 196. страница.

4 Со својата Библија в рака, можеш да го отпочнеш разговорот со зборовите:

◼ „Навративме повторно за да покажеме зошто проучувањето на Библијата е практично за наше време. Повеќето луѓе имаат Библија, но малкумина одвојуваат време да ја читаат. Некои отворено ни кажуваат дека повеќе немаат доверба во Библијата. Што мислите Вие за тоа? [Дозволи одговор.] Една од работите што нѐ уверува дека Библијата е вдахновена од Бог е исполнувањето на нејзините пророштва.“ Осврни се на библиските стихови од 6. пасус на 234. страница.

5 Следнава мисла може да наиде на поволна реакција:

◼ „Можеме да видиме убавина и чудесен доказ на мудрост во работите што нѐ опкружуваат на Земјава. Оваа прекрасна слика на зајдисонце е соодветен пример.“ Покажи ја илустрацијата на 12. и 13. страница. Спомени мисли од „Некои работи за размислување“ и објасни како дава оваа книга задоволувачки одговори на важни прашања за светот околу нас.

6 Можеме да бидеме благослов за другите, користејќи ја оваа книга за да им помогнеме да најдат цврста основа за вера во својот Творец.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели