Повторување во Теократската школа за проповедање
Повторување на материјалот обработен во Теократската школа за проповедање од 1 септември до 22 декември 1997. Употреби посебен лист хартија за да запишеш колку што можеш повеќе одговори на прашањата во зададеното време.
[Напомена: Во текот на писменото повторување, за да се одговори на кое било прашање, може да се користи само Библијата. Референциите кои следат после секое прашање се наменети за лично истражување. После секоја референција за Стражарска кула, можеби нема да се појават броевите на страници и пасуси.]
Одговори со точно или неточно на секоја од следниве изјави:
1. Не би постоело злото доколку Бог не ги обдарел интелигентните суштества со слободна волја [rs стр. 134, пас. 3].
2. Во Лука 22:30 (НС), „дванаесетте Израелови племиња“ го имаат истото значење како во Матеј 19:28, каде што примената се проширува вон Исусовите потсвештеници родени со дух и ги вклучува сите други од човештвото. [Седмично читање на Библијата; види w 1.7.87 стр. 29, пас. 10, 12.]
3. Според Јован 4:27, причината зошто Исусовите ученици изразиле зачуденост што тој зборувал со Самарјанка била тоа што таа имала неморално минато. [Седмично читање на Библијата; види w 15.7.95 стр. 15, пас. 1, 2.]
4. Изразот „од почетокот“ во Јован 6:64 покажува дека од времето кога Јуда бил избран за апостол, Исус знаел дека тој ќе Го предаде. [Седмично читање на Библијата; види it-2-E стр. 129, пас. 4—6.]
5. Уживањето христијански семеен живот едноставно е работа на напуштање на сексуалниот неморал и имање законски регистриран брак [uw стр. 139, пас. 1].
6. 2. Мојсеева 21:22, 23 (НС) ни помага да сфатиме дека Бог гледа на нероденото човечко дете како на скапоцен живот [kl стр. 128, пас. 21].
7. ‚Празникот јудејски‘ спомнат во Јован 5:1, се однесува на Пасхата 31 н. е. [si стр. 194, пас. 8].
8. Ако нѐ навреди некој сообожавател, би било погрешно да го исфрлиме од својот живот оној што нѐ навредил, избегнувајќи ги сите контакти со него [uw стр. 134, пас. 7].
9. На сите ни е потребен совет и стега [uw стр. 130, пас. 12].
10. Без оглед на тоа дали граѓанските власти се сметани за праведни или неправедни, вистинските христијани треба исправно да го регистрираат својот брак кај нив [kl стр. 122, пас. 11].
Одговори на следниве прашања:
11. Во согласност со примерот на ефеските христијани од првиот век, кој е еден неопходен чекор што мораме да го преземеме за да им се спротивставиме на злите духови? (Дела 19:19) [kl стр. 114, пас. 14].
12. Како згрешиле некои ангели во времето на Ное? [kl стр. 109, пас. 4].
13. Зошто Исус одбил да се вмеша во еден спор за наследството? (Лука 12:13, 14). [Седмично читање на Библијата; види w 1.4.97 стр. 28.]
14. Како што е запишано во Дела 1:6, за што не биле свесни апостолите кога го запрашале Исус дали ќе го обнови Царството на Израел? [Седмично читање на Библијата; види w 1.10.90 стр. 7, пас. 4.]
15. Наведи два фактора кои можат да придонесат за траен брак [uw стр. 140, пас. 4].
16. Зошто христијанската жена носи покривало на главата во извесни прилики? [rs стр. 121, пас. 1].
17. Според книгата Откровение, каде ќе завршат „маѓесниците“ ако не се покаат и не ги променат своите патишта? [kl стр. 111, пас. 8].
18. На кој начин Мозаитскиот закон „ги направил видливи престапите“? (Гал. 3:19, НС) [uw стр. 147, пас. 4].
19. Бидејќи Исус бил совршен човек и ја признал својата улога како Учител, зошто не прифатил да го нарекуваат ‚добар Учител‘? (Лука 18:18, 19). [Седмично читање на Библијата; види w 1.3.95 стр. 15, пас. 7.]
20. Што било ново во заповедта изнесена во Јован 13:34? [Седмично читање на Библијата; види w 1.8.90 стр. 14, пас. 5, 6.]
