ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 7/98 стр. 3-6
  • Пионерска служба — дали е за тебе?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Пионерска служба — дали е за тебе?
  • Нашата служба за Царството 1998
  • Сличен материјал
  • Пионерите даваат, но и примаат благослови
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Благословите од пионерската служба
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Можеш ли да сториш повеќе за да му оддаваш чест на Јехова?
    Нашата служба за Царството 1993
  • Пионерската служба ни го зајакнува односот со Бог
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
Повеќе
Нашата служба за Царството 1998
km 7/98 стр. 3-6

Пионерска служба — дали е за тебе?

1 „Не можам да замислам да правам нешто друго. Со сигурност не можам да си замислам нешто друго што би ја донело истата радост.“ Кој го рекол ова? Еден од стотиците илјади Јеховини сведоци кои полновремената служба ја направиле своја радосна кариера во животот. Си размислил ли молитвено дали пионерската служба е за тебе? Штом безрезервно сме му се предале на Јехова, сигурно дека треба да размислиме дали би можеле да имаме поцелосен удел во ширењето на добрата вест за Царството. За таа цел, те молиме разгледај некои прашања што многумина ги поставуваат за пионерската служба.

ПРАШАЊЕ 1: „Некои велат дека пионерењето не е за секого. Од каде да знам дали е за мене?“

2 Одговорот зависи од твоите околности и библиски обврски. На многумина здравјето или моменталната ситуација во животот не им допуштаат да посветат 90 часа месечно во службата. Како пример, земи ги многуте верни сестри кои се христијански сопруги и мајки. Тие учествуваат во службата колку што можат почесто во оној обем колку што им дозволуваат околностите. Доколку се укаже прилика, тие се помошни пионери еден или повеќе месеци секоја година, жнеејќи ги радостите кои доаѓаат од зголемувањето на нивниот удел во службата (Гал. 6:9). Иако нивните околности можеби не им дозволуваат сега да служат како полновремени пионери, тие го унапредуваат пионерскиот дух и како ревносни објавители на добрата вест претставуваат благослов за собранието.

3 Од друга страна, пак, многу браќа и сестри кои се релативно ослободени од обврски направиле место за пионерската служба преиначувајќи ги своите приоритети. Како е со тебе? Дали си младинец кој го завршил своето световно школување? Дали си сопруга чиј сопруг може адекватно да ги обезбеди потребите на семејството? Дали си во брак и имаш деца кои се самостојни? Дали си се пензионирал од световното вработување? Да се биде или да не се биде пионер е одлука што мора да ја донесе секој сам. Прашањето е: ‚Можеш ли во својот живот да направиш место за пионерење?‘

4 Сатана го користи својот световен систем на ствари за да ги исполни нашите животи со секакви одвратувања и за да нѐ втурне во еден себичен начин на живот. Ако сме одлучни и понатаму да не бидеме дел од светот, Јехова ќе ни помогне да ги задржиме на прво место интересите на Царството, посегнувајќи и прифаќајќи ги сите предности на теократската служба кои ни се достапни. Ако можеш да ги преиначиш своите околности за да служиш како пионер, зошто не го сториш тоа?

ПРАШАЊЕ 2: „Како можам да бидам сигурен дека ќе можам да опстанам финансиски во полновремената служба?“

5 Точно е тоа дека во многу земји во текот на годините се зголемил бројот на часовите световна работа што се потребни секоја седмица за да се набави она што се смета за неопходно во животот. Меѓутоа, многумина пионереле со децении и Јехова продолжува да ги поддржува. За да се успее како пионер, потребни се вера и дух на самопожртвуваност (Мат. 17:20). Го имаме уверувањето од Псалм 33:10 дека ‚оние кои го бараат Господа, нема да бидат лишени од секакви добра‘. Секој кој започнува со пионерска служба треба да го прави тоа со потполна доверба дека Јехова ќе се грижи за него. Тој го прави токму тоа за верните пионери насекаде! (Псал. 36:25). Се разбира, во склад со начелата од 2. Солунјаните 3:8, 10 и 1. Тимотеј 5:8, пионерите не очекуваат другите да ги поддржуваат финансиски.

6 Секој кој размислува за пионерската служба треба да прави онака како што рекол Исус: ‚Најнапред да направи сметка колку ќе чини‘ (Лука 14:28). Ваквото постапување покажува практична мудрост. Разговарај со оние кои успешно пионереле во текот на повеќе години. Прашај како ги поддржувал Јехова. Твојот покраински надгледник е искусен пионер кој ќе биде среќен да ти даде предлози за тоа како да успееш во полновремената служба.

