Извлечи корист од Теократската школа за проповедање за 1996 — 2. дел
1 Кратко по воведувањето на Теократската школа за проповедање, во 1943 година, една од подружниците на Друштвото известила: „На многу браќа кои си мислеа дека никогаш нема да бидат јавни говорници, оваа навистина прекрасна подготовка успеа за кратко време да им помогне да станат многу успешни на бината и поделотворни на подрачјето“. Школата и понатаму дава одлична обука која ни е потребна на сите нас.
2 Читање на Библијата: Оние на кои им е доделен говор не се единствените кои извлекуваат корист од школата. Вушност, сите ние имаме задача — седмично читање на Библијата. Распоредот за школата покажува кои поглавја од Библијата треба да се прочитаат секоја седмица. Има многу библиски потсетници кои нагласуваат колку е важно секојдневно да се чита Библијата (Ис. Нав. 1:8; Пс. 1:2; Дела 17:11). Читањето на Библијата е неопходно за добро духовно здравје — тоа ги храни умот и срцето. Ако ја читаме Библијата барем пет минути на ден, ќе можеме да бидеме во тек. До крајот на годината ќе прочитаме повеќе од 150 поглавја од Божјата Реч. Ако ја имаме Библијата при рака, ќе можеме секој ден да прочитаме нешто од неа.
3 Поучен говор: Со цел да ги поттикне браќата на лојална, ревна служба, говорникот кој го изнесува поучниот говор треба да користи добри методи на поучување, да помогне да се разбере градивото и да изгради ценење за Јехова, за неговата Реч и за неговата организација. Старешините и слугите помошници можат да го постигнат тоа ако добро се подготвуваат изградувајќи го својот говор околу темата, ако зборуваат уверливо и ако го оживеат материјалот (Евр. 4:12). Важно е говорникот да се придржува за доделеното време. Книгата „Сето Писмо“ изобилува со библиски текстови и претставува еден спектар од возбудлив библиски материјал кој може да ни користи во духовен поглед.
4 Врвни точки од Библијата: Браќата на кои им е доделена оваа задача треба да изберат одредени стихови кои ќе можат практично да се применат во корист на собранието. За таа цел потребно е да се прочитаат доделените поглавја, да се размислува за нив и да се истражат избрани стихови за да се најдат точки кои ќе го разјаснат значењето на тие библиски стихови. На позадината на Индексот на публикации на Стражарска кула има еден „Индекс на стихови“, кој може да биде од помош при пронаоѓањето информации за одредени библиски стихови. Браќата кои го изнесуваат овој дел треба да покажат способност на добро просудување и да избегнуваат да внесуваат неважен материјал. Не треба да подготвуваат повеќе материјал отколку што разумно може да се обработи за шест минути.
5 Сите можеме да извлечеме корист од Теократската школа за проповедање. Таа може да ни помогне да ја подобриме нашата способност за говорење и поучување. Ако потполно извлечеме корист од оваа подготовка, тогаш нашиот ‚успех ќе се покаже во сѐ‘ (1. Тим. 4:15).