Впиши го зборот или фразата што е потребна за да се доврши секоја од следниве изјави:
21. Ако дознаеме дека нашиот брат има нешто против нас, потребна е ․․․․․․․․ заедно со ․․․․․․․․ за да преземеме иницијатива и да настојуваме да ги обновиме ․․․․․․․․ [uw стр. 135, пас. 10].
22. ‚Десетте мини‘ ги претставуваат ․․․․․․․․ што учениците родени со дух можат да ги користат во правењето повеќе ․․․․․․․․ на небесното Царство (Лука 19:13). [Седмично читање на Библијата; види gt 100.]
23. Три лажни обвиненија што ги изнеле Евреите против Исус пред Пилат, римскиот намесник во Јудеја, вклучувале дека тој ја развратува ․․․․․․․․, забранува да се плаќаат ․․․․․․․․ и вели за Себе дека е ․․․․․․․․ (Лука 23:2). [Седмично читање на Библијата; види gt 121, пас. 13.]
24. Вистинските христијани не го слават Божиќ или некој друг празник кој се темели на лажни религиозни верувања бидејќи на Јехова му оддаваат ․․․․․․․․; тие не слават ниту празници со кои се ․․․․․․․․ грешни луѓе или нации [kl стр. 126, пас. 16].
25. Како студенти на Библијата, треба да научиме да ги користиме расположливите индекси за истражување на материјал, не треба да очекуваме одговор со ․․․․․․․․ или ․․․․․․․․ на секое прашање и треба да донесуваме ․․․․․․․․ кои ја одразуваат нашата љубов кон ․․․․․․․․ и кон членовите на нашето семејство [uw стр. 144, пас. 13].
Избери го точниот одговор во секоја од следниве изјави:
26. Според апостол Петар, Јеховината (љубезност; љубов; стрпливост) продолжила до нашево време за да ни даде можност да покажеме дека сме (покајнички; верни; послушни) (2. Петр. 3:9) [rs стр. 136, пас. 1].
27. Вистината што ги ослободува луѓето е вистината во врска со (науката; лажната религија; Исус Христос) бидејќи само преку неа можеме да бидеме ослободени од (лажните науки; световната пропаганда; гревот кој носи смрт) (Јован 8:12—36). [Седмично читање на Библијата; види gt 68, пас. 16.]
28. Водењето побожен живот гарантира дека (другите секогаш ќе постапуваат добро со нас; ќе уживаме изобилство материјални работи сега; ќе го имаме Божјето одобрување затоа што го правиме она што е исправно) [kl стр. 118, пас. 2].
29. Кога Исус го запрашал апостол Петар: „Ме љубиш ли повеќе од овие?“, тој го прашувал Петар дали го сакал него повеќе отколку што (ги сакал овие други ученици; овие други ученици го сакале Исус; ги сакал овие работи, како што се рибите) (Јован 21:15). [Седмично читање на Библијата; види w-E 1.11.88 стр. 31, пас. 9.]
30. Во склоп на илустрацијата за („вистинската лоза“; „добриот пастир“; „овците и јарците“) Исус го објаснува величественото единство кое постои не само помеѓу неговите вистински следбеници и него туку и со неговиот Татко (Јован 15:1) [si стр. 198, пас. 32].
Поврзи ги следниве библиски стихови со долунаведените изјави:
2. Мој. 31:12, 13; Мат. 5:14—16; Лука 9:60, 62; 13:4, 5; Изр. 3:9, 10
31. Исус аргументирал против фаталистичкото расудување, укажувајќи на една трагедија која им била добро позната на неговите слушатели и која очигледно му ја припишал на времето и на непредвидениот настан. [Седмично читање на Библијата; види w 1.9.96 стр. 5, пас. 5.]
32. Мозаитскиот закон никогаш не бил наменет за да го обврзе целото човештво [uw стр. 147, пас. 5].
33. Потребна е оддаденост насочена кон една цел за да се влезе во Царството [si стр. 192, пас. 32].
34. Јехова ќе нѐ благослови кога го користиме нашето време, енергија и други средства, вклучувајќи ги и нашите пари за да го унапредиме вистинското обожавање [kl стр. 120, пас. 8].
35. Оние кои се христијани мораат да бидат активни сведоци на светот во врска со Божјето име и намери [rs стр. 354, пас. 4].