Нова програма за Денот на специјален собир
Програмата за Денот на специјален собир што ќе започне во септември 1999 е со тема: „Истражување во длабоките работи Божји“ (1. Кор. 2:10). Кои вредни работи ќе ги научиме?
Во својата потрага по спознание, многу луѓе не се освежени од она што го наоѓаат. Библијата нѐ оживува, како што ќе покаже покраинскиот надгледник во својот дел со наслов „Истражувањето на Божјата реч донесува освежување“. Гостувачкиот говорник ќе го поврзе истражувањето на длабоките работи Божји со проповедањето на добрата вест додека се осврнува на прашањето „Како гледаш на проповедањето за Царството?“
Како можат родителите да им помогнат на своите деца да копаат длабоко во Божјата реч? Практични предлози ќе бидат дадени во делот „Врежи ја Божјата реч во своите деца“. Врз христијанските млади здраво влијание има дружењето со духовно зрели лица во собранието. Примери за тоа какво поволно влијание имало врз нив ќе бидат истакнати во делот „Млади кои учат од постарите“.
Јехова е Откривач на тајни. Зошто треба трудољубиво да бараме скриено духовно богатство во ова време? Гостувачкиот говорник ќе објасни што открил Јехова во древно и во наше време, во говорот „Јехова постепено открива длабоки работи“. Тоа ќе ја зајакне нашата решеност да продолжиме ‚да истражуваме во длабоките работи Божји‘.
Уште сега планирај да присуствуваш. Оние кои сакаат да го симболизираат своето предание на Јехова со крштавање, треба да го информираат претседавачкиот надгледник колку што е можно поскоро. Нашата искрена желба да копаме во Божјата реч ќе биде зајакната од она што го слушаме. Затоа, не го испуштај овој посебен ден на духовна поука!