7 Можеби едно лице никогаш нема сосема да ја искуси вистинитоста на Исусовото ветување во Матеј 6:33 сѐ додека не се стави себеси во Јеховините раце. Една верна пионерка раскажала: „Кога мојата партнерка и јас пристигнавме на новата доделба како пионерки, имавме само неколку парчиња зеленчук и еден маргарин, а пари немавме. Ја изедовме вечерата и рековме: ‚Сега немаме ништо за утре‘. Се помоливме за тоа и си легнавме. Рано изутрината нѐ посети една жена локален Сведок и претставувајќи се, рече: ‚Се молев Јехова да испрати пионери. Сега можам да ве придружувам во поголемиот дел од денот, но бидејќи живеам на село, ќе морам да ручам со вас и затоа ја донесов оваа храна за сите нас‘. Тоа беше една голема количина говедско месо и зеленчук“. Не е чудо што Исус нѐ уверувал дека не треба ‚да се грижиме за нашите души‘! Потоа додал: „А кој од вас, грижејќи се, може на својот раст да му придаде макар еден лакот?“ (Мат. 6:27).

8 Светот околу нас станува сѐ поматеријалистички настроен. Врз нас е ставен сѐ поголем притисок да му се прилагодиме. Меѓутоа, понизното ценење на полновремената служба нѐ прави задоволни со помалку во материјален поглед (1. Тим. 6:8). Пионерите кои одржуваат едноставен и уреден живот имаат повеќе време за службата и добиваат поголема радост и духовна сила од тоа што ги поучуваат другите за вистината. Иако не се обидуваат да живеат аскетски живот, урамнотежениот пристап кон нивната економска ситуација им овозможил да се радуваат на благословите од пионерењето.

9 Доколку силно чувствуваш дека живееме во последните денови и дека времето на овој злобен свет му истекува, ќе бидеш духовно мотивиран да ги направиш потребните жртви за да ја проповедаш добрата вест во секоја прилика. Ако одново ја разгледаш својата економска ситуација и ја ставиш таа работа во Јеховините раце, можеби ќе сфатиш дека можеш да му служиш полновремено. Дури и ако се откажеш од некои материјални барања за да пионериш, ти ќе ги уживаш Јеховините богати благослови (Псал. 144:16).

ПРАШАЊЕ 3: „Како тинејџер, зошто да размислувам за пионерската служба како избор на кариера?“

10 Додека ги завршуваш твоите последни години од школувањето, сигурно мислиш на иднината. Сакаш таа да биде сигурна, среќна и исполнувачка. Школските советници можеби ќе се обидат да те насочат кон некоја профитна кариера за која се потребни години факултетско образование. Твојата добро школувана христијанска совест ти вели дека треба да се подготвиш да му служиш на Јехова колку што е можно поцелосно (Проп. 12:1). Исто така, можеби размислуваш и за евентуално стапување во брак и основање семејство. Што ќе сториш?

11 Одлуките што ќе ги донесеш во овој период од твојот живот може да ја обликуваат твојата целокупна иднина. Доколку веќе си предаден, крстен Сведок на Јехова, ти со сета душа си му се дал на Јехова (Евр. 10:7). При првата можност што ќе ја имаш, пробај да бидеш помошен пионер еден или повеќе месеци. Ова ќе ти овозможи да ги вкусиш радостите и одговорностите кои доаѓаат со општата пионерска служба, а твоето гледиште за тоа што треба да правиш со својот живот несомнено ќе биде појасно. Затоа, наместо да ја исполниш празнината после завршувањето на училиштето со полновремена световна работа, зошто не започнеш со општа пионерска служба? Некои кои чекале подоцна во животот за да се радуваат на пионерската служба, жалат што не започнале порано.

12 Како млада личност, искористи ги поволните прилики да тежнееш по самештво и радувај се на користите што ги овозможува тоа во полновремената проповедничка активност. Ако имаш желба еден ден да стапиш во брак, не може да се постави подобар темел за брак отколку најнапред да се служи во општото пионерско дело. Додека растеш во зрелоста и во духовноста, можеби ќе избереш пионерењето да го направиш своја кариера заедно со брачен партнер кој има слични размислувања. Некои двојки кои пионереле заедно, стигнале до покраинско дело или на мисионерското поле. Тоа е навистина еден задоволувачки животен пат!

