Нова програма за Денот на специјален собир
„Правете ги сите работи заради добрата вест“ е темата на новата програма за Денот на специјален собир, кој започнува во септември (1. Кор. 9:23, НС). Добрата вест за Царството е најважната вест која се слуша денес. Програмата ќе ни помогне да ја цениме единствената предност што ја имаме — да бидеме носители на оваа прекрасна вест. Исто така, таа ќе нѐ ободри да продолжиме да ја објавуваме добрата вест без попуштање (Дела 5:42).
Програмата ќе ни покаже како целосно да го искористиме своето теократско обучување за да можеме да постигнеме најмногу во службата. Ќе чуеме некои кои направиле приспособувања за да ја прошират својата служба, вклучувајќи и млади луѓе кои даваат сѐ од себе за да ја унапредуваат добрата вест. (Спореди Филипјаните 2:22.)
Главниот говор, кој ќе го изнесе еден гостувачки говорник, ќе ја нагласи потребата да останеме „погодни за да ни биде доверена добрата вест“ (1. Сол. 2:4, НС). Ќе ни биде помогнато да увидиме дека, за да ја задржиме предноста да ја споделуваме добрата вест со другите, мораме постојано да одговараме на Божјите барања и мерила во нашето размислување и однесување. Ќе бидат истакнати и благословите кои ги добиваме ако го правиме тоа.
Не ја пропуштај оваа витална програма. Новопредадените поединци кои би сакале да се крстат на Денот на специјален собир треба веднаш да го информираат претседавачкиот надгледник. Покани ги да присуствуваат сите со кои проучуваш. Да дозволиме Јехова да нѐ зајакне да ги правиме сите работи заради добрата вест и на тој начин да го довршиме најголемото дело, од оваа страна на Армагедон.