ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 9/96 стр. 7
  • Рубрика прашања

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Рубрика прашања
  • Нашата служба за Царството 1996
  • Сличен материјал
  • Посветувај се на читањето
    Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
  • Природност
    Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
  • Течно изнесување
    Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
  • Подготвување ученички задачи за школата
    Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
Повеќе
Нашата служба за Царството 1996
km 9/96 стр. 7

Рубрика прашања

◼ Што би требало да се задржи на ум во врска со читањето на пасусите на состаноците?

Голем дел од времето доделено за студија на Стражарска кула и за Собраниска студија на книга се користи за читање на пасусите. Ова значи дека братот кој е доделен како читач носи тешка одговорност како учител. Тој мора да чита на начин кој ќе му ‚даде толкување‘ на материјалот, така што слушателите не само што ќе разберат туку и ќе бидат мотивирани да дејствуваат (Неем. 8:8). Според тоа, читачот треба добро да се подготви за својата задача (1. Тим. 4:13; види лекција 6 од Водич за Теократската школа). Еве некои важни елементи за јавно читање кое е полно со значење.

Користи исправно смисловно нагласување: Однапред одреди кои зборови или фрази треба да се истакнат за да се пренесе исправно разбирање.

Изговарај ги зборовите точно: Исправниот изговор и јасното изразување се потребни за слушателите да ги разберат изразите што се појавуваат во публикацијата. Непознатите или ретко употребуваните зборови побарај ги во речник или слушај снимки од касетите на Заедницата.

Зборувај со јачина и одушевеност: Гласното одушевено зборување создава интерес, ги покренува емоциите и го мотивира слушателот.

Биди срдечен и разговорен: Природноста доаѓа со течноста. Со подготовка и вежбање, читачот може да се опушти, а резултатот ќе биде привлечно, наместо монотоно и здодевно (Авак. 2:2, НС).

Читај го материјалот како што е отпечатен: Ако фуснотите како и информациите во вметнатите реченици или заградите го разјаснуваат печатениот текст, обично се читаат гласно. Единствени исклучоци се референциите што само го идентификуваат изворниот материјал. Фуснотата би требало да се чита онаму каде што се укажува на неа во пасусот, воведувајќи ја со изразот: „Фуснотата вели . . . “ Откако ќе ја прочиташ, едноставно продолжи со остатокот од пасусот.

Кога јавното читање е добро обавено, тоа е еден од виталните начини на кои можеме да ги ‚учиме другите да пазат сѐ што ни е заповедано‘ од нашиот Голем Учител (Мат. 28:20).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели