Наврати повторно за да спасиш некого
1 Божја волја е „сите [видови, НС] луѓе да се спасат и да ја познаат вистината“ (1. Тим. 2:4). Што можеме да сториме ние за да помогнеме? Да правиме повторни посети со цел да поучуваме за вистината. Што да кажеш? Следниве предлози можат да ти помогнат.
2 Кога посетуваш некој кој ја зел книгата „Вистински мир и безбедност — Како можеш да ги пронајдеш?“, можеш повторно да се осврнеш на илустрацијата на 4. страница и да го прашаш станарот:
◼ „После натамошното разгледување на книгата што Ви ја оставив и размислувањето во врска со Божјето ветување за една рајска Земја, што мислите Вие за овие прекрасни ветувања што Бог ги направил за човештвото?“ Откако ќе го сослушаш одговорот на станарот и ќе дадеш краток коментар во врска со тоа, можеш да го свртиш вниманието на 2-то и 3-то поглавје и да предложиш да разгледате зошто потфрлиле човековите настојувања за мир и безбедност, вклучувајќи ги и оние од религиозна природа.
3 Ако си го оставил станарот да се прашува која е причината што Бог го допушта злото, кога ќе навратиш повторно би можел да ја продолжиш дискусијата велејќи:
◼ „Ми беше пријатен нашиот разговор кога се видовме првиот пат и сакав да навратам повторно за да видам што мислите за причината зошто Бог ги допушта немирот и насилството кои постојат во светот денес. [Дозволи одговор. Сврти и прочитај го 25. пасус на 54. страница од книгата Вистински мир, вклучувајќи го и цитатот од 2. Петрово 3:8, 9.] Забележете дека следното поглавје од книгата прашува ‚Што презел Бог?‘ Можеби при мојата следна посета ќе можеме да дискутираме за одговорот на тоа прашање.“
4 Онаму каде што си ја оставил книгата „Направи го среќен семејниот живот“, би можел да продолжиш со следниов пристап:
◼ „Кога Ве посетив првпат, Вашата грижа за семејството ми остави голем впечаток. Со оглед на тоа што живееме во последните денови на еден злобен систем на ствари, неопходно е семејствата да се подготвуваат за иднината. За таа цел, книгата што Ви ја оставив, Направи го среќен семејниот живот, непоколебливо препорачува да се има редовни библиски дискусии во домот. [Прочитај го 10. пасус на страница 186.] Доколку смеам, би сакал за само неколку минути да Ви покажам на кој начин луѓето во околу 200 земји дискутираат за Библијата дома како семејства.“ Ако дозволува времето, употреби го материјалот од поднасловот на 72. страница за да покажеш како се одвива студијата.
5 Онаму каде што си ја оставил книгата „Светска безбедност“, можеш да продолжиш велејќи:
◼ „Сакав повторно да навратам за да Ви покажам нешто повеќе во врска со Божјата намера за Земјата.“ Сврти кај илустрацијата на страници 172 и 173, прочитај Откровение 21:3, 4, а потоа накратко објасни како Божјето Царство ќе го исполни ова ветување. Понуди бесплатна домашна библиска студија.
6 Запомни дека целта на правењето повторни посети е да се започнат библиски студии. Новата книга, Спознание кое води до вечен живот, е наменета пред сѐ за водење студии. Кога навраќаме повторно откако сме врачиле постари книги и кога во даден момент ќе започнеме студија, би било добро вниманието да го насочиме на оваа нова книга. Ќе најдеме многу радост додека оние кои проучуваат учат да го повикуваат Јехова за да се спасат (Дела 2:21).