Прилози за делото на Друштвото ширум светот, го поддржуваат ширењето
Како што е проречено во Исаија 54:2, 3, Јеховиното чисто обожавање продолжува да се шири низ целата Земја. Ова вклучува различни земји од африканскиот континент и блиските острови. Во текот на изминатите десет години, ограничувањата за дејноста на Царството биле укинати во места како што се Ангола, Екваторијална Гвинеја, Етиопија, Камерун, Мадагаскар, Малави, Мозамбик и Того. Во овие и други земји, каде што полето било зрело за жнеење, мисионери од Гилеад, дипломци на Школата за оспособување на слуги, членови на бетелски семејства и други, прифатиле доделени задачи (Мат. 9:37, 38).
Очигледно, порастот на вистинските обожаватели во Јеховината организација создал потреба од градење на стотици нови Сали на Царството. Било неопходно и да се планираат конгресни дворани и нови или проширени објекти на подружниците. Финансирањето на овие проекти, како и продолжувањето на напредувањето на делото на Царството, не само во Африка туку и во други делови на светот, прилично се одразило врз прилозите за делото на Друштвото ширум светот.
Фотографиите и цртежите на две страници од овој додаток ти даваат некаква претстава за тоа, што настојувало да постигне Друштвото на африканското поле. Прикажаново е дел од изградбите кои се моментално во тек и проекти кои наскоро ќе започнат.
Со прегледување на табелата за служба на подрачје во Стражарска кула од 1 јануари 1996, можеш да добиеш подобра слика за тоа што прават во службата објавителите во овие земји. Во многу земји дошло до истакнат пораст, а потенцијалот за пораст се рефлектира во извонредниот број присутни на Споменот. Кога го задржуваме во мисли она што се постигнува, како дел од глобалното дело на проповедање на Царството и правење ученици на други континенти, ни остава впечаток за тоа каква само привилегија имаме во материјален поглед да ја поддржуваме целта на вистинското обожавање (Лука 16:9; 1. Тим. 6:18).
[Слика на страница 3]
Сала на Царството во Квазулу-Натал (Јужна Африка), изградена за 9 дена
[Слика на страница 3]
Економично изградена Сала на Царството во Нигерија
[Слика на страница 3]
Конгресна сала во Мозамбик со 1.500 седишта — треба да се заврши до крајот на 1996
[Слика на страница 3]
Објекти на подружницата во Мозамбик — треба да бидат спремни за вселување во есен 1996
[Слика на страница 3]
Подружница во Сиера Леоне — планирано да се заврши ова лето
[Слика на страница 4]
Завршена Конгресна сала без странични ѕидови, во Маврициус, заедно со објекти на подружницата — треба да биде завршена во пролет 1997
[Слика на страница 4]
Подружницата во Зимбабве во изградба
[Слика на страница 4]
Конгресна сала без странични ѕидови и нова подружница во изградба, во Сенегал
[Слика на страница 4]
Новата подружница на Кенија, во главниот град Најроби
[Слика на страница 4]
Подружницата на Мадагаскар — наскоро треба да биде завршена
[Слика на страница 4]
Предвидените згради за подружницата во Малави