Добрата вест на Интернет
Во нашата технолошка ера, некои луѓе добиваат информации од електронски извори, вклучувајќи го и Интернет. Затоа, Заедницата има ставено на Интернет некои точни информации во врска со верувањата и активностите на Јеховините сведоци.
Нашиот Интернет Web site има адреса http://www.watchtower.org и содржи избор од трактати, брошури и статии од Стражарска кула и Разбудете се! на англиски, германски, кинески (поедноставен), руски и шпански, како и на други јазици. Публикациите кои се на овој Web site веќе се на располагање по собранијата и се користат во службата. Целта на нашиот Web site не е да се објавуваат нови публикации, туку информациите да ѝ се направат достапни на јавноста во електронски формат. Нема потреба некој поединец да подготвува Интернет страници во врска со Јеховините сведоци, со нашите активности или со нашите верувања. Нашиот официјален site презентира точни информации за сите кои ги сакаат.
Иако нашиот site нема подготовка за електронски пораки (E-mail), тој наведува поштенски адреси од подружници ширум Земјината топка. Така, луѓето можат да пишат за да добијат повеќе информации или, пак, да примат лична помош од Сведоците локално. Чувствувај се слободен да ја споделиш горнава Интернет адреса со секој кој можеби е наклонет да почне да ја учи библиската вистина од овој формат.