Зачувај
Предложени презентации за служба на теренот
Користи ги следниве предлози кои ќе ти помогнат да подготвиш презентации што се поврзани со понудата на литература за месецот.
Приближи му се на Јехова
„Многу луѓе што веруваат во Бог би сакале да се чувствуваат поблиски со него. Дали сте знаеле дека Бог нѐ поканува да му се приближиме? [Прочитај Јаков 4:8.] Оваа публикација е наменета да им помогне на луѓето да ја користат својата сопствена Библија за да му се приближат на Бог.“ Прочитај го 1. пасус на 16. страница.
„Денес преовладува неправда, токму како што е опишано овде. [Прочитај Проповедник 8:9б.] Мнозина се прашуваат дали Бог воопшто се грижи за тоа. [Прочитај ги првите две реченици од 4. пасус на 119. страница.] Ова поглавје објаснува зошто Бог допуштил неправдата да постои некое време“.
Постои ли Творец кој се грижи за тебе?
„Каде би можеле да го најдеме најдобриот совет за тоа како да ги решиме нашите најзбунувачки проблеми? [Почекај да одговори. Потоа прочитај Матеј 7:28, 29.] Тоа опишува како реагирале луѓето на Исусовата Проповед на гората. Забележете што рекле други луѓе. [Покажи ги коментарите на 152. страница.] Ова поглавје дискутира за животот и учењата на Исус.“
„Дали сте се прашале: ‚Ако има Бог, дали некогаш ќе дејствува за да ги отстрани страдањата и неправдите во светот?‘ [Почекај да одговори. Потоа прочитај Откровение 21:3, 4.] Оваа книга објаснува што ќе направи Бог за да го отстрани страдањето како и неговиот извор.“ Покажи го 10. поглавје.
Бдејте!
„Многу луѓе се загрижени поради сериозните проблеми и шокантните настани што денес станаа сосема вообичаени. [Наведи некој пример што е познат локално.] Знаете ли дека овие работи се дел од глобалниот знак кој покажува дека Божјата влада наскоро ќе ја преземе контролата над работите на Земјата? [Почекај да одговори. Потоа прочитај некој соодветен стих, како на пример: Матеј 24:3, 7, 8; Лука 21:7, 10, 11; 2. Тимотеј 3:1-5.] Оваа брошура дискутира за тоа зошто е особено итно денес да бидеме будни за значењето на овие настани.“
„Многу луѓе денес се потресени од шокантните настани или од некоја тешка лична трагедија. Некои се прашуваат зошто Бог не се вмеша за да ги спречи ваквите работи. Библијата нѐ уверува дека Бог наскоро ќе направи нешто за да го ослободи човештвото од страдање. [Прочитај Откр. 14:6, 7.] Забележете што ќе значи за човештвото Божјиот суд. [Прочитај 2. Петрово 3:10, 13.] Оваа брошура ќе Ви даде повеќе информации за оваа важна тема.“
Спознание кое води до вечен живот
„Кога би Ве поканиле да живеете во прекрасна околина како оваа, дали би ја прифатиле поканата? [Покажи ја сликата на страници 4-5 и почекај да одговори.] Забележете што вели Божјата реч за тоа кој е клучот за да уживаме во таков живот вечно. [Прочитај Јован 17:3.] Оваа книга ќе Ви помогне да го стекнете спознанието кое води до вечен живот.“ Договори се следниот пат да подискутирате за првите пет пасуси од 1. поглавје.
Отвори кај сликата на страници 188-189 и, користејќи ги зборовите од текстот од сликата, прашај го станарот: „Дали се надевате да живеете во Рај, кога спознанието за Бог ќе ја исполни Земјата? [Почекај да одговори. Потоа прочитај Исаија 11:9.] Оваа книга ќе Ви помогне да научите што вели Библијата за Рајот и како можеме да бидеме дел од него.“ Договори се при следната посета да подискутирате за пасусите 11-16 од 1. поглавје.
