Треба да бидеме учители, не само проповедници
1 Забележано е дека „Јеховините сведоци буквално ја покриле Земјата со нивното сведочење“. Како било можно тоа? Не преку човечка сила или моќ, туку преку Божјиот дух кој дејствува над неговите слуги додека тие ги применуваат различните подготовки за да го исполнат својот налог за проповедање и поучување (Зах. 4:6; Дела 1:8).
2 Печатената страница е едно делотворно средство за да го извршиме нашето проповедничко дело. Низ годините, Јеховините сведоци отпечатиле и дистрибуирале милијарди книги, џебни брошури, брошури, списанија и трактати за да помогнат да се разгласи добрата вест за Царството. Извештаите од Годишникот за 1997 покажуваат дека производството на литература достигнало рекордни нивоа. До денес, отпечатени се преку 91 милион примероци од преводот New World Translation. За една година, бројот на списанијата Стражарска кула и Разбудете се! отпечатени во Соединетите Држави, пораснал за 7,1 процент. Во Германија, производството на списанија пораснал за 35 проценти. Преку една третина од списанијата произведени таму биле за рускиот терен.
3 Зошто е потребно толку многу литература? Ширум светот постои огромен одѕив на охрабрувањето кое ни беше дадено да сведочиме секаде каде што можеме да најдеме луѓе. Со тоа што повеќето од нас го проширија своето проповедничко дело — на јавни места, на улици и во деловни подрачја — се даваат големи количини литература затоа што луѓето покажуваат некаков интерес. Многу од нив ретко, ако и воопшто, претходно имале прилика да ја чујат пораката за Царството. За да се задоволи оваа потреба, собранијата чуваат при рака различни публикации за да ги користат во сите гранки на службата.
4 Која е нашата цел при дистрибуирањето литература? Наша цел не е само да дадеме литература. Налогот да правиме ученици вклучува два аспекта — проповедање и поучување. Прво, ја имаме предноста да ја проповедаме добрата вест за Царството, правејќи ги луѓето свесни дека тоа е единствената надеж за човештвото (Мат. 10:7; 24:14). Нашата библиски темелена литература го положила испитот на времето и е делотворно средство за да се стимулира интересот и да им се соопшти на другите спознанието за Царството.
5 Второ, за да правиме ученици, мораме да поучуваме за сите работи за кои заповедал Исус (Мат. 11:1; 28:19, 20). Повторно, литературата игра важна улога во тоа да ја всадиме вистината во срцата на студентите, помагајќи им да станат ученици.
6 Оние кои прифаќаат литература можеби се ‚слушатели на словото‘, но неверојатно е дека ќе станат негови творци ако се препуштени сами на себе (Јак. 1:22—25). Малкумина воопшто ќе станат ученици ако некој не ги води (Дела 8:30, 31). Нив им треба учител за да им помогне да си ја докажат себеси вистината која се наоѓа во Писмото (Дела 17:2, 3). Наша цел е да им помогнеме да напредуваат до степен на предание и крштавање, како и да ги обучиме да станат адекватно квалификувани да ги поучуваат другите (2. Тим. 2:2).
7 Најголемата потреба е од повеќе учители: Кога проповедаме, јавно ја објавуваме добрата вест. Меѓутоа, поучувањето вклучува некого прогресивно да обучуваме. Додека проповедањето ги прави другите свесни за пораката за Царството, поучувањето им помага на поединците да ја прифатат добрата вест и да постапуваат според неа (Лука 8:15). Еден учител прави повеќе отколку да прокламира; тој објаснува, резонира со добра аргументација, дава докази и уверува.
8 Колку што е можно, повеќето од нас треба да бидеме учители, не само проповедници (Евр. 5:12а). Дистрибуирањето литература е витален дел од нашето дело, но постигнувањето на втората цел од нашата служба конечно зависи од она што правиме како учители. Иако можеме да бидеме задоволни кога сме во можност да дадеме литература, за целосно да ја извршиме нашата служба, не треба на оставањето литература да гледаме како на наша конечна цел (2. Тим. 4:5, НС). Оставањето литература е делотворно средство за отворање на вратата кон приликите да ги поучуваме другите за вистината.
9 Прави повторни посети за да започнеш библиски студии: Сите ние веројатно сме дале извесен број книги, брошури и списанија, составувајќи список со повторни посети. Треба да планираме редовен термин за да навратиме да го стимулираме интересот. Наша главна цел при навраќањето не е само да дадеме уште литература туку и да ги охрабриме луѓето да читаат и да извлечат корист од она што веќе го имаат. Колкав духовен напредок ние самите ќе постигневме доколку некој не навраќал безброј пати за да ни помогне да стекнеме точно спознание? (Јован 17:3).
10 Проследи го сиот интерес со цел да започнеш библиска студија или со брошурата Што бара Бог од нас? или со книгата Спознание кое води до вечен живот. Овие две публикации ја презентираат пораката за Царството во еден лесно разбирлив облик. Брошурата Бара содржи комплетен курс за проучување, опфаќајќи ги основните учења на Библијата. Книгата Спознание овозможува човек да поучува за вистината во поголеми детали, а сепак со едноставност, јасност и концизност.
11 Поедноставената програма за поучување, како што е објаснето во додатокот на Наша служба за Царството од јуни 1996, му олеснува и на учителот да поучува и на студентот да учи. Имај примерок од тој додаток кој ќе ти биде лесно достапен за да ги повториш методите и техниките на поучување кои се докажале делотворни. Некои од предлозите кои тој ги дава вклучуваат како да се покаже вистински личен интерес за студентот, колку материјал да се опфати во една сесија, како да се справуваме со прашања кои не се однесуваат на темата, како можат и учителот и студентот однапред да се подготват за студијата и како да се насочува студентот кон Јеховината организација. Следејќи ги предлозите, сѐ повеќемина од нас, вклучувајќи ги и поновите, ќе можат да водат прогресивни студии.
12 Извештаи за добар успех од теренот: Брошурата Бара и книгата Спознание се докажале како вредни помагала во забрзувањето на процесот на правење ученици. По добивањето на брошурата Бара, еден брат од Боливија веднаш ја употребил за да започне студија со некој човек. На обласниот конгрес после четири месеци, овој студент бил меѓу среќните кандидати за крштавање!
13 Откако ќе ја завршат својата студија со книгата Спознание, многумина се поттикнати да му го предадат својот живот на Јехова. Во едно собрание во Ангола, бројот на библиските студии кои ги воделе објавителите се зголемил од 190 на 260, а присутноста на состаноците се удвоила од 180 на 360 за само четири месеци откако книгата Спознание почнала да се користи на тоа подрачје. Кратко после тоа, било потребно да се формира друго собрание.
14 Откако ја започнал својата прва студија со книгата Спознание, еден брат рекол дека водењето студија со неа е „едноставно ако водителот само ги поставува прашањата, прочита некои применливи стихови и се осигура дали студентот разбира“. Иако тој секогаш мислел дека прогресивни библиски студии би можеле да водат само многу квалификувани објавители и дека тој никогаш не би можел да го прави тоа, увидел дека може велејќи: „Ако јас можам, тогаш може секој“.
15 Преку водењето библиски студии, како дел од нашата служба, ние ја извршуваме целта — правење ученици. Оние кои развиле способност да учествуваат во тој аспект на службата, увидуваат дека тој навистина е задоволителен и богато наградувачки. Нека и за нас се рече дека го ‚проповедаме Царството Божјо и учиме за Господа Исуса Христа наполно слободно [со најголема слобода на говорот, НС]‘ (Дела 28:31).