Да се радуваме на порастот што го дава Бог
1 Христијаните во првиот век биле ревни проповедници на Царството. Тие се радувале кога ‚собранијата растеле во бројот од ден на ден‘ (Дела 16:5, НС). Нивното храбро проповедање се проширило во Азија, Европа и Африка, имајќи за резултат богата жетва од верници.
2 Исус претскажал дека во последните денови, делото на проповедање ќе достигне до ‚целата населена Земја и кај сите народи‘! (Мат. 24:14, НС). Во текот на 1996 службена година, продолживме да добиваме извештаи за извонредни порасти и нови највисоки броеви на објавители од земји ширум Земјината топка. Основани се многу нови собранија. Овој брз пораст наложи потреба да се изградат стотици нови Сали на Царството и конгресни сали, како и да се прошират извесен број објекти на подружниците.
3 Изданието на Наша служба за Царството од август 1996, извести за опсежното дело на изградба што се одвива во Африка. Слична активност е во тек низ цела Латинска Америка. Во 1996 службена година, Мексико извести еден вчудовидувачки највисок број од 470.098 објавители и просечно 600.751 библиска студија, што изискуваше основање на 466 нови собранија! Ширењето на нивните објекти на подружницата е планирано да се доврши кон крајот на 1999. Сличниот пораст во многу други земји не дозволува попуштање во различните видови теократски конструкциони проекти.
4 Цените за изградба се насекаде високи, а нашите браќа во многу земји немаат да приложат многу во материјален поглед. Но, во нивната голема ревност за Јеховината служба, секако, тие растат и духовно и во големи броеви. Изреки 28:27 нѐ уверува дека „кој дава на сиромав, нема да осиромаши“. Нашата спремност да помогнеме да се покријат овие трошоци за изградба, има за резултат ‚изедначување‘ на материјалните работи, овозможувајќи им на сите да ја вкусат среќата што доаѓа со давањето и радоста што доаѓа кога се гледа порастот што го дава Јехова! (2. Кор. 8:14, 15, НС; Дела 20:35).
[Слика на страници 4 и 5]
Подружницата во Парагвај
[Слика на страница 4]
Подружницата во Еквадор
[Слика на страници 4 и 5]
Проширувањето во Мексико, во изградба
[Слика на страници 4 и 5]
Подружницата во Доминиканска Република
[Слика на страница 4]
Подружницата во Бразил со доградбата
[Слика на страници 4 и 5]
Подружницата во Уругвај, во изградба
[Слики на страница 5]
Типични Сали на Царството изградени со скромни средства во Латинска Америка
1. Бразил
2. Никарагва
3. Чиле
4. Колумбија
5. Мексико
6. Бразил
7. Перу
8. Венецуела
9. Мексико