Учи од Големиот учител
„Што мислите, дали светот би бил подобар кога луѓето би живееле во склад со оваа изрека? [Прочитај Матеј 7:12а. Потоа почекај да одговори.] Оваа книга содржи многу поуки од најголемиот учител што некогаш живеел.“ Сврти го вниманието на сликите и на текстот од сликите во 17. поглавје.
„Повеќето родители денес се трудат да всадат вистински вредности во своите деца. Сметате ли дека тоа е важно? [Почекај да одговори. Потоа прочитај Пословици 22:6.] Забележете дека родителите се поттикнати да ги поучуваат своите деца уште од рана возраст. Оваа книга е наменета да им помогне во тоа.“ Сврти го вниманието на сликите и на текстот од сликите во 15. или 18. поглавје.
„Честопати родителите се зачудени од прашањата што ги поставуваат нивните деца. На некои од тие прашања не е баш лесно да се одговори, нели? [Почекај да одговори. Потоа прочитај Ефешаните 6:4] Оваа книга може да им помогне на родителите да одговорат на прашањата од своите деца.“ Покажи некоја од сликите и текстовите од сликите во 11. и 12. или 34. до 36. поглавје.
Животот — Како настанал? Со еволуција или со создавање?
„Сите ние сме загрижени поради криминалот и насилството во нашето подрачје. Сметате ли дека некој го има вистинското решение за проблемот? [Почекај да одговори.] Бог има решение.“ Сврти на страница 196; прочитај и дај коментар за Пословици 2:21, 22 во 19. пасус. Покажи го насловот на 16. поглавје и понуди ја книгата.
Отвори на 6. страница и речи: „Мнозина мислат дека нашава прекрасна Земја и животот на неа се производ на некаква случајност. Според Вас, кое е разумното објаснување за тоа како настанало сето ова? [Почекај да одговори.] Изобилни докази го потврдуваат библискиот извештај за постоење на Творец кој е многу моќен и кој многу нѐ сака. Тој е вистинскиот Бог, а неговото име е Јехова.“ Прочитај Псалм 83:18 и кратко објасни дека неговата намера е да ја претвори целата Земја во рај.
Потрагата на човештвото по Бог
„ Бидејќи денес постојат толку многу различни религии, дали некогаш сте се запрашале како може да се одреди која од нив е одобрена од Бог?“ После одговорот, отвори на страница 377. Истакни ја точката број 7 и прашај го станарот дали се согласува дека вистинската религија треба да ги обедини сите раси на човештвото. Разгледајте еден од наведените стихови и, доколку дозволува времето, подискутирај за некои од другите точки на списокот. Ако има искрен интерес, понуди ја книгата. На заминување би можел да прашаш: „Како би требало да влијае вистинската религија врз однесувањето на едно лице?“ Договори повторна посета за да одговориш на прашањето.
Ако лицето се идентификува како член на некоја поголема религиозна група, би можел да кажеш: „Интересно е да се сретнат луѓе од различни религии. Човештвото трагало по Бог во многу различни насоки. [Ако е соодветно, прочитај Дела 17:26, 27.] Честопати, луѓето ја следат религијата на своите родители. [Прочитај го 12. пасус на 8. страница] Просветлувачко и поучно е да се дознае нешто повеќе за другите религии. Оваа книга го објаснува потеклото, обичаите и учењата на поголемите религии во светот.“ Покажи еден пример од книгата во врска со религијата на која ѝ припаѓа лицето, како што се гледа на следниве страници: сикизам (100-101); хиндуизам (116-117); будизам (141); таоизам (164-166); конфучијанизам (177); шинтоизам (190-195); јудаизам (220-221) и ислам (289).
Откривење — Близу је величанствени врхунац!
„Можеби сте чуле за [спомни некоја вест]. Кога луѓето трагично умираат, мнозина се прашуваат каква утеха може да им се понуди на семејствата на жртвите. Што мислите Вие?“ Почекај да одговори. Потоа, отвори на страница 299 и покажи ја сцената со воскресение која е илустрирана. Продолжи со тоа што ќе речеш: „Мнозина се изненадени кога ќе дознаат дека и праведните и неправедните луѓе ќе бидат вратени во живот во Рајот на Земјата. [Прочитај Дела 24:15 како што е цитирано во 9. пасус на страница 297, а потоа дај го објаснувањето кое се наоѓа во 10. пасус.] Оваа книга дискутира за многу други интересни детали во врска со Божјата намера за иднината.“
Библијата — Реч Божја или човечка?
