ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 4/97 стр. 7
  • Рубрика прашања

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Рубрика прашања
  • Нашата служба за Царството 1997
  • Сличен материјал
  • Како ни користи собраниската библиотека?
    Кој ја врши Јеховината волја денес?
  • Како да се направи теократска библиотека
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Наместо да ни стојат на залиха, да ги користиме
    Нашата служба за Царството 2011
  • Нова подготовка за библиотеки на Салите на Царството
    Нашата служба за Царството 2003
Повеќе
Нашата служба за Царството 1997
km 4/97 стр. 7

Рубрика прашања

◼ Кои публикации треба да се стават во библиотеката на Теократската школа за проповедање?

Во корист на Божјиот народ се обезбедени изобилство духовни публикации. Со оглед на тоа што многу објавители лично не ги поседуваат сите нив, библиотеката на Теократската школа за проповедање во Салата на Царството дава можност за истражување на публикациите кои можеби не би биле достапни поинаку. Затоа, таа треба да биде добро опремена со различни преводи на Библијата, текушти публикации на Заедницата, примероци од Наша служба за Царството, повези од Стражарска кула и Разбудете се! како и Индекси на публикациите на Watch Tower. Освен тоа, треба да се додаде и еден добар современ речник. Ако има на располагање, можат да бидат корисни енциклопедии, атласи или прирачници за граматика и историја. Меѓутоа, наша најглавна грижа треба да бидат публикациите кои ги обезбедува ‚верниот и разборит роб‘ (Мат. 24:45, НС).

Во некои случаи, известено е дека во библиотеката на Теократската школа за проповедање биле ставени книги од сомнителна природа. Не би било прикладно да се вклучи белетристика, библиски коментари кои истакнуваат виш критицизам или, пак, книги за филозофија или спиритизам. Библиотеката на Теократската школа за проповедање треба да го вклучува само оној материјал кој ќе им овозможи на оние кои го користат постојано да напредуваат духовно (1. Тим. 4:15, НС).

За библиотеката е одговорен надгледникот на школата, иако може да биде доделен друг брат за да му помага во грижата за неа. Тој треба да се погрижи библиотеката да се одржува во тек, со тоа што ќе се додаваат новите публикации веднаш штом ќе бидат на располагање. Секоја книга треба јасно да се одбележи на внатрешната корица со името на собранието на кое му припаѓа. Еднаш годишно, книгите треба да се проверат за да се види дали некоја треба да се доведе во ред или да се замени.

Секој може да соработува во грижата за библиотеката. Грижата треба да се покаже преку ракувањето со книгите и преку нивното користење. Не треба да им се дозволува на децата да си играат со нив ниту, пак, некој треба да ги потцртува. Може да се изложи едноставен натпис како потсетник дека книгите не смеат да се изнесуваат од Салата на Царството.

Со постојаното формирање нови собранија веројатно многу библиотеки стануваат ограничени по големината. Некои објавители кои поседуваат наши постари публикации би можеле да размислат да ги подарат на собранието. Можеби старешините ќе сакаат да нарачаат препечатени повези од Стражарска кула. На овие начини, библиотеката на Теократската школа за проповедање ќе се покаже како многу корисно средство во помагањето на сите да ги пронајдат скриените богатства на Божјата Реч кои даваат спознание, мудрост и разбирање (Изр. 2:4—6).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели