Теократска школа за служба за 1998
Да се биде школуван значи да се биде „научен или извежбан во некое специфично спознание или вештина“. Преку Теократската школа за служба ние постојано сме обучувани во спознанието за Бог. Исто така, нашето учество во оваа школа ни дозволува да ги развиеме нашите вештини за говорење и поучување. Програмата на школата за 1998 ќе ни обезбеди многу прилики за понатамошен духовен напредок.
Додека го разгледуваш распоредот за школата за следната година, ќе забележиш дека повремено задача бр. 3 ќе се темели на книгата Спознание и на џебната брошура Теми за дискусија. Згора на тоа, во наставниот план за 1998 додадена е книгата Семејна среќа, па така задача бр. 3 и задача бр. 4 прогресивно ќе ја обработуваат. Секогаш кога основа за задача бр. 4 ќе биде книгата Семејна среќа, треба да ја одржи брат во вид на говор пред собранието. И, како потсетник, никој во програмата на школата не треба да го пречекорува времето.
Ново обележје: За наша лична корист, во заградите десно после бројот на песната за секоја седмица, изложен е „Дополнителен распоред за читање на Библијата“. Иако ниеден дел од седмичната програма на школата не се темели на него, постави си цел да го следиш. Тоа ќе ти овозможи секојдневното читање на Библијата, ако сѐ уште не го правиш тоа, да ти прејде во навика.
За повеќе информации во врска со доделбите, советот и писменото повторување, те молиме внимателно прочитај ги упатствата кои се наоѓаат во „Распоредот за Теократската школа за служба — 1998“, како и на страница 3 од Наша служба за Царството од октомври 1996.
Ако сѐ уште не си запишан во Теократската школа за служба, сега те покануваме да се запишеш. Оваа уникатна школа продолжува да игра важна улога во обучувањето на понизните и оддадени Јеховини слуги да станат подобро квалификувани како негови министри (1. Тим. 4:13—16).