13 Без оглед на тоа колку долго продолжуваш да пионериш, твоето образование ќе биде потполно и ќе стекнеш непроценлива обука која не може да ја даде ниедно друго вработување на Земјата. Пионерењето учи на дисциплина, лична организација, како да се постапува со луѓето, зависност од Јехова и како да се стекне стрпливост и љубезност — особини кои ќе те подготват да преземеш поголеми одговорности.

14 Никогаш порано животот на човештвото не бил понесигурен. Малку нешта се навистина трајни, освен она што го ветил Јехова. Бидејќи твојата иднина е широко отворена пред тебе, зарем може да има некое подобро време за да размислиш сериозно за тоа што ќе правиш со својот живот во годините што доаѓаат? Внимателно одмери ја предноста на пионерењето. Никогаш нема да зажалиш што си ја одбрал пионерската служба како своја кариера.

ПРАШАЊЕ 4: „Зарем не претставува постојан притисок да се исполни барањето на часови? Што ако заостанувам со времето?“

15 Кога пополнуваш молба за општ пионер, мора да одговориш на прашањето: „Дали си ги подредил своите лични околности за да можеш разумно да очекуваш да го постигнеш годишното барање од 1.000 часови?“ За да го постигнеш, треба да минуваш просечно по три часа дневно во службата. Очигледно, за ова е потребен добар распоред и самодисциплина. Повеќето пионери си прават практична, делотворна рутина за неколку месеци.

16 Меѓутоа, Проповедник 9:11 (NW) вистинито вели: ‚Времето и непредвидениот настан нѐ погодуваат сите‘. Некоја сериозна болест или други непредвидени околности можат да предизвикаат еден пионер да заостане. Ако проблемот не е долготраен и се случува рано во службената година, еден забрзан распоред може да биде сѐ што е потребно за да се надомести изгубеното време. Но, што ако се појави некој сериозен проблем кога преостануваат само уште неколку месеци од службената година и пионерот не може да постигне?

17 Ако си привремено болен неколку месеци или ако поради некоја друга итна причина која е вон твоја контрола не можеш да ги исполниш бараните часови, тогаш можеш да му пристапиш на некој член од Службениот одбор на собранието и да го објасниш проблемот. Ако овие старешини сметаат дека би било препорачливо да ти се допушти да продолжиш со пионерската служба без да се грижиш за надоместување на изгубеното време, тогаш тие можат да ја донесат таа одлука. Секретарот ќе направи забелешка на картичката за Извештај на собранискиот објавител за да покаже дека од тебе не се бара да го надоместиш изгубеното време. Ова не е дозвола за отсуство туку, напротив, посебна обѕирност за твоите околности. (Види го додатокот од Наша служба за Царството од септември 1986, 18. пасус.)

18 Искусните пионери си насобираат една резерва часови рано во службената година. Нивната пионерска служба има приоритет, така што понекогаш тие наоѓаат за неопходно да ги намалат активностите кои не се толку важни. Ако еден пионер заостане поради лош распоред или недостиг на самодисциплина во придржувањето кон него, тој треба да смета дека негова одговорност е да го надомести изгубеното време, а не да очекува посебна обѕирност.

19 Има периоди кога пионерот доживува некоја неизбежна промена во своите околности. Можеби увидува дека долг временски период не може да го исполни барањето во часови поради некој постојан здравствен проблем, дополнителна семејна одговорност итн. Во овој случај, мудар правец би било да се врати во редовите на објавители и секогаш кога е можно да учествува во помошната пионерска служба. Нема некоја редовна подготовка некому да му се допушти да остане на списокот за пионери доколку неговите околности повеќе не му допуштаат да го исполни барањето во часови.

20 Се надеваме дека подготовката да се покаже посебна обѕирност кон оние кои се квалификувани ќе охрабри повеќемина да се пријават за пионерска служба без да се грижат непотребно. Исто така, тоа треба да ги охрабри и оние кои веќе се во полновремената служба да продолжат да пионерат. Ние сакаме пионерите да бидат успешни во својата полновремена служба.

