Надгледници кои преземаат водство — водител на студијата на Стражарска кула
1 Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство е главната подготовка од „верниот и разборит роб“ за да ни дели духовна храна „во право време“ (Мат. 24:45, NW). Старешината кој ја води студијата на Стражарска кула има многу важна одговорност како способен учител кој дава добар пример за христијански живот (Рим. 12:7; Јак. 3:1).
2 За да поучува делотворно, водителот на Стражарска кула мора да вложи вистински напор за да се подготвува секоја седмица. Тој го прави тоа молитвено и внимателно. Неговиот жив интерес за собранието се гледа во искреното настојување да ги достигне нашите срца со материјалот што се проучува. Тој се сосредоточува на главните мисли од градивото и ни помага да видиме како тие се поврзани со темата на статијата.
3 Темелната подготовка од негова страна вклучува однапред да ги побара библиските стихови за да ја знае нивната примена. Ја истакнува на прво место Божјата Реч, охрабрувајќи го собранието добро да ја користи Библијата во текот на студијата. Ако некоја важна мисла не е опфатена во коментарите од собранието или кога е пропуштена примената на некој клучен библиски стих, тој поставува конкретно додатно прашање за да се добијат тие информации. На тој начин ни помага да дојдеме до точни заклучоци и да научиме како да го примениме во животот она што го учиме.
4 Водителот на студијата на Стражарска кула постојано се труди да ја подобри својата способност за поучување. Тој не претерува во коментирањето, туку нѐ охрабрува нас да коментираме — со сопствени зборови, кратко и конкретно. Повремено може да нѐ потсети дека првиот што ќе коментира за пасусот треба да даде краток, директен одговор на отпечатеното прашање. Дополнителните коментари од слушателите можат да свртат внимание на примената на библиските стихови, на поткрепувачките аргументи или на практичната примена на материјалот. Со тоа што поттикнува на лична и на семејна подготовка, водителот на студијата на Стражарска кула работи на тоа да поттикне желба во секого да има учество.
5 Како лица „поучени од Јехова“, ние ги цениме ‚даровите во облик на луѓе‘, како што се водителите на студијата на Стражарска кула, кои „напорно се трудат во . . . поучувањето“ (Иса. 54:13; Ефеш. 4:8, 11; 1. Тим. 5:17, сите NW).