„Живееме во време кога скоро секој од нас е соочен со сериозни проблеми. Мнозина се обраќаат кон секакви видови советници за водство. Некои бараат помош од видовити луѓе. Што мислите, каде можеме да најдеме разумен совет кој навистина ќе ни користи? [Почекај да одговори.] Библијата наведува еден важен факт кој сите треба да го разбереме. [Прочитај 2. Тимотеј 3:16. Потоа отвори на 187. страница и прочитај го 9. пасус.] Оваа книга ќе Ви помогне да разберете дека со примената на поуките од Библијата се постигнуваат најдобри резултати.“
Најголемиот човек кој некогаш живеел
„Во овој празничен период многу луѓе размислуваат за Исус. Меѓутоа, поради тоа што низ светот се случуваат толку многу лоши работи, некои можеби се прашуваат дали Исус навистина се грижи за нас. Што мислите Вие за тоа?“ Дозволи одговор. Сврти на 24. поглавје и кратко подискутирај за тоа зошто дошол Исус на Земјата. Потоа прочитај Јован 15:13, нагласувајќи ја Исусовата сесрдна љубов кон другите.
„Кога некој ќе го спомене Исус Христос, многу луѓе си го замислуваат или како бебе или како страдалник на умирање. Нивната претстава за Исус ги опфаќа само неговото раѓање и неговата смрт. Прекрасните работи што ги кажал и ги направил во текот на неговиот живот честопати поминуваат незабележани. Она што тој го постигнал влијае врз сите луѓе кои живееле некогаш на Земјата. Токму затоа, животоважно е да научиме што повеќе за прекрасните работи што тој ги направил во наша корист.“ Прочитај Јован 17:3. Сврти на првата страница од уводот и прочитај го четвртиот пасус.
Што бара Бог од нас?
„Што мислите, дали Бог имал намера да живееме опкружени со неволји, како овие со кои се соочуваме денес? [Почекај да одговори. Потоа прочитај Матеј 6:10.] Дали некогаш сте размислувале што всушност претставува Божјето Царство?“ Сврти на 6. лекција и прочитај ги прашањата кои се наведени на почетокот од лекцијата. Започни дискусија за лекцијата или договори се да го направите тоа при следната посета.
„И покрај напредокот во модерното општество, болестите и смртта продолжуваат да предизвикуваат многу страдања и тага за човештвото. Дали знаете што ќе направи Исус за болните, за старите, па дури и за умрените?“ Почекај да одговори. Ако лицето сака да го знае одговорот, отвори на 5. лекција и прочитај ги прашањата за пасусите 5 и 6. Дискутирај за пасусите или договори се тоа да го направите при следната посета.
Обожавај го единствениот вистински Бог
„Што мислите, каде можеме да побараме помош за да се справиме со притисоците во животот? [Почекај да одговори. Потоа прочитај Римјаните 15:4.] Забележете дека инспирираното Писмо ни дава упатства, утеха и надеж, кои можат да нѐ зајакнат да ги издржиме тешкотиите. Оваа книга ни нуди корисни предлози за тоа како можеме да извлечеме најголема корист од читањето на Библијата.“ Посочи го вниманието на четирите мисли кои се наоѓаат на 30. страница.
„Уште од времето кога Исус бил на Земјата, многу луѓе се молеле да дојде Божјето Царство. Дали некогаш сте се запрашале што ќе значи за човештвото доаѓањето на тоа Царство? [Почекај да одговори. Потоа прочитај Даниел 2:44.] Оваа книга објаснува што е Божјето Царство, што ќе постигне и како можеме да извлечеме корист од неговото праведно владеење.“ Поврзи ја илустрацијата на страници 92-93.