ПРАШАЊЕ 5: „Сакам да правам нешто и при тоа да бидам среќен. Дали пионерската служба ќе ми донесе задоволство?“

21 Вистинската среќа во голема мерка зависи од тоа да се има еден близок, личен однос со Јехова, како и убедување дека верно му служиме. Исус издржал маченички столб „поради Неговата идна радост“ (Евр. 12:2). Неговата среќа доаѓала од извршувањето на Божјата волја (Псал. 39:8). Во сегашниов систем на ствари можеме да се радуваме на вистинска среќа доколку повеќето од нашите животни активности се поврзани со нашето обожавање на Јехова. Духовните тежнеења ни даваат чувство на исполнетост бидејќи длабоко во себе знаеме дека го правиме она што е исправно. Среќата доаѓа од давањето, а ние знаеме дека не постои подобар начин да се даваме себеси отколку да ги поучуваме другите за тоа како да стекнат вечен живот во Божјиот нов свет (Дела 20:35).

22 Пионерот што беше цитиран во уводниот пасус го објаснил тоа на следниов начин: „Може ли да има поголема радост отколку да видиш некој, со кого проучуваш, да стане активен фалител на Јехова? Восхитувачки е и зајакнувачки за верата да видиш колку е моќна Божјата Реч во мотивирањето на луѓето да прават промени во својот живот за да му угодат на Јехова“. (Види Стражарска кула од 15 октомври 1997, страници 18—23.) Затоа, што те прави среќен? Ако ти ги цениш трајните, вредни настојувања наместо привременото уживање што ти го нуди светот, тогаш пионерењето ќе ти даде едно прекрасно чувство на исполнетост кое навистина ќе те направи среќен.

ПРАШАЊЕ 6: „Ако тоа не е барање за вечен живот, зарем не е моја работа дали ќе пионерам или не?“

23 Точно е дека одлуката да бидеш пионер мора да биде твоја. Само Јехова може да суди за твоите лични околности во животот (Рим. 14:4). Тој со право очекува да му служиш со цело срце, душа, ум и сили (Мар. 12:30; Гал. 6:4, 5). Тој го сака радосниот дарител, оној кој му служи радосно, а не безволно или под принуда (2. Кор. 9:7; Кол. 3:23). Причината зошто служиш полновремено мора да биде затоа што го љубиш Јехова и луѓето на подрачјето (Мат. 9:36—38; Мар. 12:30, 31). Ако го чувствуваш тоа, тогаш пионерската служба заслужува сериозно да размислиш за неа.

24 Се надеваме дека она што беше изнесено овде ќе ти помогне да ги одмериш твоите изгледи за пионерење. Можеш ли да ги преиначиш своите околности за да бидеш општ пионер? Подолу е испечатен еден календар со наслов „Мојот седмичен распоред за пионерска служба“. Види дали можеш да исполниш еден практичен распоред за себе кој ќе ти овозможи да постигнеш во службата просечно околу 23 часа секоја седмица. Потоа, положи ја твојата целосна вера и доверба на Јехова. Со негова помош, ти можеш да успееш! Тој ветил: „Зар нема . . . да излијам благослов на вас, па да имате и на претек?“ (Мал. 3:10).

25 Затоа прашуваме: „Пионерска служба — дали е за тебе?“ Ако можеш да речеш „да“, зацртај датум кога наскоро ќе почнеш со општата пионерска служба и биди сигурен дека Јехова ќе те благослови со радосен живот!

[Табела на страница 6]

(Види во публикацијата)

Мојот седмичен распоред за пионерска служба

ПОНЕДЕЛНИК Наутро служба на теренот

ВТОРНИК Наутро служба на теренот

СРЕДА Наутро служба на теренот

ЧЕТВРТОК Наутро служба на теренот

ПЕТОК Наутро служба на теренот

САБОТА Наутро служба на теренот

НЕДЕЛА Наутро служба на теренот

ПОНЕДЕЛНИК Попладне служба на теренот

ВТОРНИК Попладне служба на теренот

СРЕДА Попладне служба на теренот

ЧЕТВРТОК Попладне служба на теренот

ПЕТОК Попладне служба на теренот

САБОТА Попладне служба на теренот

НЕДЕЛА Попладне служба на теренот

ПОНЕДЕЛНИК Навечер служба на теренот

ВТОРНИК Навечер служба на теренот

СРЕДА Навечер служба на теренот

ЧЕТВРТОК Навечер служба на теренот

ПЕТОК Навечер служба на теренот

САБОТА Навечер служба на теренот

НЕДЕЛА Навечер служба на теренот

Користи молив за да го запишеш својот распоред за секој ден од седмицата.

Планирај вкупно околу 23 часа секоја седмица во службата на теренот.

Вкупно планирани часови во седмицата ․․․․․․․․․․․․․․․․․․․․

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели